ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Лицето на човек на кој му експлодирала електронска цигара во уста (фото)

Ендру Хал на Фејсбук објави ужасни фотографии од своите повреди откако електронската цигара во уста.

Тој завршил на хирургија поради сериозноста на повредите.

Според сознанијата од неговиот профил, Ендру веќе некое време пробувал да ги остави цигари и после една година конечно помислил дека ќе успее. Но тогаш му се случува оваа несреќа. Еве што порача тој:

Направете сами: Пунџа како од фризерски салон, за само 2 минути! (Видео)

Петок, започнува долго очекуваниот викенд, па дами за денеска спремивме едно посебно видео за вас, каде ќе го научите најдобриот трик како за само 2 минути, на вашата коса да и дадете фризура како од салон, која ќе ви даде елегантен изглед и ќе блескате. 

Во следното видео ќе ви покажеме како сами да си направите фризура со која ќе изгледате како сега да се излегле од фризерски салон. Елегантна и со многу стила, оваа пунџа ќе ви стане омилена…

ВНИМАВАЈТЕ: Харизматичните лидери, исто така имаат добри и лоши страни!

Влијанието на лошата харизма е исто толку силна како и влијанието на добрата харизма. Харизматичните лидери може да направат чуда за компанијата. Но, бидете внимателни, харизмата може да има и лоши страни. Еве неколку лоши карактеристики на лошото харизматично лидерство:

Огледало, огледало

Лидерот кој може да инспирира група, да ја пренесе визијата, и со самото влегување во просторијата да стане центар на внимание, навистина има среќа дека со мал напор може да спроведе одлични идеи. Но исто така, харизматичниот лидер може да падне во замка шармирајќи се себе си.
Решение: Лидерот мора да биде свесен дека харизмата може да му го „замати“ видикот, па затоа мора секогаш да учи и да анализира. И тоа, не само за сопствена сатисфакција, туку и за сопствената компанија и вработени.

Компанија „зависник“

Исто како што лидерот може да стане зависен од компанијата, така и компанијата може да стане зависна од него. Харизматичниот поединец привлекува внимание кон себе, но истовремено го одвлекува фокусот од компанијата. Последици? Вработените ќе зависат премногу од ликот и делото на лидерот, па ќе бидат оневозможени да носат и помалку важни одлуки.
Решение: Лидерот мора да се запраша колку неговите вработени се вклучени во донесувањето на одлуките. Дали тој носи важни одлуки, а за останатите има доверба во своите вработени?

Замаглен хоризонт

Харизматичните луѓе водат компании за кои имаат визија. Харизмата е таа која ги поттикнува да ја следат визијата. Колку што е поголема визијата, толку поголема треба да биде харизмата.
Решение: Многу е разумно да си го поставите следното прашање:

„Што ќе се случи со компанијата ако јас престанам да работам или немам повеќе добри идеи?“.

Освестете ја својата ранливост

Ако сте навистина харизматичен водач, мора да бидете свесни дека луѓето тоа веќе го забележале. Вашата харизма е продуктивна, само доколку ја држите под контрола.
Решение: Гледајте ја како да е една од вашите добри карактеристики. Иако вашето влијание е силно, дозволете вашата компанија да излезе од вашата сенка и посветете се на нејзините објективни потреби.

СПРЕЧЕТЕ ГО ОВА: Подигање на свеста за безбедни матурски прослави!

Потсетете се на безбројните собраќајки кои сте ги виделе, а некои трагично завршиле и одземале живот! 
„Кога пиете не возете, а кова возите не пијте“, тоа е златно правило кое треба да го почитуваме сите, без разлика дали станува збор за после матурска прослава, свадба или некој сосема обичен ден кога сте козумирале поголема количина на алкохол. 
Вреди ли да го жртвувате и својот и туѓиот живот само поради желбата да се докажете дека и во пијана состојба можете да возите?

Размислете двапати пред да седнете во автомобилот зад вола, и две чашки алкохол да сте испиле препштете го воланот на које кој не пиел, некој кој е трезен. 

Каењето никогаш нема да не врати назад, никогаш нема да го поправи тоа што можеби сме можеле да го спречиме, но сме избрале да испоробаме. 

Една проба може да чини ЖИВОТ, ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ!

 

Најчитани

Твитови