Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија во јужните делови ќе биде претежно облачно време со локални врнежи од снег, а во северните делови ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 19 до минус осум, а дневната од минус девет до минус три степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус шест степени.

Во четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под минус 15 степени, а дневните ќе бележат тенденција на благ пораст.

Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. 

Овие сонови никако не смеете да ги игнорирате!

Симболите во соновите можат да влијаат на нашиот живот. Настаните и луѓето што ги сонуваме во нашата психа, можат да помогнат да ги решиме нашите дилеми. Во текот на сонот ниту телото, ниту мозокот не се неактивни. Постојат неколку вообичаени и значајни сценарија кои често се јавуваат во соновите кај сите луѓе и кај сите култури. Нив не смеете да ги игнорирате.

Летање

Едни од најчестите сонови се оние во кои летаме. Значат моќ или проблеми со самоувереноста. Клучен момент во тие сонови е почетокот, односно полетувањето. Летањето претставува слобода која се наоѓа вон човечките можности, па кога полетуваме го препознаваме сопственото чувство и моќ или неговиот недостаток. Летањето може да ја открива и состојбата на душата – лесно и весело полетување значи позитивен настан, додека паѓање во текот на летот, означува морални недоумици.

Овие сонови можат и да упатуваат на вашата желба да се ослободите од секојдневните грижи и да впиете нова животна енергија.

Тонење

Исто така се чести сонови, и тоа најчесто проследени со тескобно чувство. Покажуваат оптовареност со многу грижи и страв од непознато. Но ваквите сонови не се исклучително негативни. Тие можат да упатуваат на вашата зголемена подготвеност да се нурнете во длабочината на своите размислувања и сеќавања, односно подобро да го запознаете она што одамна сте го закопале во потсвеста.

Храна

Секако, ако сте легнале гладни, сосема веројатно е дека ќе сонувате храна. Но и во други случаи, храната во соновите означува неисполнети желби. Ако не сте задоволни, често се обидуваме тоа да го компензираме преку сонот. Секој вид храна има поинакво значење. На пример оревот претставува ментални способности, мангото симболизира сексуална желба. Значи не е важно дека сте сонувале дека јадете, туку што јадете и како, на што таа храна ви асоцира.

СТРАВ ДО КОСКИ: Убиецот на гробот на Јелена остави чудна порака (фото)

Вистинска паника и страв владее во Црвенка, местото каде живееше и беше убиена Јелена Крсмановиќ Марјановиќ откако вчера била оставена палка, иста како онаа со која беше убиена пејачката.

Мештаните кои сончевиот ден го искористиле да се прошетаа со семејствата, останале шокирани од глетката кај спомен плочата на Јелена. Сето ова не би предизвикало толкава паника доколку убиецот сеуште не е на слобода, дури една година по злосторството.

Мештаните се убедени дека убиецот се вратил на местото на злосторството.

Репортерите на српскиот Курир ја фотографирале палката. Таа наликува на колец кој може да значи немир на починатите, или пак дека таа нема да биде единствена жртва.

ШОКАНТНО: Наставникот брутално ги тепа сите деца од класот!

На социјалните мрежи се појави страшно видео од насилство врз ученици во едена арапска земја.

Спорд снимката никаде не се наведува каде е направено ова мачење на децата, ниту пак причината за таквото нешто, но по реакцијата на децата, но и на другите присутни, може да се заклучи дека се работи за вообичаен начин на воспитување во ова училиште.

Нормален човек навистина би останал без текст кога би видел вакво нешто. шамараи, влечење за уво и коса, удари со прачка... се нормален сет на казни за овој учител. При тоа сите деца се криви, па се личи на редовна дневна порција тепање...

Најчитани

Твитови