НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Вака ќе изгледа светот за 30 години

Роботиката, вештачката интелегенција и самовозечки автомобили уште сега го менуваат светот, а во иднина се предвидува управување со мислите и појава на попаметни машини.

Предвидувањето на иднината е прилично голем предизвик, но кога се зборува за технолошкиот напредок и очекуваните иновации, експертите на DARPA агенцијата за напредни истражувања, можат најдобро да создадат слика како ќе изгледа светот за 30 години.

DARPA е агенција на Пентагон која е заслужна за голем број иновации во роботиката, развојот на интернетот, навигација, оружје, а токму роботиката и вештачката интелегенција со продолжување на развојот би требало да ја променат индустријата.

Безпилотни летала ќе го зголемат бројот на пазарот, додека самовозечките автомобили секојденвното возење до работа ќе го направат возможно.

Меѓутоа, ова се работи кои можеме уште сега да ги очекуваме. Научниците на DARPA предвидуваат дека во иднина ќе можеме работите околу себе да ги контролираме со мислите.

Тие предвидуваат дека ќе можеме да градиме куќи и згради кои се истовремено и многу цврсти и многу лесни.

Во иднина слетувањето на авионите би било многу полесно, бидеќи тие тоа самите ќе го прават.

Куршум во челото на Балашевиќ

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ повторно прими смртна закана на социјалните мрежи. Оваа информација со сите ја сподели неговата ќерка и нагласи дека никој не реагирал за ова.

Јелена на Твитер го изрази својот бес за целата ситуација и го сподели статусот на човекот кој тврди дека “потребен е куршум во челото на Балашевиќ”.

-Живееме во држава во која стана нормално да ти се закануваат со смрт и никој ништо да не превземе. Ова е за мојот татко. Тој им е крив – напиша Јелена Балашевиќ.

Ракометното шоу може да започне: Започнува СП во Франција, Македонија во групата Б!

Во Франција започнува СП во ракомет, а во првиот ден од натпреварувањето домаќинот денес ќе игра против Бразил од 20:45 во Нант.

Во групата А се наоѓаат Франција, Полска, Бразил, Јапонија, Русија и Норвешка.

Во групата Б се наоѓаат Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола.

Во групата Ц се наоѓаат Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија.

Во групата Д се наоѓаат Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.

Во 1/8-финалето ќе се пласираат 4-те најдобри тимови од секоја група, а треба да се спомене дека ќе играат тимовите кои ќе поминат од група А и Б, односно тимовите од Ц и Д во 1/8-финалето.

Натпреварите од 1/8-финалето и ¼-финалето ќе се играат во Монпеље, Албертвајл, Париз и Лил додека завршницата ќе се одржи во Париз.

Нашата репрезентација со ова ќе го има настапот на 5-то големо натпреварување во историјата.

Македонија најпрво ќе започне во четврток од 17:45 против селекцијата на Тунис. Потоа играме против Ангола во сабота од 20:45.

Во 3-то коло на 16-ти јануари од 17:45 ќе играме против Словенија, а потоа следи жесток натпревар против Шпанија на 18-ти од 20:45.

Во последното коло во четврток од 17:45 ќе се пресметаме со ослабениот Исланд.

Светското првенство е на програмата од 11 до 29 јануари.

 

Популарно

Твитови