Младинките со оро и песна слават пласман на Европско првенство (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)

Избраничките на Борче Марковски по вчерашната победа над Молдавија вечерва беа далеку подобар противник од островјанките и во дуелот кој одлучуваше пласман на Европско заслужено се изборија за место.

Гостинките отворија солидно, но нашите ракометарки изедначија и се играше гол за гол до 16-тата минута, кога со серија од четири голови Македонија поведе со 12-8. До крајот на полувремето, младинките обезбедија и највисоки 5 плус, 15:10.

Во вториот дел, селекторот Марковски им даде шанса на повеќе ракометарки од клупата па некаде на средината имеше и мал пад во играта. Во последните минути Фарски Остови намалија на 21-19, но во продолжение останаа со две ракометарки помалку на терен, па Македонија одлично го искористи тоа и се одлепи повторно на 4 плус за конечни 23-19.

Леонида Гичевска со седум голови беше најефикасниот поединец во редовите на Македонија, а воедно и на теренот. 

Младите ракометарки со две победи завршија на втората позиција, па заедно со Унгарија која имаше максимален учинок  обезбедија место на Европското првенство во Словенија, кое ќе се игра ова лето.

Погледнете дел од атмносферата како слават ракометарките и стручниот тим.  

Секојдневни корисни совети (Видео)

Како да го спречите појавувањето на флеки по облеката од потење, или сте ја накашале омилената бела блуза со црвено вино?

Погледнете ги овие неколку корисни совети со кои ќе ви се олесни животот:

Виц на денот: Матично

Оди млад човек во матично:

– Можe да закажам венчавка за во вторник?

– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?

– Е па за да не си го расипам викендот.

Посна проја

Потребни состојки:

300 г пченкарно брашно (или за палента)

300 г бело брашно

4 лажици гриз

неполна чаша (од 200 мл) масло

2 чаши минерална вода

1 прашок за печиво

1 врзоп блитва

1 чен лук

зачини по вкус

Начин на подготовка:

Обарете ја блитвата па со сечканиот лук пропржете ја додека не омекне,зачинете со зачинска сол, црн пипер и со миксер вмешајте во останатите состојки. Смесата истурете ја во плех (20х20 см) намачкан со масло и наросен со брашно или покриен со хартија за печење, наросете со сусам и печете во рерна загреана на 220. степени, околу 20. минути.

Најчитани

Твитови