
Новото видно поле на телескоп ветеран открива постоењето на стотици галаксии, скриени зад Млечниот пат, пишува Space. Научниците го користеле австралиски радиотелескоп, прочуен поо помошта дадена при слетувања на Месечината, за да го набљудуваат небото зад правот и гасовите на Млечниот пат. Истражувачите откриле 883 скриени галаксии, од кои една третина од нив не се забележани никогаш порано.
Новиот изглед на регионот би можел да го објасни феномен наречен Големата привлечнос. Тоа е мистериозно место во универзумот, чија гравитација го привлекува Млечниот пат и илјадници други галаксии со "сила еднаква на милион милијарди сонца", посочуваат научниците. Аномалијата е откриена во 70-тите години на минатиот век.
"Млечниот пат е исклучително убав и, се разбира, го проучуваме во нашата сопствена галаксија и е многу интересно, но тој целосно го блокира погледот кон далечни галаксии зад себе", вели раководителот на истражувањето Листер Ставли-Смит, научен директор на Меѓународниот центар за радиоастрономија. Новите набљудувања направени со телескопот "Паркс" во Австралија, познат како "Чинијата", откриле три нови групи на галаксии и две нови галактички куп. Истражувачите поставиле нов 21-сантиметарски приемник, благодарение на кој небото било мапирано 13 пати побрзо од порано. Така тимот успеал да го види регион зад Млечниот пат, кој бил мистерија за астрономите со децении.
Научниците се надеваат дека идните набљудувања ќе им помогнат да ги објаснат феномени како Големата привлечност. "Не знаеме што го предизвикува гравитационото забрзување на Млечниот пат или од каде доаѓа", вели Смит. "Знаеме дека во овој регион има неколку големи групи од галаксии, наречени купишта и дека целиот Млечен пат се носи кон нив со над 2 милиони километри на час", додава истражувачот.
-