НАСА открива седум планети со голeмина на Земјата во систем оддалечен од нас 40 светлински години

Телескопот Спицер (Spitzer) на НАСА го откри првиот систем од седум планети со големина на Земјата кои орибитираат околу една ѕвезда. Три од овие планети се сместени во зоната погодна за живот – зона околу ѕвездата каде што е најголема веројатноста да постои вода во течна состојба на одредена планета.

Ова откритие постави нов рекорд за најголем број на планети кои се наоѓаат во зоната погодна за живот пронајдени околу единствена ѕвезда, надвор од нашиот Сончев Систем. Сите седум планети би можеле да имаат вода во течна состојба, што е клучно за животот каков што ни е познат, но под вистински атмосферски услови. Сепак, најголема веројатност за ова постои кај три планети кои се наоѓаат во зона погодна за живот.

„Откритието може да претставува значајна информација за пронаоѓање на средина која би можела да поддржува постоење на живот,“ изјави Томас Зурбукен, од агенцијата Science Mission Directorate во Вашингтон. „Да дадеме одговор на прашањето дали сме сами е од примарна научна важност и пронаоѓањето на толку многу планети како овие, за првпат во зоната погодна за живот, е значаен чекор кон доближување до одговорот“.

Видео 1: Седумте планети со големина на Земјата биле набљудувани од Вселенскиот телескоп Спицер на НАСА кои орбитираат околу мала, блиска и супер-ладна џуџеста ѕвезда наречена TRAPPIST-1. Три од овие планети се наоѓаат во зоната погодна за живот.

На околу 40 светлински години од Земјата, овој систем од планети е релативно блиску до нас и се наоѓа во соѕвездието Водолија. Бидејќи се наоѓаат надвор од нашиот Сончев Систем, овие планети научно се наречени егзопланети или екстрасоларни планети.

Овој егзопланетарен систем е наречен TRAPPIST-1, именуван според The Transiting Planets and Planetesimals Small Telescope (TRAPPIST) во Чиле. Во мај 2016 година, научниците користејќи го овој телескоп изјавија дека откриле три планети во системот. Помогнати со неколку телескопи од Земјата, вклучувајќи го телескопот VLT на ESA (European Southern Observatory’s Very Large Telescope), Спицер го потврди постоењето на две од овие планети и откритието на пет дополнителни, зголемувајќи го вкупниот број на  седум планети во системот.

Новите резултати беа објавени во средата во магазинот Nature и соопштени во NASA Headquarters во Вашингтон.

Користејќи ги податоците од Спицер, тимот прецизно ги измери големините на седумте планети и ги разви првите проценки за масите на шест од нив, што овозможува да се даде проценка и за нивната густина.

Врз основа на проценетата густина, сите TRAPPIST-1 планети веројато се карпести. Натамошни набљудувања ќе овозможат да дознаеме дали се богати со вода, особено со течна вода на површината. Масата на седмата, најдалечна планета сè уште не е проценета. Научниците веруваат дека би можела да биде покриена со мраз, но за да се потврди ова потребни се нови истражувања.

„Седумте чуда од TRAPPIST-1 се првите планети со големина на Земјата кои се пронајдени да орбитираат околу ваква ѕвезда“ изјави Мајкл Гилон, автор на студијата и истражувач на TRAPPIST егзопланетите од Универзитетот Лиеж, Белгија. „Ова е најдобриот таргет досега за истражување на атмосферите на потенцијално населиви светови со големина колку онаа на Земјата.“

Спротивно од нашето Сонце, ѕвездата на TRAPPIST-1, класифицирана како ултра-ладно џуџе, е толку ладна што течна вода би можела да се најде на планетите коишто орбитираат многу блиску до неа. Сите седум орбити на TRAPPIST-1 се поблиску до нивната матична ѕвезда отколку орбитата на Меркур до Сонцето. И планетите исто така се наоѓаат мнгоу блиску една до друга. Ако стоите на површината на една од планетите и погледнете кон небото, би ги виделе геолошките карактеристики или облаците од соседните планети, кои некогаш би се појавиле поголеми отколку што сега ја гледаме Месечината од Земјата.

Планетите би можеле да бидат и плимски врзани за нивната ѕвезда, што значи дека истата страна од планетата секогаш е свртена кон ѕвездата, па затоа на едната стана секогаш е ден, а на другата ноќ. Ова значи дека тие би имале временски сезони целосно различни од оние на Земјата, како силни ветрови кои дуваат од дневната страна кон онаа на која владее ноќ и екстремни промени во температурата.

Спицер, телескоп во инфрацрвениот спектар кој ја следи Земјата како орбитира околу Сонцето, беше најпогоден за проучување на TRAPPIST-1, бидејќи ѕвездата најсилно сјае во инфрацрвена светлина, со бранови должини подолги од оние кои окото може да ги забележи. Есента, 2016-та година Спицер го набљудуваше TRAPPIST-1 приближно 500 часови непрекинато. Спицер е позициониран во неговата орбита за да набљудува доволно преминувања (транзити) на планетите пред ѕвездата, со цел да ја открие комплексната структура на системот. Инженерите го оптимизирале Спицер да ги набљудува планетите во транзит во текот на неговата „жешка мисија“ која започна откако течноста за ладење на телескопот се истрошила после пет години работа, како што било и предвидено.

Следејќи го откритието на Спицер, Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА иницираше скенирање на четири планети, вклучувајќи ги трите кои се наоѓаат во зоната погодна за живот. Овие набљудувања целат кон проценка за присуството на силни атмосфери околу планетите, со доминација на водород, типични за гасовитите светови како Нептун.

Видео 2: Оваа панорама од 360 степени ја опишува површината на новооткриената планета, TRAPPIST 1d, која е дел од системот со седум планети, оддалечен од нас 40 светлински години. Истражете го овој уметнички приказ на вонземскиот свет со помош на глувчето или вашиот мобилен телефон.

Во мај, 2016 година тимот на Хабл ги набљудуваше двете најблиски планети до ѕвездата и не откри докази за вакви атмосфери. Ова го зацврсти ставот дека најблиските планети до ѕвездите се карпести по природа.

„Системот TRAPPIST-1 дава одлична можност за наредната декада да се проучуваат атмосферите на овие планети“ изјави Никол Левис, ко-лидер на истражувањето Хабл и астроном во Space Telescope Science Институтот во Балтимор. Телескопот КЕПЛЕР на НАСА исто така го проучува TRAPPIST-1 системот, правејќи мерења во малите промени во светлината од ѕвездата во моментот кога пред нејзе транзитираат планетите. Работејќи како К2 мисија, набљудувањата од овој телескоп ќе им овозможат на астрономите да добијат подобар увид во планетите и да истражуваат за евентуално нови планети во системот. К2 набљудувањата ќе завршат во почетокот на март и ќе бидат достапни во јавната архива.

Спицер, Хабл и Кеплер ќе им помогнат на астрономите за истражувањата кои ќе следат преку Вселенскиот телескоп на НАСА, Џејмс Веб, кој ќе се лансира во 2018 година. Со многу поголема осетливост, Џејмс Веб ќе биде способен да детектира хемиски отпчатоци на вода, метан, кислород, озон и други компоненти од атмосферата на планетите. Веб исто така ќе врши анализа на температурата на планетите и притисокот на површината, што се од клучни фактори во проценка на нивната подобност за поддржување на живот.

Превод: Александра Бошкова

Извор: NASA

Како близначка на Драгана Мирковиќ: Протече фотографија од Леа Киш пред 27 години

Оние кои ја следат Леа Киш не можат да ја замислат без русокоса рамна коса и силна шминка. Меѓутоа, протече фотографија од 1900 година на која водителката изгледа потполно различно.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за Драгана Мирковиќ. Голема насмевка и цртите на лицето потсетуваат на пејачката на своите почетоци.

Грозно изненадување: Пресекол дрво, а потоа видел нешто од што се заледува крвта!

Кога пред неколку дена Рајан Сандерс сечел дрва во шума, не го очекувал ова.

Имено, кога пресекол едно стебло, во средината забележал крв. Ја вклучил камерата и се приближил.

Во дрвото имало преполовена змија. Како змијата завршила во средината на стеблото никој не знае...

По ова, никогаш нема да ги фрлите семките од лубеницата - Немате поим колку се корисни!

Голем број луѓе ги фрлаат семките од лубеницата кога го јадат ова овошје, но не би требало да е така. Семето од лубеницата е здраво, иако ќе се согласите дека не е толку вкусно како лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да го изедете заедно со овошјето бидејќи е богато со протеини, витамин Б, магнезиум… Овие состојки го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од воспаление и ризикот од срцеви заболувања.

Семките од разни овошја се генерално добри за здравјето, но семето на лубеницата поради сите хранливи состојки на некој начин е ѕвезда меѓу семките, велат експертите.

Исто така, нутриционистите советуваат дека најдобро е да се јаде семето од лубеницата кога ќе никне, бидејќи тогаш е вистинско протеинско богатство. Ако изедете количина семки кои стојат во сад од 0,2 дл, ќе внесете 10 грама протеини.

За да ја искористите лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на пробавниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис.

Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта.

Рецепт за чај

Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количинасе распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Најчитани

Твитови