Редовниот појадок помага за ЗГОЛЕМУВАЊЕ на интелегенцијата на вашето дете!

Последното истражување направено во Универзитетот во Пенсилванија САД, покажува дека децата кои имаат редовен појадок имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои не внимаваат многу на појадокот.

За важноста на појадокот многу често се зборувало, уште од мали нозе вашите баби и дедовци ви кажувале дека треба да појадувате како крал, а да вечерате како просјак. Оваа поговорка и ден денес важи, појадокот му дава енергија и го активира организмот, така да можете да функционирате одлично во текот на целиот ден. Додека пак, вечерата треба да биде лесна и мала, за да не му смета на желудникот и да ви овозможи убав сон.

Сепак, овој пат сакаме да укажеме на важноста на појадокот од друга страна, односно важноста на доручекот кај децата. Според истражувањето што било направено во Универзитетот во Пенсилванија децата кои редовно го практикуваат појадокот имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои често го прескокнуваат. Научниците направиле испитување на 1 000 деца на шест годишна возраст во Кина. Тие внимателно набљудувале две контролни групи, едната редовно го практикувала појадокот додека другата често го прескокнувала, а тие ги набљудувале сите физички и психички промени на двете групи на деца. 

Според научниците кои го воделе истражувањето, појадокот е особено важен во детската возраст кога детето расте се развива и се оформува. Но, освен тоа редовното практикување на појадокот на децата создава една важна здрава навика кај нив. Доколку од деца се навикнат редовно да појадуваат целиот живот ќе ја практикуваат таа навика и ќе превенираат многу болести во текот на животот - велат научниците.

Појадокот е гориво за мозокот,  не само за децата и за повозрасните. Појадокот може да превенира појава на многу болести и кај децата и кај возрасните, затоа никогаш немојте да го пропуштате појадокот, бидејќи една стара поговорка вели кој го пропушта појадокот го пропушта и здравјето.

И Сека го претера (Фото)

Сека Алексиќ не може да престане да објавува фотографии од снимањето на спотот на нејзината нова песна наречена „Фолирант“.

Таа дури и во еден пост на социјалната мрежа Инстаграм признава дека не може да се воздржи, а да не ги објави сите фотографии кои ги има.

Дека изгледа одлично е неспорен факт, но што е многу многу е....

На мажите не им се допаѓа што жените не иницираат секс, но ништо не преземаат по тоа прашање

Статистика е на страната на мажите кога станува збор за тоа кој иницира секс. На многу мажи секако тоа не им се допаѓа, но проблемот е што не превземаат ништо околу тој проблем. Понекогаш ќе го споменат тоа, нивните девојки нема да го сфатат сериозно и сé си останува исто.

Експерти ги советуваат мажите, доколку сакаат нивната партнерка да иницира секс, тогаш мораат сериозно да разговараат со неа. Најдобро би било да им стават до знаење дека тоа им е навистина важно и дека би биле најсреќни на светот доколку таа покаже кога сака да има секс.

Основниот проблем поради кој жените не иницираат секс е тоа што мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат мала самодоверба веруваат дека постои опција нивниот партнер да речи дека е преуморен или едноставно нема позитивно да реагира тоа што таа ја презела иницијативата.

Многу девојки срамежливо иницираат секс така што нежно го бакнуваат партнерот, го галат и му шепотат на уво. Доколку мажот не ги прочита овие срамежливви знаци, тогаш жените се плашат како ќе реагира на малку поагресивен настап кој не може никако поинаку да се “прочита”.

Меѓутоа, советите од експерите се базираат на тоа дека нема место за егото кога сме во љубовна врска и дека егото треба да се остави пред вратата на спалната соба.

И мажите се плашат од одбивање но сепак се обидуваат да се наметнат. Затоа и жените треба да се обидат. Обострано треба да работат на врската, бидејќи, доколку некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, започнува зајадливост и проблеми.

Најчитани

Твитови