Поранешен кошаркар на МЗТ и Куманово „гние“ во затвор во Перу поради шверц на дрога

Некогашниот кошаркар на македонските прволигаши Куманово и МЗТ Скопје, Србинот Никола Радојичиќ веќе извесно време ја издржува затворската казна која ја доби поради шверц на дрога во Лима, Перу.

Србинот кој потекнува од кошаркарската школа на Црвена Звезда пред повеќе од две години беше фатен како шверцува капсули полни со кокаин во стомакот, а судот му изрекол затворска казна од дури 12 години. Негов пријател во изјава за српските медиуми вели дека тој минува 18 часа дневно во келија, а воедно потенцира дека тој е единствениот Европеец меѓу луѓето кои издржуваат казни.

„Никола е 18 часа затворен во келија. Дозволено му е само шест часа да биде во дворот. Затворот има 3.700 затвореници од Јужна Америка, а тој е единствениот Европеец. Тој е дел од посебна група која има свој статус во затворот. Поради физичката издржливост го нарекуваат „ѕвер“, а неговиот живот не е загрозен. Поради фактот дека е од балканските простори, тој е многу почитуван“, вели анонимен извор на српски „Курир“.

Радојичиќ настапуваше за МЗТ во 2009 година, а потоа, во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Куманово и во тимот издржа неколку месеци.

Божјо чудо: Бебе проодило само неколку минути по своето раѓање! (видео)

Едно новороденче ги изненадило медицинските работници во породилиштето во Бразил. Непосредно по раѓањето, бебето кое пробувале да го избањаат покажало дека не го сака тоа.

Имено, малото девојче кое бабицата го држела во една рака, почнала да ги исправува нозете и да чекори напред.

„Господе Боже, девојчето оди“ - се слуша возбудениот глас на бабицата, а потоа слични коментари дале и нејзините колеги.

Твит на денот кој ќе ве насмее до солзи: Сузана пробај ги штиглите?! (фото)

Твитерџиите секогаш имаат интересни и провокативни твитови кои секогаш може да не насмеат до солзи.

Пред се, твитерџиите секогаш на пародичен начин можат да направат нечиј ден да биде поубав. Еве и доказ за тоа:

Жива вистина, како се подготвува жена во однос на маж! Вистинска реалност (видео)

Често пати сме слушнале дека девојките многу побавно се подготвуваат за излегување од дома, во однос на момците.

Ова видео е пародија на тоа како се подготвува маж во однос на жена, рано наутро. Многу коментари не се потребни, едноставно погледнете и насмејте се:

Најчитани

Твитови