Напладне почнува Вевчанскиот карневал со дефилето под маски

Со традиционалното карневалско дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2017“.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатите 12 месеци ќе продефилираат низ вевчанските улици и ќе ги претстават своите маски. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до последен момент, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Градоначалникот Цветомир Угриноски информира дека се е подготвено за уште едно карневлско издание, патот до Вевчани и улиците се исчистени од снегот, а исполнети се и сместувачките капацитети. Присутните во вечерните часови ќе ги забавуваат Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Анета Наковска, а Новата година ќе биде дочекана со пет минутен огномет.

Бројот на василичари, според него, од година на година се зголемува и годинава очекува над 1.000 маски, а сите вевчански куќи се подготвени да ги пречекаат и угостат со традиционални специјалитети и греани ракија и вино.

Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, утре Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, во попладневните часови. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар. 

Денеска средба меѓу Пендаровски и Џафери

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски ќе се сретне денеска со претседателот на парламентот Талат Џафери.

На средбата, како што се очекува, би требало да се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот или пак се само со потпис на претседателот на Собранието.

Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството, а за кои шефот на државата нема право на вето. За оваа недела тој најави дека ќе потпише други закони што беа донесени во трето читање откако екс претседателот Ѓорге Иванов ги врати кај пратениците.

Облечена во црно: Јелена Карлеуша се појави на судење со Цеца (фото)

Во Основиот суд во Нов Белград се продолжува судењето меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Откако претходниот пат Јелена избегна да се појави во судот, овој пат пристигна.

Цеца ја тужеше Јелена поради изјавите во еден лист дека Ражнатовиќ го нарачала убиството Зоран Давидовиќ Чанде, а Карлеуша денес во судот се појавила облечена во црно од глава до пети.

Јелена прва влегла на судењто и прва излегла. Пејачката била нерапсоложена и не сакала да дава изјави.

Од друга страна, Цеца била расположена, а нејзиниот адвокати истакна дека судењето е одложено.

„Бараше десквалификација на судијата. Подобро нека се изјасни браникот, ќе видиме што ќе одлучи претседателот на судот по барањето за десквалификација на судијата“ изјави адвокатот на Цеца.

За потсетување, Јелена исто така се тужи и со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш со кого наводно имала афера. На претходното судење со Огњен, пејачката не се појави бидејќи е во жалост поради смртта на нејзината мајка.

КАСАНДРА: Лумпувам со песните на Цеца и Карлеуша, го обожавам Ѓоковиќ!

Не пропуштам ни еден тениски меч од Ѓоковиќ. Јас сум негов најголем фан, просто го обожавам. Сакам да танцувам со песните на Цеца и Карлеуша иако не разбирам ниту еден збор, изјави за информер.рс, популарната глумица Кораима Торес, која ја играше улогата на Касандра.

Кораима Корес, звездата на теленовела “Касандра”, која ја обележија деведесеттите години ширум светот, во интервју за Информер изјави дека ги обожава србите.

Венецуелската глумица откри дека лудува по Новак Ѓоковиќ и лумпува на песните од Цеца и Карлеуша.

Дали сте слушнале за некои наши звезди?

Секако, слушнав за Цеца и Карлеуша, ми се свиѓаат двете. Сакам да играм на нивните песни. Жалосно е што ништо не разбирам, но тоа не ме спречува да уживам во нивната музика. Ми се свиѓа тој ритам.

Кога можеме повторно да те очекуваме во Србија, ти не посети 1997 година?

За мене таа посета беше неверојатна. Преубаво искуство кое го чувам посебно во моето срце. Ја запознав вашата култура и традиција. Сонувам дека пак ќе дојдам. Се надевам дека ќе бидам во можност.

По што е позната Касандра?

Таа серија обори многу рекорди во светот. Големата љубов помеѓу двајца млади ги разнежи срцата на многу. Касандра ми ја отвори вратата во целиот свет и ми го промени животот. Поради успехот на таа серија која се случи во Колумбија, јас се преселив овде каде живеам и работа,

Кораима Торес е венецуелска актерка. Родена е на 6 јуни 1973 година во Валенсија.

Нејзините први улоги ѝ биле во теленовелите “Гарденија” и “Алондра”.Првата главна улога ја добила во 1992 година во теленовелата “Касандра”, што е прикажувана во повеќе од 100 земји.

После тоа отиде во Колумбија, каде ја добила главната улога во теленовелата “Соништа и огледала”. Нејзин партнер во таа сапуница е колумбискиот актер Николас Монтеро. Се заљубиле и се зеле во 1996 године.

Најчитани

Твитови