8 неверојатни местa кои треба да се посетат, пред да исчезнат ( галерија)

Земјата е дом на прекрасни места. За жал, некои од најпознатите неверојатни природни знаменитости и објекти се загрозени од исчезнување поради климатските промени и човековите активности.

Кинескиот ѕид

Ерозија и кражбата на тули, довеле до оштетување или уништување на речиси две третини од Кинескиот ѕид.

Мртвото море

Една третина од Мртвото Море, што се граничи со Јордан и Израел, исчезна во текот на последните 40 години. Експертите стравуваат дека ако водата од реката Јордан, која се влева во Мртвото Море, продолжува да се користи од страна на луѓето со индустриски и земјоделски цели, тоа ќе доведе до негово исчезнувањ.

Големиот корален гребен во Австралија

Големиот корален гребен претрпе огромни промени, поради постојаното зголемување на температурата во океанот и зголеменото киселински загадување. Околу 60% од гребенот ќе исчезне до 2030 година.

Алпите

Климатските промени е причината Алпите да губат по 3% од своите глечери секоја година. Според научниците, ако темпото продолжи тие може да исчезнат целосно до 2050 година.

Големиот Кањон

Големиот Кањон беше наведен како еден од 11-те најзагрозени историските места во САД, минатата година. Тој заработил место на листата поради зголемениот принос на ураниум и постојано таму се градат нормални куќи за летување во областа. Сите овие процеси може да доведат до уништување на значителен дел од Гранд Кањон и неговиот главен извор на вода, реката Колорадо.

Египетските пирамиди

Постојано се креваат пирадмидите поради подземни води и загадувањето, а тоа резултира со уништување на пирамидите во Египет.

Венеција

Позната по своите романтични патувања со гондола, град Венеција, Италија, тоне со години. Поплавите во градот стануваат се почести, а водата ги тера и темелите на зградите да еродираат. Градот е потонат со 23 см за последните 100 години.

Малдиви

Островската држава во Индискиот Океан полека тоне, поради климатските промени. Некои научници предвидуваат дека до 100 години тие ќе станат ненаселени, бидејќи ќе се под вода.

Автор: Димитар Бабалков

ОДИ ПО СТАПКИТЕ НА ТАТКО МУ: Синот на Ламбе го учи музичкиот занает! (фото)

Пејачот Ламбе Алабаковски некако се повлече од очите на јавноста. Одамна нема издадено нов сингл, што не наведува да мислиме дека сериозно е посветен на татковството.

 

#Михаил #чоколадо #darkchocolate is the best way to lose weight and tooth 🤣😂🤣😂👼🔝🐰🙋🏻‍♂️🙏🏻

A post shared by 🎙🎚🎼Ламбе Алабаковски 🎼🎚🎙® (@lambealabakovski) on

Но, тој повеќе од очигледно е декане ја заборавил музика. Сега го учи синот на музичкиот занает. 

Имено, Ламбе објави фотографии на Инстаграм на кои неговиот син свири на клавијатури, потоа како пее... Нема сомнеж дека тој ќе биде негова замена!

 

Нашата омилена продавница засега 😂🤓 our #favorite #store

A post shared by 🎙🎚🎼Ламбе Алабаковски 🎼🎚🎙® (@lambealabakovski) on

 

#concert #charity #tatkoisin ❤️

A post shared by 🎙🎚🎼Ламбе Алабаковски 🎼🎚🎙® (@lambealabakovski) on

ИМ НЕДОСТАСУВААТ ДЕТСКИТЕ ДЕНОВИ: Жирито од „ПИНКОВЕ ЅВЕЗДИЦЕ“ изведува „бесни глисти“! (фото)

Дека на снимањето на музичкото шоу „Пинкове ѕвездице“ се случуваат многу неочекувани ситуации се уверивме уште одамна. Но, овој пат се е многу поинаку. Главните виновници за највата лудост се членовите на жирито.

Имено, Гоца, Јелена, Сале, Леонтина и Сергеј, направија една фотка која и те како ќе ве насмее. Погледнете како тие се навратија во детството!

 

#foolingaround #crew #friends #love Kad se glupiramo u pauzama snimanja ❤❤❤😎🎤🎼🎶

A post shared by Goca Trzan (@gocatrzan) on

ИГОР КОЈИЌ: „Испив таблети за смирување и коњак“ (видео)

Сопругот на Северина слави откако пејачката му кажала дека е бремена. Тие двајца посакуваат ќерка, а дедо Кеба навива за снаата да му подари близнаци.

Игор Којиќ испил таблети за смирува и коњак кога дознал дека сопругата Северина е бремена! Синот на Драган Којиќ Кеба со денови слави што ќе стане татко по прв пат.

„Таблети за смирување ми одат со „Hannessy“ - напиша Игор на Инстаграм, а тоа се всушност стиховите од новата песна на Северина!

 

.. Tablete za smirenje idu mi uz Hennessy.. 👌 #otrove

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic) on

Најчитани

Твитови