Дневен хороскоп: Лавот негативни емоции, а Девицата прекрасни моменти

Овен

И покрај поразот кој ќе го претрпите во работата сепак ќе бидете во добро расположение. Ќе заклучите дека понекогаш и поразот е добредојден. Некои претставици ќе имаат бурни расправии со претпоставените кои на крај ќе завршат во нивна корист. Во љубовта ситуацијата е нестабилна можеби премногу барате. Преиспитајте ги вашите желби, но и можностите. Здравје: просечно.

Бик

Очекувате покана за на некој краток излет, а ако дојдете до нека немојте да се колебата да ја прифатите. Романтични или деловни патувања, па дури и ако се пократки во моментот добро ќе ви дојдат. Имате потреба за стекнување на нови знаења, а за тоа нема подобри работи од откривање на нови краеви и стекнување на нови пријателства. Здравје: солидно. 

Близнаци

На работен план мислите дека се можете, но внимавајте, бидејќи е можно да направите грешка. Ако успеете сите работи да ги завршите како што треба патот за напредување ви е отворен. Постојат шанси за патувања, но од службена природа и кратки релации. Што се однесува до финасиите тука не е се така лошо како што ви изгледа. Во љубовта ситуацијата е стабилна. Здравје: добро.

Рак

Ве очекува уште една неразрешена ситуација. Семејните односи и контакти со најблиските се доста сложени и напнати. Но покрај се вие ќе успеете да исцрпите сила и да се снајдете. Ќе имате поддршка од една личност од која ќе извлечете и материјална корист. Подарок, наследство или осигурување ќе ви помогнат во финансиските проблеми. Здравјето ви е чуствително избегнувајте стресни ситуации. 

Лав

Денов ќе ви мине во променливо расположение. Односите со околината ќе ви бидат нарушени: сметајте на семејни кавги, недоразбирања со партнерот, како и негативен наплив од нерасчистени ситуации од минатото. Доколку не сте во врска денов не е поволен за движење кон неизвесност. Зголемената несигурност ќе ја компензирате со посветрување на работата. Здравје: просечно.

Девица

Пед вас се прекрасни моменти, а уште поубава атмосфера. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате . Ќе јадете неконтролирано и ако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите. Уживањето ќе биде краткотрајно. Ќе добиете вести од странство од некоја ваша драга личност. Здравје:добро.

Вага

Внимавајте од погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзана со некоја хонорарна работа. Ќе се најдете во ситуација со која не ќе можете да владеете, но внимавајте со главата низ ѕид не можете.

Скорпија

Сите работи ќе се одвиваат под ваша контрола, па затоа нема потреба од грижа. Ако мислите дека некои работи не се во најдобар ред консултирајте се со вашите соработници. Ве очекува некое патување надвор од границите на државата. Во љубовта вашиот партнер можеби ќе се покори на некои ваши желби, но не очекувајте на сите. Здравје: јадете полесна храна.

Стрелец

Сте успеале да ја пребродите кризата и да испливате од проблемите, и тоа од оние кои директоно делуваат врз вашето расположение. Работите ги држите под контрола , успешни сте и задоволни. Сите услови ви се наклонети., па што чекате искористете ги максимално. Не дозволувајте брзината и брбливоста да ви ја расипат шансата и да делуваат негативно врз крајните резултати.

Јарец

Ќе имате прилика да тргнете по еден за вас нов пат, но една ваша фиксна идеа би можела да ве попречува. Ќе бидете во средиштето на вниманието. Финансиската состојба ви е повеќе од добра, па слободно направете листа на работите кои сакате да ги купите. Оние кои се од неодамна во врска на секој можен начин ќе се обидат подобро да го запознаат партнерот. Премногу анализи не ви се потребни.

Водолија

Ситуацијата во која денеска се наоѓата не е ни малку лесна, но далеку од тоа дека е безнадежна. Затоа опуштете се малку. На вашите сакани им е потребна вашата близина и внимание. Потрудете се да бидете потрпеливи. Обидете се повеќе да се разонодувате и да не мислите на проблемите. Разговорите со вашите пријатели многу ќе ви помогнат. Здраствената состојба ви е добра, движете се повеќе.

Риби

Денеска ќе имате поволни прилики за продолжување или можеби нов почеток на некои големи потфати кои добро ќе ви се исплатат. На работното место ќе ви биде потребна среќа, бидејќи не ќе можете целосно да се концентрирате на работата, поради вашата заљубеност. Имате голема прилика да воспоставите нова и среќна врска или да ја зацврстите старата. Здравје: добро.

Љубовта победува се: Пар со даунов синдром прослави 22 години од брак! (фото)

Мериен и Томи Пилинг се првиот пар со Даунов синдром кој што се венчал во Велика Британија.

Овој пар се венчал во 1995 година, а нивното венчавање му докажало на светот дека и оние кои имаат таков проблем, заслужуваат љубов и среќа.

Сестрата на Мериен одлучила да направи Фејзбук страница за овој пар, на која добила 8.000 следбеници. Оние кои се сомневале во успехот на нивниот брак, сега не можат да кажат апсолутно ништо.

Се забавувале 18 месеци, а за да ја побара за жена Мериен, Томи прво ја прашал нејзината мајка.

Они истакнуваат дека нивната љубов нема врска со Дауновиот синдром, туку исклучиво со љубовта. Мериен не размислувала два пати, бидејќи одма знаела дека Томи е љубовта на нејзиниот живот.

Нивната љубов им покажала и на други парови со овој проблем дека не постојат препреки кога некој сакаш искрено.

Бил срамежлив, а сега е најмоќен човек на светот: Путин кога станал претседател!

Германскиот фото-репортер Даниел Бискуп, кој неколку пат го фотографирал рускиот претседател Владимир Путин, за него вели дека со време се променил и станал многу поцврст отколку пред 16 години, кога го запознал за прв пат.

-За сите овие години рускиот претседател многу се променил, но некои црти останале исти. Тој зборува многу тивко, речиси да шепоти, а кога зборува германски се обидува да биде многу љубезен – рекол Бискуп.

Според неговите зборови, кој сега разговара со Путин, го гледа сосема поразлично од тоа пред 16 години.

“Тој е сега многу поцврст од порано, некој кој претставува силна Русија. Тоа не е глума, тој верува во тоа”, навел фотографот, пренесува Дие Велт.

Порано Путин делувал многу срамежливо, истакнал Бискуп, додека таа промена во карактерот на Путин ја објаснува преку однесувањето на Западот кон Русија.

-На почетокот на 90-тите многумина во Русија мислеле дека Западот ќе ги прифати со две раце. Меѓутоа, Западот на тој период гледал како на последната рунда од борбата помеѓу комунизмот и капитализмот. Напредокот кој Русите во тој период самостојно го постигнале, Западот го сфатил како свој пораз, а тоа Русите ги погодило. А тие само сакаа кон нив сите да се однесуваат чесно- заклучил Бискуп.

Баран од јахта замина на скијање! (фото и видео)

Сигурно не сте го заборавиле бунтовникот Баран од серијата „Црната роза“. Епа истиот тој деновиве ужива во последните денови од зимата. 

Постојано ги апдејтува фановите со фотографии од зимскиот одмор. Очигледно е дека ужива во бордањето. 

Погледнете дел од фотографиите што тој ги има објавено на Инстаграм.

 

I can fly.

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

 

Düşe kalka

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

 

Snow

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

А, кога зимата ќе помине очекуваме фотки од плажа и секако со поубавата половина.

Најчитани

Твитови