Со какао намалете го холестеролот

Какаото би требало да се пие топло. Помешајте шолја млеко, две лажички какао во прав, една лажица мед, една лажица екстракт од ванила и прстофат сол.

Вкусно и хранливо какаото освен што може да влијае на намалувањето на крвниот притисок и зајакнување на крвните садови, може и да го намали „лошиот“ холестетол (LDL), а го зголемува нивото на добриот (HDL).

За тоа се заслужни флавоноидите кои ги содржи какаото во изобилство, а кои истовремено се значајни и за намалување на факторите за ризик од дијабетес.

Какото би требало да се пие топло. Помешајте шолја млеко, две лажици како во прав, една лажица мед, една лажица екстракт од ванила и прстофат сол. Мешајте на тивок оган додека напитокот да стане пенлив. Доколку млекото не е во вашата листа на препорачани намирници, избегенте го и истиот рецепт направете го без млеко, само со вода, или користете замени за млекото, како што се млекото од ориз, бадем и сл.

Видео од вчерашната тепачка на граничниот премин „Богородица“ (видое)

Километарските колони возила на македонско-грчката граница кај преминот Богородица и високите температури ,особено вчера откако сите се згнаа на викенд  резултираа со нервозни возачи, пцовки и кавги. Двајца возачи дури и се степаа.

Заедно со ова видео на социјалните мрежи кружат и сведоштва дека демек не биле наши туку Срби биле во тепашката. Возилата биле  со српски регистарски таблички, од Белград и Панчево.

Причината за тепачката е вообичаена како и кавгите- едното возило влегло во колоната преку ред, а тие веќе дремат на топлото за да ја поминат границата.Очевидците тврдат дека   се степале претходно и жените на возачите, а потоа и тие.

Како и да е врие во секој поглед на границата на јужниот ни сосед.

Погледнете како изгледа најстарата жена во светот која има 120 години (видео)

Русинката Танзила Бисембејева има 120 години, а го држи рекордот за најстара личност на светот.

Според нејзината лична карта, таа е родена во 1896 година.

Танзила има тројца синови, 10 внуци, 24 правнуци и 2 праправнучиња.

„Мајка ми во својот живот видела многу. Преживеала од Распутин до Путин. Работела целиот свој живот, во полето или во градината“, им рекол на новинарите нејзиниот син Шинтас Бисембејев.

Во склад со казахстанската традиција, Бисембејева сега живее во семејството на најмладиот син, сама си ги врши своите работи, но не излегува надвор.

До своите 100 години ниеднаш не се обратила на лекар, но морала да посети лекар кога на 100-годишна возраст и се влошил видот.

„Таа е многу добра и секогаш гледа на животот позитивно. Во луѓето гледа само добро. Води здрав начин на живот, никогаш не седи во едно место, не пуши и се храни природно“, велат нејзините синови.

Руските медиуми наведуваат дека таа е единствената личност која живеела до 120 години, а за тоа да постојат документи.

Желка која има 200 години, еве како изгледала на 70 а како изгледа денес (фото)

Желка со име Џонатан од островот Света Јелена на јавноста стана позната откко е објавена фотографија во 1902 година кога имала околу 70 години и фотографија од 2014 година.

Како што наведуваат таа има 200 години и е најстариот рептил на земјата.

Таа на островот Света Јелена е донесена 1882 година а во 1930 година гувернерот Спенсер Дејвис и го дал тоа име. Точната бројка на години не се знае, но се шпекулира дека е родена околу 1832 година.

Денес најстарата желка живее во резиденцијата на гувернерот на островот Света Јелена и е државно сопствеништво.

Најчитани

Твитови