Изутринава најстудено во Маврово и Лазарополе

Најстудено изутринава беше во Маврово и Лазарополе каде се измерени минус шест степени, во Струмица, Крушево и Крива Паланка минус пет, во Ѓуриште и Поажаране минус четири, во Тополчани, Виница, претор, Демир Капија и Битола минус три, во Прилеп, Тетово, Штип, Куманово минус два степени, во Дебар и Скопје минус еден степен, во Охрид 0, во Гевгелија еден степен и во Дојран два степени.

Највисока снежна покривка има во Лазарополе 61 сантиметар. Во Маврово имаа 55 сантиметри снег, во Пожаране 31, Ѓуриште 23, во Тетово 20, во Крушево 16, во Крива Паланка 14, во Струмица 12, во Тополчани и Виница 10, во Битола 9, во Охрид, Прилеп и Скопје 4 сантиметри.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Дебар 10 литри на метар квадратен, во Крива Палнка осум, во Лазарополе седум…

Во текот на ноќта во земјава преовладуваше умерено до значително облачно време. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринава има делумно намалување на облачноста и преовладува ведро време со мала до умерена облачност, а во западните делови се уште има зголемена облачност, на некои повисоки места и планините има врнежи од снег со слаб интензитет. Дува слаб ветер од северен и североисточен правец и повеќе е изразен на повисоките места, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Во Скопје врмето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 4 степени.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен источен ветер.

Од утре нашето подрачје постојано ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја.

Од средината на работната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.

Една жена загина, 60 повредени во автобуска несреќа

Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.

– Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.

Денеска средба меѓу Пендаровски и Џафери

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски ќе се сретне денеска со претседателот на парламентот Талат Џафери.

На средбата, како што се очекува, би требало да се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот или пак се само со потпис на претседателот на Собранието.

Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството, а за кои шефот на државата нема право на вето. За оваа недела тој најави дека ќе потпише други закони што беа донесени во трето читање откако екс претседателот Ѓорге Иванов ги врати кај пратениците.

Облечена во црно: Јелена Карлеуша се појави на судење со Цеца (фото)

Во Основиот суд во Нов Белград се продолжува судењето меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Откако претходниот пат Јелена избегна да се појави во судот, овој пат пристигна.

Цеца ја тужеше Јелена поради изјавите во еден лист дека Ражнатовиќ го нарачала убиството Зоран Давидовиќ Чанде, а Карлеуша денес во судот се појавила облечена во црно од глава до пети.

Јелена прва влегла на судењто и прва излегла. Пејачката била нерапсоложена и не сакала да дава изјави.

Од друга страна, Цеца била расположена, а нејзиниот адвокати истакна дека судењето е одложено.

„Бараше десквалификација на судијата. Подобро нека се изјасни браникот, ќе видиме што ќе одлучи претседателот на судот по барањето за десквалификација на судијата“ изјави адвокатот на Цеца.

За потсетување, Јелена исто така се тужи и со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш со кого наводно имала афера. На претходното судење со Огњен, пејачката не се појави бидејќи е во жалост поради смртта на нејзината мајка.

Најчитани

Твитови