Exclusive.mk интервју со Дефне (Elçin Sangu): Во секоја смисла сум вљубена во Омер!

Многу пати се вели дека тоа што се случува на професионално поле не мора да е огледало на приватноста, но кога станува збор за турската актерка што ја игра Дефне во „Вљубениот ерген“ тоа не е така. Многу го  сака и почитува својот колега, главниот лик Омер. Животот и е динамичен и сака многу авантури, баш како во серијата. За ова и многу повеќе од интервјуто.

Македонската публика ве запозна преку улогата на Дефне, но колку таа девојка е блиска до Вас?

Дефне (Elçin Sangu): Уфф... Многу често ми е поставувано ова прашање. Знаете како, обично актерите сакаат да играат нешто што е спротивно на нивната природа, да влегуваат во друга кожа и карактер, па такаа и јас. Секако дека приватно не сум истата, но имам многу допирни точки со Дефне. Искрено сум динамична и сакам авантури. И да не заборавам хахаха сакам убави и умни мажи.

Покрај со актерство, со што се занимавате приватно и како влеговте во овие води, на глумата?

Дефне (Elçin Sangu): Покрај тоа што сум активна во снимањето на телевизиски серии јас сум и модел и по диплома оперска пејачка. Мислам дека овие неколку работи и тоа како се надополнуваат, зарем не? Што се однесува до тоа како влегов во сериите, се се случи спонтано. Особено во „Вљубениот ерген“ си имаше кастинг, се пријавив, сплет на околности и тоа е тоа.

Вашиот талент и тоа како добро го покажувате во серијата преку ликот на Дефне. Колку добро се живее од оваа професија и што е со наградите?

Дефне (Elçin Sangu): Може и ќе звучи нескромно, но за оваа серија, благодарение на Дефне имам добиено над 30 награди. Колку и да звучи чудно тоа е така и сум горда на успесите. Секако дека добро се живее, грев е да лажам. Но пак ќе речам, кога целосно ќе се предадеме на тоа што го сакаме резултатите и успесите се неминовни, а секако и добрата заработувачка.

Во серијата многу се сакате со Омер, но што е на приватно поле?

Дефне (Elçin Sangu): Хахаха секаде си се сакаме ние. Да во серијата тоа го наложува сценариото и самата приказна на тие кои ја осмислија серијата. Приватно се дружиме со Омер и другите колеги, секако кога имаме време. Слободно време се помалку имам, но за моите блиски луѓе сепак доволно.

Превземање на содржините од порталот Exclusive.mk во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Видео од вчерашната тепачка на граничниот премин „Богородица“ (видое)

Километарските колони возила на македонско-грчката граница кај преминот Богородица и високите температури ,особено вчера откако сите се згнаа на викенд  резултираа со нервозни возачи, пцовки и кавги. Двајца возачи дури и се степаа.

Заедно со ова видео на социјалните мрежи кружат и сведоштва дека демек не биле наши туку Срби биле во тепашката. Возилата биле  со српски регистарски таблички, од Белград и Панчево.

Причината за тепачката е вообичаена како и кавгите- едното возило влегло во колоната преку ред, а тие веќе дремат на топлото за да ја поминат границата.Очевидците тврдат дека   се степале претходно и жените на возачите, а потоа и тие.

Како и да е врие во секој поглед на границата на јужниот ни сосед.

Погледнете како изгледа најстарата жена во светот која има 120 години (видео)

Русинката Танзила Бисембејева има 120 години, а го држи рекордот за најстара личност на светот.

Според нејзината лична карта, таа е родена во 1896 година.

Танзила има тројца синови, 10 внуци, 24 правнуци и 2 праправнучиња.

„Мајка ми во својот живот видела многу. Преживеала од Распутин до Путин. Работела целиот свој живот, во полето или во градината“, им рекол на новинарите нејзиниот син Шинтас Бисембејев.

Во склад со казахстанската традиција, Бисембејева сега живее во семејството на најмладиот син, сама си ги врши своите работи, но не излегува надвор.

До своите 100 години ниеднаш не се обратила на лекар, но морала да посети лекар кога на 100-годишна возраст и се влошил видот.

„Таа е многу добра и секогаш гледа на животот позитивно. Во луѓето гледа само добро. Води здрав начин на живот, никогаш не седи во едно место, не пуши и се храни природно“, велат нејзините синови.

Руските медиуми наведуваат дека таа е единствената личност која живеела до 120 години, а за тоа да постојат документи.

Желка која има 200 години, еве како изгледала на 70 а како изгледа денес (фото)

Желка со име Џонатан од островот Света Јелена на јавноста стана позната откко е објавена фотографија во 1902 година кога имала околу 70 години и фотографија од 2014 година.

Како што наведуваат таа има 200 години и е најстариот рептил на земјата.

Таа на островот Света Јелена е донесена 1882 година а во 1930 година гувернерот Спенсер Дејвис и го дал тоа име. Точната бројка на години не се знае, но се шпекулира дека е родена околу 1832 година.

Денес најстарата желка живее во резиденцијата на гувернерот на островот Света Јелена и е државно сопствеништво.

Најчитани

Твитови