Влијанието на лошата харизма е исто толку силна како и влијанието на добрата харизма. Харизматичните лидери може да направат чуда за компанијата. Но, бидете внимателни, харизмата може да има и лоши страни. Еве неколку лоши карактеристики на лошото харизматично лидерство:

Огледало, огледало
Лидерот кој може да инспирира група, да ја пренесе визијата, и со самото влегување во просторијата да стане центар на внимание, навистина има среќа дека со мал напор може да спроведе одлични идеи. Но исто така, харизматичниот лидер може да падне во замка шармирајќи се себе си.
Решение: Лидерот мора да биде свесен дека харизмата може да му го „замати“ видикот, па затоа мора секогаш да учи и да анализира. И тоа, не само за сопствена сатисфакција, туку и за сопствената компанија и вработени.
Компанија „зависник“
Исто како што лидерот може да стане зависен од компанијата, така и компанијата може да стане зависна од него. Харизматичниот поединец привлекува внимание кон себе, но истовремено го одвлекува фокусот од компанијата. Последици? Вработените ќе зависат премногу од ликот и делото на лидерот, па ќе бидат оневозможени да носат и помалку важни одлуки.
Решение: Лидерот мора да се запраша колку неговите вработени се вклучени во донесувањето на одлуките. Дали тој носи важни одлуки, а за останатите има доверба во своите вработени?
Замаглен хоризонт
Харизматичните луѓе водат компании за кои имаат визија. Харизмата е таа која ги поттикнува да ја следат визијата. Колку што е поголема визијата, толку поголема треба да биде харизмата.
Решение: Многу е разумно да си го поставите следното прашање:
„Што ќе се случи со компанијата ако јас престанам да работам или немам повеќе добри идеи?“.
Освестете ја својата ранливост
Ако сте навистина харизматичен водач, мора да бидете свесни дека луѓето тоа веќе го забележале. Вашата харизма е продуктивна, само доколку ја држите под контрола.
Решение: Гледајте ја како да е една од вашите добри карактеристики. Иако вашето влијание е силно, дозволете вашата компанија да излезе од вашата сенка и посветете се на нејзините објективни потреби.