Браќа близнаци од Македонија, посвоени во различни фамилии, се сретнале на патување!

Животот е убава приказна во секој случај, со драматични моменти кои даваат динамика на содржината. Солзите само ја прочистуваат душата, но емоциите телото, или обратно... Како и да е секој проронил солза некогаш, за среќа или тага. Оваа приказна многумина ќе ги стави на полето да размислат за тоа дека колку и да се тажни и немоќни, сепак се среќни дека се со најблиските, семејството, браќата и сестрите...

Животот на две момчиња, браќа близнаци, како да го пишувале браќата Грим. Тага, среќа и измачувања, но сепак среќниот крај и убавиот момент како лекокрила птица им слетала на рамото. Денот, кога дошле на овој свет, не донел среќа кај нивните родители. Никој не им се израдувал и не пуштил солза за среќа, едноставно биле само вишок. По само неколку минути од раѓањето завршуваат во дом за деца без родители т.е се даваат на посвојување. Искрата на добра надеж и светлина во животите на овие ангелски суштества набргу им се насмевнува, добиваат семејства и безгрижни детски денови. Но судбината повторно си поигрува со нив. Двајцата браќа, идентични близнаци, се посвоени од различни фамилии од различни градови. Ниту браќата ниту фамилиите кои ги посвојуваат не знаат за нивниот статус... Животот убав, но лажен, и за двајцата браќа и двете фамилии. На нивни дваесетина години заминуваат на исто патување, судбина...Едното момче пристигнува на летувањето неколку денови порано и се запознава со една девојка. Се забавуваат и заедно, двете друштва, одат на плажа. По неколку денови пристигнува и другиот брат, близнакот, не знаејќи се уште ништо. Седејќи на еден шанк на плажа му пристапува девојката правејќи му муабет, мислејќи дека е момчето што го запознала. По краткиот муабет и двајцата сфаќаат дека не се познаваат, но девојката инсистира да продолжат со муабет и да го запознае со другото момче... За многу кратко време браќата близнаци се сретнуваат и без зборови, само се гледаат еден во друг, почнуваат да им треперат телата и солзи сами потекуваат. Се запознаваат и почнуваат муабет. По неколку часовен муабет, разговор со родителите, по телефон, ја откриваат вистината...

Допис од: У.О.

Превземање на содржините од порталот Exclusive.mk во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Конечно решена мистеријата: Eве како биле изградени пирамидите во Египет

Историчарите и архиолозите со векови се обидувале да најдат одговор на прашањето како друштвото од бронзено време, кое не било технолошки развиено, успеало да помери огромни блокови од варовник и гранит од кои с е изгредени пирамидите.

Работниците ги ставале блоковите на дрвени бродови кои меѓусебно биле поврзани, а потоа блоковите пловиле по каналите до внатрешноста на пристаништето кое не било многу одалечено од пирамидите. 

Архиолозите не можеле да се согласат за тоа како бил пренесуван градежниот матријал

Вооружена драма во Скопје

 На 23.09.2017 година околу 21,00 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“, во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ од страна на две засега непознати маскирани лица со закана со пиштол, извршено е разбојништво над вработената при што се одземени околу 30.000 денари. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

ШОК ЗА КАНДИДАТИТЕ: Саша Поповиќ воведува ново правило во Ѕвездите на Гранд

Новата сезона на Ѕвездите на Гранд се сиима, а емитувањето на првата емисија ќе започне на 30 септември.Оваа година покрај сценографијата и промена на правила, воведена е уште една нова промена.

Воведен е пулсометар, кој ќе го мери пулсто на кандидатите, и веднаш врз основа на тоа ќе знаеме колку кандидатите имаат трема, кој колку се уплашил, изјави Саша Поповиќ

Најчитани

Твитови