20 златни животни совети од еден од најпознатите психолози на светот

Секој кој во животот малку по озбилно се занимавал со психологија, морал барем еднас да слушне за Михаил Литвак. Рускиот доктор и психотерапевт е еден од најпознатите и најценететите психолози на светот, а познат е по тоа што пронашол посебни методи за решавање на конфликти и истата се вика „Психолошки аикидо“.

Ќе поделиме со вас 20 совети од др. Литвак кои ќе ви помогнат во решавањето на многу животни ситуации:

1. Ако човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, почнува да зборува лошо за другите.

2. Гризни ја науката, а не грлото на твојот близок, ако навистина сакаш нешто да гризеш.

3. Депресивната ситуација му е дадена на човекот за да размисли за себе.

4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал, смета дека отфрлен.

5. Ако мислите добро за себе, зошто е потреба уште некој да мисли добро за вас?

6. Прави што сакаш и прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.

7. Способноста да се сака и одличното поднесување на самотијата е показател на духовната зрелост. Најдобрите работи ги правиме кога сме осамени.

8. Незлета личност често знае, ама не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Затоа незрелата личност критикува, а зрелата работи.

9. Јас не го знам патот до успехот, ама го знам патот до неуспехот - тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност да се мисли мудро.

11. Сакаш да дознаеш кој е твојот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

12. Постигни успех - ќе поминат навредите.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.

14. Постои само една валидна причина за прекинување на врска и прескинување на работен однос - неможноста на личен развој во одредени околности.

15. Треба да се дели само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателот ќе се израдува, а непријателот ќе се вознемири.

16. Не ја бркај среќата и ќе најдеш место каде што она престојува. И среќата ќе те најде сама. Можам да ти кажам место каде што престојува твојата среќа - во самиот тебе. А патот до неа е максимален развој на сите твои способности.

17. Среќата е „нуспроизвод“ на правилно организирано работење.

18. Ако на некој сакаш нешто да докажеш, значи дека живееш за оној на кој што сакаш да му докажешѓ. Ако живееш за себе, тогаш нема потреба на никој ништо да му докажуваш.

19. Фантазија - тоа е глас на нашите способности. Така да јас не мечтаам за да пеам опера. Немам ни глас, ни слух. А ако мечтаам, во склоп со тоа, фантазијата би ги загревала моите способности. Заради тоа би се трудел да успеам во операта. Само треба да размислувам како тој сон да се оствари. Овде е важно да не се брза, тогаш соновите се остваруваат релативно брзо. Добро е кога човекот може да го каже за себе следново: „Јас се занимавам со остварување на моите соништа“.

20. Подобро е да комицираш со добра книга, отколку со празен човек.

Матурантките се „тепаат“ која да е посекси и поразголена, апсолвентките не се замараат!

Животот е полн со предизвици на секое поле, но секој предизвик носи и свои успеси или пак неуспеси. Заклучно, секој период од животот е карактеристичен сам за себе.

Наголемо периодов се прославуваат апсолвентските и матурските вечери, кој за каде е , но дали и така секој се чувствува. Се поголем е трендот да се следат познатите личности особено кога се работи за фризура, шминка и тоалета на матурска или апсолвентска вечер.

Апсолвентките како и да не посветуваат многу внимание на тој чин. Некои знаат да речат дека тоа е само формално, дипломирањето е многу повеќе. За разлика од нив матурантките борба водат меѓу себе која да биде посекси, поразголена и подоминантна од останатите. Годиниве, некои матурантки бараат фустан и надвор од Македонија, не за да се бидат единствени, туку со денови и недели да раскажуваат дека од Солун биле по тоалета, колку пати го купиле.

Со месеци однапред резервираат термини каде да одат на фризер и козметичар, а не размислувајќи дека не постигнале никаков знаечен животен резултат. Но покрај матурантките, нивните родители се уште по загреани. Од каде да се купи подарок за партнерот, колкав простор да се изнајми за матурската прослава и уште што ли не.

Сума сумарум, и матурантки и апсолвентки како припаднички на понежниот пол се расфрлаат по облека, шминка и фризура, не работеле тие за парите нели?

Сепак, матурантите и апсолвентите се поскромни, чевли, панталони, кошула и сако и тоа е тоа. До душа не можеш да направиш разлика меѓу машките кој е апсолвент, а кој матурант, но важо тие убаво си поминале.

Заклучокот едноставен, матурантките се „тепаат“ која да е посекси и поразголена, апсолвентките не се замараат!

Превземање на содржините од порталот Exclusive.mk во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Мелита во чекор со технологијата: На Инстаграм се пофали со новиот телефон (фото)

Мелита Ракичевиќ како и секогаш, па така и сега, во чекор со модата и технологијата. Таа го има најновиот Самсунг. Дали сама си го купи или сепак е подарок, наскоро дознаваме.

Си ја предвиде смртта: Пораката која ја остави ќе ве остави без здив! (фото)

БиХ синоќа ја потресе веста за сообраќајната несреќа кај Градачац во која загинаа Ајша Курбашиќ и нејзината ќерка Ирмела.

Ајша како да ја претчувствувала несреќата што ја засилува тагата поради нејзината трагична смрт. Имено, таа на Фејсбук остави порака само неколку дена пред фаталниот судар. Се прости, иако тогаш сосема сигурно не знаела каква судбина ја чека.

„Еднаш кога ќе умрам...Немојте да се натпреварувате кој повеќе ќе ме сака....И немојте да ги говорите оние тажни зборови...Дека би сакала да сум тука, барем уште еднаш да ме видите...Човек се сака додека е жив. Кога ќе умре, не му треба љубов, ниту било кој збор, напиша таа.

Да потсетиме, несреќата се случи на релација Орманциа - Градачац во местото Вучковци. Во возилото се наоѓале шест лица, а тргнале на прослава на матурата на Ирмела.

Најчитани

Твитови