Струмичанка за една сезона работа во Банско заработи 35 илјади евра

„Да се живее нормален и убав живот навистина е тешко, особено, со просечна македонска плата. Не можев крај со крај да сврзам, па пред нова година заминав во Банско. Имав среќа ведаш да најдам работа...“, вака го започнува разговорот дваесет и седум годишната струмичанка.

За нејзе ниедна чесна работа не е тешка и не и е проблем. Седејќи дома ги разгледувала интернет огласите за работа во Банско – Бугарија. Наишла на неколку и аплицирала. За неполни два дена ја побарале од еден луксузен хотел, како рецепционерка. Ги собрала документите и заминала.

„Не верував дека ќе се вратам со солидна сума, но сепак верував дека ќе направам добар кеш. На месечно ниво заработував околу 600 евра, но една ноќ се се промени хахах, се беше како на филм. Ми заврши смената и за прв пат во животот влегов во казиното на самиот хотел. Почнав на ситна пара на апаратите и по неполни десетина минути ми се насмевна среќата. Не верував што гледам на екранот. Сумата од џек пот беше скоро триесет и три илјадиу евра. Другарката со мене само ми рече, верувај толку се, не е грешка“, раскажува девојката.

Таквата среќа и се насмевнала по три недели работа во Банско, но не се откажала. Успешно и професионално си останала на работната позиција до крајот на договорот. Денес работи и живее во Америка.

Допис од: Т.Р.

Превземање на содржините од порталот Exclusive.mk во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Ги закопаа „ратните секири„ Дара призна: Карлеуша е голема и слатка

Некогаш добри другарки, а потоа жестоки непријатели - Јелена Карлеуша и Дара Бубамара изгледа одлучија да ги закопаат воените секири.

Најпрпвп Јелена изјави дека Дара и недостасува, и дека била “малечка и слатка“, а потоа Бубамара одлучи да и одговори.

„Мене кој еднаш ќе ме засака, ме сака цел живот. И мажи и жени. Неа никогаш не сум ја мразела и воопшто луѓето со кои некогаш сум се дружела не можам да ги мразам. Се е тоа шоу бизнис. Таа и јас сме на иста бранова должина, што се однесува до фазоните. Јас престанав во последно време, а гледам дека и недостасувам, ќе се вратам можеби (се смее). Таа рече дека сум слатка, мала и слатка, а јас ќе кажа, дека таа е голема и слатка“, изјави Дара.

Момчето ја кршело од ќотек и ја терало да се прејадува: Имала 130 килограми, а сега изгледа вака

Девојката која не сакала да го каже своето име постави на Имгур фотографија од својот напредок откако побегнала од една ужасна врска.

Имено, како што напиша под фотографиите, таа трпела малтретирање во врската, а меѓудругото момчето со ќотек ја присилувало да се прејадува.

Така со висина од метар и пол имала 130 килограми. Со години го трпела насилството од негова страна, а потоа конечно побегнала од таа врска.

Таа сега се опоравува и физички и психички, а на сликите се гледа дека е многу подобро и дека напредува.

-Сега имам 88 килограми и среќна сум, иако сум свесна дека има уште прилично долг пат пред мене, напиша девојката.

Ги изненади фановите - Цеца направи селфи во тоалет

Најголемата фолк ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе две години има профил на Инстаграм, но ретко кога таму објавува фотографии.

Но, сепак кога тоа ќе се случи секогаш привлекува огромно внимание.

Сега кога Цеца се отографирала во тоалетот во елегантна црна креација во рок од 1 час успеала да заработи скоро 20.000 лајкови.

Нјезините фанови воодушевени пишувале коментари.

Најчитани

Твитови