ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА: Магичната моќ на Бадник спаси од студ и осаменост студентка во Скопје!

Беше тоа Бадник пред 8 години...

Проклето студен и снежен ко денешниот. Ви текнува на оние празници пред испитна сесија што мора да ги поминете сами во учење. Ете таков Бадник.

Таа остана сама во студентскиот стан што го делеше со најдобрата цимерка на свет, а подоцна и другарка за навек. Личност што не сака осаменост тешко го поднесува отсуството од домот во такви денови. Паричка сама со себе не можеше да си дели, а и уставното право беше веќе научено за пеење.

19:00 време беше за бадникова вечера, а солзите веќе на праг. Прошетка до најблискиот маркет, малку воздух и тон тага.

Само што ја затвори вратата од надворешна страна сфати дека ги заборави клучевите внатре. Кој паметен ги измислил овие смарт врати што се отвараат само од внатрешна страна.

Сега пак беше сама ама не дома. Надвор, на улица, на ладно, на студ, на снег, на мраз, на -10. Си помислила Господе имаш ли милост... Веќе солзите не беа дилема. Дилема беше кој број од именикот да го сврти, на која врата да тропне, каде да ја помине ноќта. Во град каде што немаше роднини, во викенд-зграда каде што немаше комшии...

Последниот повик во телефонот од пред некој час беше од близок другар кој се јави да ја праша како е, дали и треба нешто.

Знаеше дека ја мачи носталгија за дома.

Беше тоа еден од оние искрени другари што знаат да изненадат со деливери палачинки, чоколади, домашна храна, новогодишни поклони... еден од оние што те викаат да му помогнеш во "чистење" без да сетиш дека всушност те поканил на ручек. Еден од ретките жители на тој град што знаеа како е да си студент далеку од дома, иако и самиот тоа не беше. И не, не беше тоа специјален третман што го уживаа двете девојчиња од "третиот цимер". Беше тој другар за во добро и зло со сите. 

Токму така. И сега тој беше "спасителот" што го прибра "девојчето со ќибритчињата" во својот дом... по којзнае кој пат. Иако таа знаеше дека во градот не е обичај да се слави Бадник, сепак и беше непријатно што е принуден гостин во туѓа куќа. Се уште не ја имаше довршено мислата кога се најде во неговиот дом, со неговото семејство, пријатели и бадникова вечера. Баш кога помисли дека овој пат таа го изненадила, тој изненади пак. Се беше испланирано и спремно одамна само за да другарката не биде сама за Бадник. Најмагичниот Бадник на свет. Онаков каков што мислевте го има само во приказните.

И не е ова уште една “love story“ што треба да ја споделиш за да те прати среќа 100 години. Се шегувам. Ова е приказна во која сите ликови, настани и датуми се реални и вистинити. Приказна која се раскажува на внуците во старост.

Од тогаш не поминува ниту еден Божиќ без да помисли на братот и цимерката. Среќа е што ве имам. Човек не мора да има роднини за да има семејство.

А "девојчето со ќибритчињата"? Да. Тоа штотуку ви ја раскажа оваа бадникова приказна.

Добрите луѓе се секаде околу нас. Ако не можеш да пронајдеш еден, биди еден! Верувај во чуда и прави чуда!

Среќен Божиќ најмили.

Љубов и добрина да ви ја греат душата.

Допис од читателка

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Стомачниот танц на оваа Израелка ќе ве остави без здив! (ВИДЕО)

Израелката Натали Хај е инструкторка по стомачен танц. Таа настапувала во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес, Холандија, Италија, Велика Британија, Бугарија, но и многу други земји ширум светот.

За квалитетот на нејзините изведби не треба да се трошат многу зборови, доволно е да се каже само дека има милионска публика.

Погледнете го нејзиниот настап, кој на Јутјуб го прегледале дури 22 милиони корисници.

Снежна бура во Европа и САД: Во Финска -42, хаос во Романија, Украина, Полска, Албанија, поплави во Германија (ВИДЕО)

Најмалку девет лица настрадаа во снежната бура која со силен ветер зафати големи делови од Европа, каде се блокирани патишта, откажани бројни летови, а многу домаќинства останаа без струја.

Во Полска во последните 24 часа загинаа 5 лица, од кои тројца се смрзнале, додека двајца починале од труење со јаглероден моноксид поради неисправни греалки, соопштија властите.

Температурите паднаа под 25 степени на југот на земјата, а силината на ветерот достигнува и до 90 километри на час. Повеќе од 2.000 домаќинства останаа без греење во областа Рибњик на југоистокот од Полска.
Во соседна Украина властите наведоа дека четири лица починале од студ во регионот Лвов, кај границата со Полска, пренесува АП.

Во Романија, повеќе од 90 лица се извлечени од автомобили на патиштата, а во тек е евакуација на уште 30 возила на главнот автопат. Поради снегот, откажани се над 40 железнички линии.
Романските власти спасиле уште 622 лица на кои им е неопходна дијализа, како и 126 трудници.

Скоро сите патишта на североистокот од Бугарија се затворени за сообраќај, додека во соседна Романија компанијата „Нуклеаелектрика“ на Дунав го изгаси својот прв реактор.

Бугарските власти соопштија дека поради проблеми со снегот, без струја останале 770 места кај нашиот источен сосед. Во Бугарија затворени се и делови од автопатот „Тракија“ на југоистокот од земјата, како и сите патишта во североисточниот појас, додека во Романија е затворен главниот автопат А-2, кој ги поврзува Констанца и Букурешт.
Поради лошите временски услови, затворен е и аеродромот во бугарскиот град Варна на Црното Море, а одложени се и десеттина летови од меѓународниот аеродром во Букурешт.

Во Романија од 13 чаот сообраќајот е запрен на 58 национални патишта и на автопатот Букурешт- Констанца поради обилните снежни врнежи, а ограничено е движењето за возила над 7,5 тони, пренесува „Аџерпрес“.
Снежната бура парализираше и многу локални и регионални патишта, главно на северот од Албанија, а метеоролозите најавија влошување на временските прилики во текот на ноќта. Снегот предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата на северот од Албанија, кај Скадар, пренесува АТА.

Поради снежни наноси и силен ветер затворени се и патишта во централна Италија, а откажани се и поаѓања на некои траекти. Снег падна дури и во Наполи.

Поради лошите временски услови во Турција и во Европа откажани се и 192 домашни и меѓународни летови на компанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул, планирани за утре, пренесува „Танјуг“.
Најстудената ноќ со речиси -42 степени беше измерена во финска Лапонија, на границата со Шведска.

Во северна Шведска исто така темепратурите се пониски и од -41 степен, што дури иако се навикнати на сурови зими им создава неприлики.


На северот на Германија зимска бура предизвика зимски поплави какви што немало во последната деценија. поплавени се повеќе места и градови покрај Балтичкото Море во близина со границата со Полска, а материјалната штета е огромна.
На северот на Германија зимска бура предизвика зимски поплави какви што немало во последната деценија. поплавени се повеќе места и градови покрај Балтичкото Море во близина со границата со Полска, а материјалната штета е огромна.
Од приморските градови самов о херцег Нови се измерени два степени.

Ниските температури и лошите временски услови блокираа и делови на САД. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за зимска бура во источна Алабама, Џорџија, Атланта, Каролина и Вирџинија.


Училиштата не работат во неколку американски сојузни држави, а во Алабама и Џорџија е прогласена вонредна состојба поради најавената снежна бура, која веќе однесе една жртва во Кентаки.

Популарно

Твитови