Дали знаете кој е овој автомобил? (ФОТО)

Постојат луѓе на кои луксузните и супер-спортските автомобили не им се доволно интересни, па бараат нешто уникатно направено по своја желба и замисла

Ferrari ова со години го прави за своите VIP клиенти, менувајќи ја каросеријата по желба на нарачателот, додека под хаубата се крие помалку или повеќе сериско возило.

Но, овој пат будните објективи на автоентузијастите уловија нешто сосема поинакво.

На улиците на Калифорнија се движи супер луксузно, но чудно уникатно возило наречено Royale, базирано врз Mercedes-Benz S класата (W222 серија).

Возилото е темелно преработено, дури и оригиналните ознаки на произведувачот се отстранети и сменети со нови. Она што ние го препознаваме е дека светлосните единици се позајмени од моделот SLS.

Возилото е за прв пат приметено минатата година пред седиштето на компанијата Galpin Auto Sports.

Потоа и се појави на нивната Фејсбук страница, за да исто така брзо и мистериозно исчезне од истата.

Шерифовиќ и го фотографирала газето на Карлеуша (ВИДЕО)

Снимњето на „Ѕвездите на Гранд“  трае по 12 часа, па челновите на жириото постојано наоѓаат начин како да се забавуваат. Пејачката Марија Шерифовиќ  е снимана како и го фотографира газето на Јелена Карлеуша.

Гледајте го видеото:

Тијана воодушеви како Џеси Џеј во ТЛЗП (ФОТО)

Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ, во епизодата што се прикажуваше вчеравечер го имитираше настапот на Џеси Џеј. Тијана повторно беше одлична, ги пееше Bang Bang и Burning Up, а добриот настап резултираше со високи оценки од жирито, но и пофалби на социјалните мрежи.

„Ќе видите вечер како помина снимањето. Јас си поминав одлично. Ќе се гордеете со мене“, ни рече Тијана неколку часа пре епизодата да се прикаже на телевизија.

Таа следната недела ќе има малку поинаков лик за имитација, фолк пејачката Дара Бубамара.

Борко Ристовски стана татко! (ФОТО)

Чуварот на македонската репрезентативна ракометна мрежа за прв пат ќе се најде во улогата на татко, откако на социјалните мрежи се редеа честитки за неговата нова родителска улога заедно со неговата сакана Нина.

Прекрасната Николина, Борко знаеше како да ја сочува далеку од очите на јавноста, иако атрактивната и шармантна девојка можеше понекогаш да се забележи како го бодри од трибините на неговите натпревари.

На нејзиниот профил, која неодамна го прослави својот 25 роденде, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Најчитани

Твитови