Костените извор на здравје

Костените извор на здравје

Слатки, вкусни и популарни, станува збор за костените кои се високовредни енергетски плодови. Искористете ја сезоната и снабдете се со витамини и минерали кои нема да ги најдете во другите јаткасти плодови.

Костените се познати по слаткиот вкус и благата текстура. Свежиот костен има 170 калории на 100 грама од делот кој се јаде, што значи многу помалку од разните јаткасти плодови како што се лешникот, бадемите, оревите… кои содржат околу три пати повеќе калории. Костенот како и претходно набројаните сродни плодови, не содржи холестерол. Во костените ќе најдете многу мала количина на масти, главно незаситени масни киселини и што е многу важно не содржи глутен. Заради тоа се иделна намирница за луѓето кои боледуваат од целијакија.

Освен тоа, тој е и единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костен дава 45 проценти од дневните потреби.

Уште една интересна карактеристика на костенот е тоа дека е богат со фолати, што е инаку типично за зелениот лисест зеленчук, а не за јаткастите плодови и семки. Околу 100 гр. костени нудат 62 мг. фолати, (или 15,5 проценти). Значи, освен со витамин Ц , тој има и витамини Б1, Б2 и фолна киселина. Фолната киселина е неопходна за формирање на црвени крвни зрнца и синтеза на ДНК. Конзумирање на храна богата со фолати спречува појава на аномалии кај фетусот.

Овој есенски плод е познат и како извонреден извор на влакна, што помага во намалување на нивото на холестерол.

Конзумирајте ги и ќе внесете магнезиум, бакар, манган, железо, калциум, фосфор, цинк и солидна количина на калиум (518 мг/100 гр). Калиумот е многу важен елемент бидејки го урамнотежува нивото на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни за метаболизмот на коските.

Роналдињо љубоморен на еден фудбалер (ВИДЕО)

Роналдињо е голем обожавател на Англиската Премиера лига во која претходната сезона видел еден гол каков одсекогаш сакал да постигни. Се случил на утакмицата Crystal Palace и Tottenham во која победа славеа Tottenham со резултат 1:3. Роналдино беше воодушевен од голот на Dele Alli.

"Морам вас да ви признаам дека сум љубоморен на Али поради тој гол, за кој е тешко да најдам вистински зборови. Тоа беше мајсториски како што одсекогаш сакав да постигнам", кажал Роналдињо

 

Научниците откриваат: Ова е совршениот облик на женски гради.

Се мисли  дека овој облик на гради најмногу го привлекува машкото внимание, а ова го откриваат токму научните истражувања.Како британските пластични хирурзи би имале колку што е можно подобар образец за употреба во реконструктивната хирургија којашто ја применуваат над пациенти заболени од карцином на дојката, коишто се подвргнале на мастектомија, било спроведено и истражување, сè со цел да се добие визија за совршениот облик на женските гради.

Во истражувањето, чиишто резултати се објавени и во научниот магазин "Пластична и реконструктивна хирургија", испитани биле повеќе од 1.300 мажи, жени и хирурзи, коишто морале да прегледаат повеќе фотографии, а на крајот и да ги одредат совршените пропорции на женските гради.

На крајот, сите три групи го избрале токму природниот облик, налик на оној на античката грчка скулптура на Милоска Венера или "Афродита од Милос" — античка статуа и едно од најпознатите дела од скулптурата од стара Грција, која е денес еден од најпознатите експонати во Лувр во Париз.

 

Значи, иако можеби помисливте дека ќе победат бујните вештачки деколтеа, овојпат сепак победуваат природните гради, со какви што секако не може да се пофалат голем број на актерки и старлети!

За секунда имаше одговор: Најбрзо решена задача во квиз! (видео)

На вториот натпревар полуфиналистите во српскиот квиз Сложувалка, Никола Стојменовиќ и Милица Марковиќ, се соочија со „претежок“ предизвик во играта Мој број. Бројот кој го избра Милица како задача, ги насмеа сите.

Погледнете зошто во 04:47

Најчитани

Твитови