Куршум во челото на Балашевиќ

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ повторно прими смртна закана на социјалните мрежи. Оваа информација со сите ја сподели неговата ќерка и нагласи дека никој не реагирал за ова.

Јелена на Твитер го изрази својот бес за целата ситуација и го сподели статусот на човекот кој тврди дека “потребен е куршум во челото на Балашевиќ”.

-Живееме во држава во која стана нормално да ти се закануваат со смрт и никој ништо да не превземе. Ова е за мојот татко. Тој им е крив – напиша Јелена Балашевиќ.

Неверојатна приказна: Тинејџер станал милионер откако се обложил со своите родители

Пред три години Ерик Финман се обложил со своите родители дека доколку стане милионер до својата 18-та година, нема да мора да оди на факултет. Тој го напуштил училиштето, бидејќи сметал дека тоа е губење на време, и учел од дома.

Минатата недела Ерик прогласил победа. „Добив облог од милион долари со моите родители. Им благодарам на сите“, објавил тој во вторникот. За кратко време неговата приказна го обиколи целиот свет.

Имено, се` започнало во 2011 година кога Ерик имал 12 години, а неговата баба му дала 1.000 долари, кои ги вложил во биткоини, на препорака од својот брат Скот. Ерик го мразел училиштето.

„Не бев за училиште. Играв игри и во тој момент мојот живот беше просечен. Без разлика колку и да се трудев, немав успех, добивав тројки и бев уплашен, бидејќи наставниците ги гледаа моите неуспеси во училиште како нешто лошо. Еден професор ми рече дека никогаш нема да бидам успешен во ништо и дека треба да го напуштам училиштето и да се вработам во Мекдоналдс.

Сепак, родителите го послушале и го отпишале од училиште, но ја продолжиле неговата едукација од дома, во Ајдахо.

Ерик го наплатил својот прв биткоин во 2013 година, кога неговата вредност била 1.200 долари и така го исплатил влогот. Со тие пари ја основал интернет компанијата „Ботангл“ која им овозможувала на фрустрираните ученици да најдат професори преку интернет. Пред тоа, отишол во Старбакс и им понудил на сите кафе, доколку ја сослушаат неговата идеја и му дадат критики, што го сториле 20 луѓе.

Понесен од првиот успех, почнал да се вклучува во старт-апи во Силиконската долина, а на 15 години се преселил во Сан Франциско.

Ерик Финман сега има 403 биткоини, кои моментално вредат 2.700 долари секој поединечно, што е вкупно 1.090.000 долари, како и некои помали влогови во други криптовалути. Како што изјавил за NBC, моментално работи на повеќе проекти, вклучувајќи и лансирање на ракети за НАСА. И понатаму не жали затоа што не отишол на Универзитет.

„Никому не би му го советувал Универзитетот, со оглед на тоа како е моментално поставен образовниот систем, кој не работи за никого. Би го препорачал интернетот кој е бесплатен и овозможува многу повеќе“, рекол Ерик.

извор:точка.мк

Маријам е мајка рекордер: Таа има 39 години и 44 деца

Селаните веруваат дека таа е најплодна жена во Уганда.

Во централна Уганда во селото Кабимбири живее Маријам Набатанзи, 39-годишна жена која можеби го држи и светскиот рекорд за "биолошка мајка на најмногу деца" - со оглед дека до сега има родено дури 44 деца, од кои 38 се живи.

Првите четири пати кога останала бремена, носела близнаци. Следните три бремености носела петорки, а потоа три пати била бремена со тројки. Потоа уште еднаш имала близнаци, а потоа раѓала само по едно дете додека не стигнала до 44.

Сите деца се на возраст помеѓу пет месеци и 23 години - и сите ги родила по природен пат. 

Прв пат останала времена веднаш откако стапила во склучен брак на 13-години за човек кој тогаш имал 43 години и како што самата изјавила, останувала бремена во растојание од една ипол година. 

Таа вели дека се омажила многу мала бидејќи нејзината мајка починала предвреме па била оставена со својот татко кој ја омажил за првиот на кој што наишол. 

Маријам сите свои деца ги зачнала со истиот човек, својот сопруг, кој после нејзината последна бременост исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, ја тепал и ѝ земал сѐ што поседувале додека не допринесувал никако за нивното големо семејство. 

Иако неколку пати се обидела да користи контрацептивни средства сѐ било залудно - и покрај нив останувала бремена поради реткото хормонално пореметување кое го има, наречено хиперовулација, поради што кога и да остане бремена (а шансите се преголеми) генерално останувала бремена со повеќе деца одеднаш. 

Маријам сега е сама со своите деца, сама ја подигнала куќата и ја опремила за живот, сама им обезбедува дом на своите деца, а како што вели, не сака да проси или да бара милостина туку напорно работи и учи различни занаети за да би можела на своите деца да им обезбеди образование, облека и храна. 

Има совршено тело: Ќе останете со подзината уста кога ќе ја видите Лидија Вукиќевиќ во бикини

Лидија Вукиќевиќ важи за една од најзгодните Србинки.Актерката објави фото0графија во бикини и ги воодушеви своите фанови на Инстаграм.

Најчитани

Твитови