Почна Вевчанскиот карневал со над 10 000 учесници

СОРОС во Македонија, Шарена револуција, федерализација и кантонизација на државата... се само дел од највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, низ вевчанските улици се продаваа и дипломи од Косово за 5.000 евра, а внимание привлекоа и фантомските тутунарки. Не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените цртани ликови, како и други со страшни и смешни содржини.

Карневалот за отворен го прогласи заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој нагласи дека манифестацијата секоја година на Василица ги обединува Вевчанци и бројните посетители од целиот свет.

- На овој ден, сите учесници и посетители со карневалски дух и со црвено вино се дел од единствената претстава која на сатиричен начин, но со добра волја не потсетува на настаните и личностите што ја одбележаа изминатата година. Вевчанскиот карневал е дел од нашата богата македонска изворна традиција која сите ние со голема грижа ја чуваме и ја пренесуваме на идните генерации. Горди сме на оваа манифестација на која василичарските огнови силно и го осветлуваат патот повеќе од илјада и четиристотини години, рече Недељковиќ.

Многубројните гости во Вевчани повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

По дефилето, двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе ги посетат вевчанските семејства со желби за среќа и бериќет. Во утринските часови традиционално, според обичаите ќе одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Присутните вечер ќе ги забавуваат Јордан Митев, Анета Наковска и Ефто Пупиноски, а Новата година според Јулијанскиот календар ќе биде дочекана со пет минутен огномет.

Според традицијата, Василичарите утре околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, со што се верува дека се ослободуваат од злото и  годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Една жена загина, 60 повредени во автобуска несреќа

Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.

– Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.

Денеска средба меѓу Пендаровски и Џафери

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски ќе се сретне денеска со претседателот на парламентот Талат Џафери.

На средбата, како што се очекува, би требало да се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот или пак се само со потпис на претседателот на Собранието.

Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството, а за кои шефот на државата нема право на вето. За оваа недела тој најави дека ќе потпише други закони што беа донесени во трето читање откако екс претседателот Ѓорге Иванов ги врати кај пратениците.

Облечена во црно: Јелена Карлеуша се појави на судење со Цеца (фото)

Во Основиот суд во Нов Белград се продолжува судењето меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Откако претходниот пат Јелена избегна да се појави во судот, овој пат пристигна.

Цеца ја тужеше Јелена поради изјавите во еден лист дека Ражнатовиќ го нарачала убиството Зоран Давидовиќ Чанде, а Карлеуша денес во судот се појавила облечена во црно од глава до пети.

Јелена прва влегла на судењто и прва излегла. Пејачката била нерапсоложена и не сакала да дава изјави.

Од друга страна, Цеца била расположена, а нејзиниот адвокати истакна дека судењето е одложено.

„Бараше десквалификација на судијата. Подобро нека се изјасни браникот, ќе видиме што ќе одлучи претседателот на судот по барањето за десквалификација на судијата“ изјави адвокатот на Цеца.

За потсетување, Јелена исто така се тужи и со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш со кого наводно имала афера. На претходното судење со Огњен, пејачката не се појави бидејќи е во жалост поради смртта на нејзината мајка.

Најчитани

Твитови