ЗНАЦИ ЗА ДИЈАБЕТЕС! Ако ги имате веднаш посетете лекар!

Дијабетесот е заболување, од кое страдаат многу луѓе низ целиот свет. Никој, сепак, не заболува од дијабетес за еден ден. Претходно телото дава многу знаци, еве 8 од нив. Многу луѓе се шокираат кога лекарот им дијагностицира дијабетес или предијабет. Обично се почнува со рутинска проверка или пак конкретни поплаки, како болки во грбот и замор, и завршува со лошата вест од лабораторијата дека шеќерот им е премногу висок. Вистината е дека за голем број болести, вклучувајќи и го за дијабетесот, телото дава предупредувачки сигнали. Видете 8 конкретни знаци за дијабетес тип 2, кои не треба да се игнорираат:

Жед

Усните се суви, а човек има потреба од многу вода. Дехидратацијата всушност доаѓа од мозокот, иако се чувствува во устата. Мозочните клетки имаат потреба од постојана испорака на гликоза, но ако тоа е премногу, на телото ќе му треба повеќе вода, за да ја разреди. Мозокот ја добива оваа вода од други клетки, што пак го прави телото дехидрирано. Затоа човек има потреба од многу течности, кога организмот се обидува да го надмине недостатокот на вода. Не се лажете дека сите течности можат да ве хидрат. Најдобро пијте претежно чиста, филтрирана вода.

Честите посети на тоалетот

Логично е дека ако човек пие многу вода, потоа тој да уринира почесто. Посетите на тоалетот, кои се повеќе од нормалното, можат да бидат знак за високо нивоа на шеќер во крвта и опасност од дијабетес. Кога се преоптоварени бубрезите поради шеќерот (една од функциите им е да го избришат вишокот гликоза), тие влечат дополнително вода од крвта, за да можат да ја разредуваат. Овој процес го исполнува мочниот меур и предизвикува чести посети на тоалетот. Потоа човек е повторно е жеден и треба да пие повеќе вода, во обид да се хидрира повторно. И циклусот се повторува.

Слабост и замор

Многу луѓе не се сомневаат дека нивната хронична исцрпеност е поврзана со проблеми со шеќерот во крвта и дека тие се потенцијални жртви на дијабетесот. Кога нема да успее гликозата од храната да навлезе во клетките, телото на човек почнува да чувствува недостиг на енергија и тој станува хронично уморен. Уште еден знак укажува на дијабетес, а тоа е иритирачкото чувство на глад не долго после јадење.

Вкочанетост и трпнење на рацете и / или нозете

Може да трае со месеци или години пред овој симптом на дијабетес да се појави. Вкочанетоста на екстремитетите се дефинираат како проблем на нервите или невропатија. Невропатија се јавува бидејќи крвта е преоптоварена со гликоза, која е како киселина за нервите. Се оштетуваат деликатните нервни завршетоци кои се протегаат на рацете, нозете и стапалата. Затоа се појавуваат непријатни чувства како болка, вкочанетост, пецкање, чешање и други.

Заматен вид

Дехидратацијата на организмот, поради високата концентрација на глукоза, може негативно да влијае врз видот и способноста за фокусирање. Малкуте капилари кои водат до очите, исто така, може да бидат оштетени од слободните радикали. Слободните радикали се штетни молекули кои луѓето со дијабетес ги произведуваат во загрижувачки количини.

Кожни проблеми

Некои луѓе со дијабетес тип 2 имаат темни дамки во наборите на нивните тела – обично на пазувите, вратот, прстите, препоните.

Инфекции

Вагиналните инфекции можат да бидат сериозен проблем за жените со дијабетес. Третманот со антибиотици понекогаш може да биде тежок поради вкупната антибиотска отпорност која ја слабее способноста на човекот да го заштити телото од бактерии. Предметната антибиотска отпорност е последица од многу години неселективно пропишување на антибиотици.

Губење на тежината

Овој вид слабеење е поврзано со загубата на мускулна маса. Без постојан извор на гликоза во клетките мускулното ткиво се намалува. Ова е особено забележливо кај луѓето со дијабетес тип 1. Кај луѓето со дијабетес тип 2 овој симптом поврзан со губење на тежината, може да остане незабележлив со години, бидејќи повеќето од нив се со прекумерна тежина.

ЕХФ ЕУРО: Ова е еден од најдобрите натпревари на првенството

Каква игра! Со конечен резултат од 25:25 може да се каже дека ова е еден од најдобрите напревари на шампионатот, стои во последната објава на официјалната страна на Фејсбук на ЕХФ ЕУРО. 

 

Драматично до самиот крај: Македонија остана непоразена

Драматично до самиот крај. Македонските ракометари ни приредија натпревар за паметења против европскиот шампион Германија. 

Со резултат од 25-25 Македонија останува единствената непоразена селекција во групата „Ц“ со што останува и на првото место во групата.

Браво момци!

Најчитани

Твитови