Неизлечивата болест не ја спречила да се занимава со тоа што највеќе го сака (видео)

Тара Самац е 11 годишно девојче кое и покрај тешкото заболување, со својот талент и личност одушевува се околу себе.

Од раѓање го има Фримен - Шелдон синдромот, но Тара Самац не ја спречува ова за од раѓање да се занимава со тоа што највеќе го сака - хип хоп танцот. На овогодинешната Специјална олимпијата за прв пат ќе настапи како натпреварувач.

Од мали мозе сакав да играм, секогаш сум имала некој ритам во себе кој ме тера да играм. Било која музика да ја пуштам, да има брз ритам, мене ме тера да играм - раскажува Самац.

Каде и да оди, Тара секогаш со себе ја носи својата амајлија. Се работи за качкет кој и го поклонил Новак Џоковиќ, нејзиниот идол и инспирација.

Иако на овогодинешната Специјална олимпијада за прв пат ќе настапи како натпреварувач, Тара веќе е капитен на репрезентацијата која по бројност е одма по репрезентацијата на Америја и Австрија. Поради ова Србија за настапот се подготвува сериозно веќе 7 месеци.

Овогодинешното параолимписко напреварување ќе влезе во историјата бидејќи прв пат се организира во Европа, а од 2018 година би требало да стане официјален спорт, а целта е да се мотивираат децата со посебни потреби.

ДАЧИЌ ЗА ПРОЕКТОТ „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ : Албанците не се сила од која некој треба да се плаши (ВИДЕО)

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека најавите за формирање на „Голема Албанија“ треба да се разберат сериозно и дека Еди Рама и Хашим Тачи не се шегуваат.Според него, сите изјави се во контекст на дестабилизација на регионот.

-Албанците играат на се или ништо, блефираат.Нивните изјави се наменети кон Брисел а не кон Белград.Тоа се изјави во стилот ако не не примите во ЕУ ќе има немири-рече Дачиќ за Пинк.

Според него,Албанците не се сила од која некој треба да се плаши,додавајќи дека Србија сигурно не се плаши и  реагира мудро.

Тој уште додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и тоа кој таму ќе биде на власт но оти Србија е заинтересирана за стабилност во регионот.

Не е како што мислите: Еве ја причината, зошто се фрла бидермаер на свадбите

Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла бидермаерот на свадба? Со години се верува дека онаа девојка која ќе го фати цвеќето ќе има среќа и следна ќе стапне на лудиот камен. 

Она што е помалку познато е дека во минатото луѓето верувале дека треба да ја допрат невестата за да имаат среќа, да и скинат дел од венчаницата или велот. Сепак, за ова да не се случува се појавила традицијата невестата да го фрла бидермаерот.

За среќа, сите се воодушевени од ова, па и денес е останато на секаде низ светот како традиција.

Дневен хороскоп (04.30.2017) Недела

Овен (21.03 – 20.04)

Ви претстојат одлични состаноци. Опремете се со трпение и реагирајте дипломатски на предизвиците. Ќе се истоштите многу од работниот ден, така да, подобро е вечерта да не предвидувате никакви настани.

Бик (21.04 – 21.05)

Мала е веројатноста денес да се случат непредвидени настани. Поверојатно е да ве обземат емоции кои нема да можете да си ги објасните. Чувство на вознемиреност, фрустрација или желба да се оградите. Направете го тоа, зошто контактите ќе ви го наложат тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обидете се да не ги споделувате вашите планови, особено долгорочните. Интересите ви се поклопуваат со оние на некој друг и можете да си создадете проблеми од административен карактер.

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да ги правите работите со помалку напор. Не очекувајте премногу добри резултати од вашата работа, посебно ако е поврзана со странство. Едвај ќе го оправдате вложеното а може и да дојде до големи непријатности.

Лав (23.07 – 22.08)

Денот ќе започне со пријатно изненадување и ќе заврши со финансиски приходи. Не е исклучена можноста да ве поканат на некој јавен настан. За вас ќе биде подобро да ја одбиете поканата.

Девица (23.08 – 22.09)

Не се обидувајте да ги претекнете случувањата. Многу идеи истовремено ви доаѓаат на ум, но за многу од нив сега не е моментот. Обидете се да го совладате спонтаниот ентузијазам.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе се справите со некаква комплексна работа. Идејата како да дејствувате ќе ви дојде спонтано и ќе ве инспирира нешто што одамна сте го замислиле да биде остварено. Најубавото е тоа што ќе добиете помош во моментот кога највеќе ќе ви биде потребна.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе добиете пофалби или комплименти уште од утрото и тоа многу ќе ве израдува. Работата во текот на денот нема да биде помала од вообичаено, но ќе се справите лесно, благодарение на вашето чувство за хумор.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од вас зависи дали денот ќе биде мирен. Ако не се изнервирате за глупости и ако не се впуштите во вербални битки би можеле да бидете спокојни и да работите посветено до доцна вечерта.

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете посебно внимателни, ако денес се занимавате со работа поврзана со обработка и пополнување на документација. Нема да дозволите грешка, но можете да изгубите или да заборавите нешто важно и тоа многу ќе ве вознемири.

Водолија (21.01 – 19.02)

Се справувате со сите тековни задачи подобро од било кој друг, но тоа незначи дека треба да се воздигнувате. Бидете воздржани во однос на комплиментите, со кои ќе ве осипат во текот на целиот ден. Контролирајте ја вашата желба да се пофалите.

Риби (20.02 – 20.03)

Динамичен ден, фокусирајте се на обврските. Можете да направите грешки кои нема да се фатални, но нема да располагате со дополнително време за да ги корегирате и ќе си навлечете непотребни проблеми.

Најчитани

Твитови