Адам Стенсбери направи една проста промена во својата исхрана и изгуби 4 килограми масти за 19 дена. Овој 38 годишен маж благодарение на својата исхрана доби исцртани стомачни, огромни мускули и линија која можат да ја следат многу млади мажи.

Адам одлучи да се откаже од нездравата храна и месото и да премине на вегетаријанска диета.
„Животнските протеини ми беа потребни во секој оброк. Бев навлечен на месо и мислев дека без него не можам да изгледам добро и мускулесто“, вели Адам за Дејли Стар.
Но, брзо сватил дека тоа е мит и на целиот свет му покажа дека е можно да се има мускули иако не јадете месо.
„Мислам дека веганската исхрана ми помогна да побрзо се опоравам по тренингот, и за помалку од три недели успеав да изгубам 4 килограми масти и да добијам килограм мускули. Мислам дека моето тело подобро ги обработува билните протеини отколку животинските. Сега многу полесно ми е да останам тенок“, додава тој.