Ефиасни и брзи: 5 решенија за испразнета батерија

Денешниот современ живот не би можеле да го замислиме без мобилен телефон, таблет и мали преносливи лаптопи. Но, кога ќе се испразни батеријата тие ја губат својата функционалност и стануваат само моден додаток. Особено со развојот на разни апликации, траењето на батеријата е сведено на нецел ден. Ве нервира нели? Постои начин да го избегнете овој проблем, прочитајте како.

Носете си полнач

Носењето полнач е најдоброто решение за да не ви се исклучи батеријата. Она што технологијата денес може да го понуди во овој поглед се и соларните полначи со помош на кои ќе може да го полните телефонот и без струја.

Моќен инвертер

За полнење на компјутер или таблет земете си моќен инвертер кој може да го користите во својот автомобил.

Лаптоп како полнач

Доколку имате лаптоп покрај вас, може да го искористите за полнење на телефонот или таблетот.

Исклучете ги непотребните апликации

Апликациите ја трошат батеријата многу брзо. Кога не ви се потребни исклучете ги. Само така ќе ја заштедите батеријата.

Користете апликации за заштедување на батеријата

Преземете една од бесплатните апликации за iOS (Apple) и Android чија функционалност е контрола на користењето на батеријата и нејзина подолготрајност. Не се доведувајте во незгодни ситуации поради испразнета батерија кога имате повеќе опции како да го спречите тоа.

Научно утврдено: Болестите што се превенираат со редовен секс

Научниците од Универзитетот во Бристол десет години го проучувале влијанието на сексот врз здравјето на луѓето. Резултатите? Ќе ви се допаднат.

Ризикот за смрт е дури за 50% помал за мажите кои барем еднаш во седум дена доживуваат барем два оргазми.

Редовниот секс (барем еднаш во седум дена) го намалува ризикот од мозочен удар, а спречува и развој на кардиоваскуларни болести.

Паровите кои имаат секс барем четири пати во седум дена имаат помлада и поздрава кожа, па изгледаат пет години помлади.

За време на сексот се активира хормонот на растот, кој ги уништува слободните радикали, а добро делува и на тонусот на нашите мускули.

Редовниот секс е најдобар лек против стрес.

Луѓето кои имаат секс барем еднаш во две недели, ретко страдаат несоница.

Сексот ги штити мажите од карцином, така што ејакулацијата го намалува создавањето на канцерогени клетки во простатата.

Неверојатни факти за соновите! Зошто и како сонуваме (видео)

Kога последен пат сонувавте и што беше тоа? Колку често вашите сонови, без разлика на тоа што биле, се реализирале во вашето секојдневие? Досега нема јасни објаснувања како и зошто сонуваме и на што е езултат сето тоа. Ова видео во продолжение ви е компилација на занимливи и чудни факти за сонувањето.

Популарно

Твитови