Македонец фатен на “Александар Велики“ со залепени 105 000 евра за стомак (ФОТО)

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера спречија обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра.

 На 4 јануари 2017 година, на аеродромот Александар Велики, за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот,во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака, во паковките биле пронајдени 107 илјади евра. Согласно Законот за девизно работење (резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра) на лицето му се вратени 2 илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка.

 Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016 година поради непочитување на Законот за девизно работењеЦаринската управа привремено задржа девизи во противвредност од  604.394,00 евра и 199 илјади денари.

 По однос на девизни прекршоци (сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година) во Буџетот на РМ во 2016 година трансферирани се околу 127,6 милиони денари (девизи во противвредност  2.081.758,00 евра).

ОГРОМНА ТРАНСФОРМАЦИЈА- Оваа девојка ја скрати својата долга коса на нула!! МАСАКАР (ВИДЕО)

Промените се дел од нашиот живот и истите носат нешто подобро, или пак во краен случај полошо во истиот.

Оваа девојка има многу долга коса, но се одлучила за неверојатна промена.

Таа собра храброст да се потшиша со машинка на нула. КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА!

Новиот ривал на Путин за претседател на Русија е ЖЕНА? (ФОТО)

Позната телевизиска новинарка Ксенија Собчак, чиј татко бил близок соработник на Владимир Путин, има намера да се кандидира на претседателските избори во Русија.

Како што пренесуваат светските медиуми, 35–годишната новинарка планира да се кандидира на претседателските избори кои се одржуваат во март 2018 година.

Таа се опиша како кандидат кој одбива status quo, некој кој би внел борбеност во кампањата и би ги предизвикал уморните стари кандидати од другите партии, кои постојат веќе со години.

Таа на своите потенцијални гласачи им порача да ја изберат неа доколку сакаат нешто да направат, ако им е доста од сè, а немаат свој кандидат.

New York Times пренесува и дека таа е ќерка на поранешен градоначалник на Санкт Петербург, Анатолија Собчак, кој бил ментор на Путин со години и кој починал во 2000- та година.

Меѓутоа, New York Times наведува дека кандидатурата на Собчак ќе биде дополнителен удар за и онака слабата опозиција, со потсетување дека главниот руски опозоционер Алексеј Навални нема право да се кандидира бидејќи тоа му го забрани судот, поради постапка која се води против него.

Бремената Ана Ивановиќ го покажа стомачето ! (ФОТО)

Синоќа се одржа големото отворање на првиот бутик на Intimissimi vo Њујорк. Познатиот бренд за долна облека собра бројни славни личности на едно место, меѓу кои и Ирина Шајк, Ана Ивановиќ, Сара Џесика Паркер и Дакота Џонсон.

За свечениот настан, бремената тениска ѕвезда избра фустан во боја на бургундец. 29-годишната Србинка, која го очекува првото дете со Бастијан Швајнштајгер, со широка насмевка позираше пред фоторепортерите.

Најчитани

Твитови