СОМАТОФОРМНИ РАСТРОЈСТВА резултираат со нервоза и тегоба, кое е решението?

Соматоформните  растројства  се  едни  од  почестите  неврози, во  чија  клиничка слика   доминираат  соматски  субјективни  тегоби, без  постоење  на  органско  соматско  заболување.

Симптомите  не  се  намерно  создадени  или  предизвикани ( како  кај  симулација).

Ако  истовремено  случајно  и  објективно  постои  некоја  соматска  болест, таа  не  може  да  ги  објасни  природата  на   симптомите,  физиологијата  на  исцрпеноста  и  преокупираноста  на  болниот  со  нив.

За  нивното  настанување  и  етиопатогенеза  постојат  повеќе  теории-биолошка, аналитичка и  бихејвиорална.

Течко  е  да  се  разграничи  дали  наследниот  фактор  е  единствен во  настанувањето  на  ваквите  заболувања  или  факторот  средина  е  решавачки  во  креирањето  на  манифестното  растројство.

Соматизацијата  може  да  се  дефинира  како  манифестација  на  психолошки  стрес  со  соматски  симптоми.

Се  јавува  како  повеќекратно, рекурентно  и  зачестено  менување  на  физичките  симптоми  кои  обично  се  присутни  повеќе  години. Болните   повеќе  време  се  чести  пациенти  по  интернистичките  амбуланти  и  имаат  направено  безброј  параклинички  иследувања,  кои  се  во  главно  во  физиолошки  граници. Во  потрага  по  својата  ,, болест“ , тие  минуваат  денови  и  месеци  по   болничките чекални  и  амбулантите, без  да  им  здодее  болничката  атмосфера  и  чекањето . Постои  упорно  неприфаќање  на  мислења  од  повеќе  лекари  дека  нема  физичко  објаснување  за нивните  симптоми.

Најчесто  симптомите  потекнуваат  од:

Гастроинтестиналниот  тракт (болки  во  стомакот, мачнина, подуеност,  регургитација, гадење, повраќање).

Кардиоваскуларниот  систем (  аритмии, тахикардии, стенокардии...).

Респираторниот  систем (хипервентилации, глад  за  воздух, стегање  во  градите...).

Ненормални  сензации  по  кожата ( трпки, жарење, јадеж).

Псевдоневролошки  симптоми   ( парализи, отежнато  голтање, дисфонија-губење  на  гласот ,  губење  на  осетот,  растројства  на координацијата, конверзивни  симптоми,   диплопии,  уринарна  ретенција ).

Сексуалната  сфера ( намалување  на  либидото , проблеми со  потенцијата, менструални  тегоби).

Остеоскелетниот  систем  ( болки  во  коските, болки  во грбот, болки  во  екстремитетите, дифузни  болки  во  зглобовите).

Сите  овие  симптоми   се  придружени  со  извесна  доза  на депримираност  и  на  анксиозност,  хроничен  замор и  губење  на  апетитот.

Текот  на  болеста  е  хроничен  и  променлив  и  обично  е придружен  со  долготрајно  растројство  во   интер персоналното  , семејното  и  социјалното  однесување. Растројството  се  јавува  почесто  кај  жените  и  обично  почнува  во  средна  доба.

Тоа  е  растројство  во  кое  болниот  е  постојано  преокупиран  со  можноста  дека  е  заболен  од  едно  или  од  повеќе  сериозни  и  прогресивни  соматски  заболувања.

Вообичаено  симптоматологијата  е  нагласена  и  зголемена  после  психолошки  конфликт  предизвикан  од  семејни  и  професионални  проблеми.

Терапија-  денес  како  лек  на  избор  се  серотонин  риаптејк  инхибиторите (SSRI)  и  тоа  во  релативно  високи  дози во  комбинација  со  супоративна  психотерапија  и  когнитивно  реконструирање.

Спец. Д-р Ирена  Најдоска – психијатар во Неуромедика

Како близначка на Драгана Мирковиќ: Протече фотографија од Леа Киш пред 27 години

Оние кои ја следат Леа Киш не можат да ја замислат без русокоса рамна коса и силна шминка. Меѓутоа, протече фотографија од 1900 година на која водителката изгледа потполно различно.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за Драгана Мирковиќ. Голема насмевка и цртите на лицето потсетуваат на пејачката на своите почетоци.

Грозно изненадување: Пресекол дрво, а потоа видел нешто од што се заледува крвта!

Кога пред неколку дена Рајан Сандерс сечел дрва во шума, не го очекувал ова.

Имено, кога пресекол едно стебло, во средината забележал крв. Ја вклучил камерата и се приближил.

Во дрвото имало преполовена змија. Како змијата завршила во средината на стеблото никој не знае...

По ова, никогаш нема да ги фрлите семките од лубеницата - Немате поим колку се корисни!

Голем број луѓе ги фрлаат семките од лубеницата кога го јадат ова овошје, но не би требало да е така. Семето од лубеницата е здраво, иако ќе се согласите дека не е толку вкусно како лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да го изедете заедно со овошјето бидејќи е богато со протеини, витамин Б, магнезиум… Овие состојки го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од воспаление и ризикот од срцеви заболувања.

Семките од разни овошја се генерално добри за здравјето, но семето на лубеницата поради сите хранливи состојки на некој начин е ѕвезда меѓу семките, велат експертите.

Исто така, нутриционистите советуваат дека најдобро е да се јаде семето од лубеницата кога ќе никне, бидејќи тогаш е вистинско протеинско богатство. Ако изедете количина семки кои стојат во сад од 0,2 дл, ќе внесете 10 грама протеини.

За да ја искористите лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на пробавниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис.

Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта.

Рецепт за чај

Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количинасе распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Најчитани

Твитови