НЕВЕРОЈАТНО: Оваа пејачка и пијана изгледа неодоливо! (фото)

Светската музичка ѕвезда Никол Шерзингер знае навистина добро да се забавува.

Многу често папараците знаат да ја „фатат“ во алкохолизирана состојба.

Сега атрактивната Никол е фотографирана во алкохолизирана состојба  по една журка во Лос Анџелес.

Сепак, популарната 38 – годишна пејачка и пијана изгледа совршено во кожно здолниште и не дозволува папараците и алкохолот да и ја уништат забавата.

 

ДАЧИЌ ЗА ПРОЕКТОТ „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ : Албанците не се сила од која некој треба да се плаши (ВИДЕО)

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека најавите за формирање на „Голема Албанија“ треба да се разберат сериозно и дека Еди Рама и Хашим Тачи не се шегуваат.Според него, сите изјави се во контекст на дестабилизација на регионот.

-Албанците играат на се или ништо, блефираат.Нивните изјави се наменети кон Брисел а не кон Белград.Тоа се изјави во стилот ако не не примите во ЕУ ќе има немири-рече Дачиќ за Пинк.

Според него,Албанците не се сила од која некој треба да се плаши,додавајќи дека Србија сигурно не се плаши и  реагира мудро.

Тој уште додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и тоа кој таму ќе биде на власт но оти Србија е заинтересирана за стабилност во регионот.

Не е како што мислите: Еве ја причината, зошто се фрла бидермаер на свадбите

Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла бидермаерот на свадба? Со години се верува дека онаа девојка која ќе го фати цвеќето ќе има среќа и следна ќе стапне на лудиот камен. 

Она што е помалку познато е дека во минатото луѓето верувале дека треба да ја допрат невестата за да имаат среќа, да и скинат дел од венчаницата или велот. Сепак, за ова да не се случува се појавила традицијата невестата да го фрла бидермаерот.

За среќа, сите се воодушевени од ова, па и денес е останато на секаде низ светот како традиција.

Дневен хороскоп (04.30.2017) Недела

Овен (21.03 – 20.04)

Ви претстојат одлични состаноци. Опремете се со трпение и реагирајте дипломатски на предизвиците. Ќе се истоштите многу од работниот ден, така да, подобро е вечерта да не предвидувате никакви настани.

Бик (21.04 – 21.05)

Мала е веројатноста денес да се случат непредвидени настани. Поверојатно е да ве обземат емоции кои нема да можете да си ги објасните. Чувство на вознемиреност, фрустрација или желба да се оградите. Направете го тоа, зошто контактите ќе ви го наложат тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обидете се да не ги споделувате вашите планови, особено долгорочните. Интересите ви се поклопуваат со оние на некој друг и можете да си создадете проблеми од административен карактер.

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да ги правите работите со помалку напор. Не очекувајте премногу добри резултати од вашата работа, посебно ако е поврзана со странство. Едвај ќе го оправдате вложеното а може и да дојде до големи непријатности.

Лав (23.07 – 22.08)

Денот ќе започне со пријатно изненадување и ќе заврши со финансиски приходи. Не е исклучена можноста да ве поканат на некој јавен настан. За вас ќе биде подобро да ја одбиете поканата.

Девица (23.08 – 22.09)

Не се обидувајте да ги претекнете случувањата. Многу идеи истовремено ви доаѓаат на ум, но за многу од нив сега не е моментот. Обидете се да го совладате спонтаниот ентузијазам.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе се справите со некаква комплексна работа. Идејата како да дејствувате ќе ви дојде спонтано и ќе ве инспирира нешто што одамна сте го замислиле да биде остварено. Најубавото е тоа што ќе добиете помош во моментот кога највеќе ќе ви биде потребна.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе добиете пофалби или комплименти уште од утрото и тоа многу ќе ве израдува. Работата во текот на денот нема да биде помала од вообичаено, но ќе се справите лесно, благодарение на вашето чувство за хумор.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од вас зависи дали денот ќе биде мирен. Ако не се изнервирате за глупости и ако не се впуштите во вербални битки би можеле да бидете спокојни и да работите посветено до доцна вечерта.

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете посебно внимателни, ако денес се занимавате со работа поврзана со обработка и пополнување на документација. Нема да дозволите грешка, но можете да изгубите или да заборавите нешто важно и тоа многу ќе ве вознемири.

Водолија (21.01 – 19.02)

Се справувате со сите тековни задачи подобро од било кој друг, но тоа незначи дека треба да се воздигнувате. Бидете воздржани во однос на комплиментите, со кои ќе ве осипат во текот на целиот ден. Контролирајте ја вашата желба да се пофалите.

Риби (20.02 – 20.03)

Динамичен ден, фокусирајте се на обврските. Можете да направите грешки кои нема да се фатални, но нема да располагате со дополнително време за да ги корегирате и ќе си навлечете непотребни проблеми.

Најчитани

Твитови