Време е за промени: ЗАШТИТА НА НАЈСТАРИОТ ЗАНАЕТ НА СВЕТОТ, ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ КОИ ГО РАБОТАТ, ЗАШТИТА НА ПРОСТИТУЦИЈАТА

Уште една млада надеж во низата оратори. Овој пат тоа е Ангела Ѓошевска, ученичка во 4-та година во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Таа зборува за најстариот занает на светот. Таа зборува за проституцијата.

„Жените кои се дел од проституцијата, најчесто се наоѓаат на најниската социјална скала, најсиромашни. Општество ги осудува, а во исто време ги произведува и експлоатира.“ - истакнува Ангела. Вреди да се прочита оваа приказна во целост, а вие ја имате таа можност. Од каде знаете можеби ќе налетате на работи со кои за прв пат ќе се сретнете, можеби и ќе го промените вашиот личен став, а во крајна линија, можеби и ќе се пронајдете.

 

„Поради големата понуда, цената на овие услуги е многу пониска од порано. Уште повеќе изненадува фактот што девојките, а во поново време и момчињата, се тие кои бараат макроа за да работат за нив. Сигурно веќе претпоставувате за што ви зборувам. Ви зборувам за најстариот занает на светот. Проституцијата!

Не значи дека ако не се актуелна тема, дека не постојат. Постојат. Тука се. Меѓу нас се. Не се ниту поразлични од нас. Само имаат тешко минато и ретка професионална сегашност. Жените кои се дел од проституцијата, најчесто се наоѓаат на најниската социјална скала, најсиромашни. Општество ги осудува, а во исто време ги произведува и експлоатира. Истражувањата покажуваат дека 98% од жените во проституцијата се емоционално и физички малтретирани како деца. Завршуваат како бездомници на улица, од каде што ги собираат макроата и ги воведуваат во ланецот на проституцијата. Најбрзиот пат до голема заработувачка, каде голем дел од девојките, лесно обезбедуваат продолжение, на патувањето наречено живот. 

Макроата ги контролаат и искористуваат жените кои се дел од проституцијата и им ги земаат сите пари што ги добиваат. За макроата проституцијата е облик на економска експлоатација. За државата, проституција го одржува меѓународниот капитал и го зголемува профитот. Илјадници години луѓето ги осудуваат и кривично ги гонат лицата кои се занимаваат со проституција, а истовремено ги “купуваат“ на улица, во барови и бордели. Меѓу листата од клиенти има познати директори, политичари и фудбалери кои ги поминуваат ноќите со елитните старлети кои се на возраст меѓу 14 и 61 година. А сето тоа се чува како службена и деловна тајна, нели?!

Кога веќе зборуваме за најстариот занает на светот, кој Невада го легализирала уште во далечната 1890 година, зошто пак ние да не го легализираме сега, во 2017. Тие жени ИМААТ право на здравствено и пензиско осигурување!!! Но, предлог законот веќе одамна стои во една од фиоките на МВР. Се плашат дека ваквиот правен акт само би го легализирал досегашното работење на криминалните структури. Се плашат дека би се зголемил бројот на оние кои се занимаваат со проституција, затоа што во неа ќе видат шанса за профитабилен  бизнис. Сметаат дека би доживеале и брза експанзија на сексуално преносливите болести. Но напротив! На секоја жена би и се овозможил редовен лекарски преглед. И само да напоменам! Германија е земја каде што дури 300 илјади луѓе редовно се вработени во сексуалната индустрија. А во Македонија нивната бројност е стотина пати помала. Би ги собрало и во само еден објект.

Проституцијата е во постојан подем и добива загрижувачки размери, особено меѓу малолетниците. Ама пак, во свет во кој 20 годишна бразилка за 780.000 евра си ја продаде невиноста на интернет, кои сме пак ние да им судиме. Ние сме само мртви клетки од тој систем на работа. Нека се слави уште долго 11 Август, денот кога е објавена поддршката за неказнивост на проституцијата. Дозволете им на жените да си ја работат работата за која се способни. Дозволете им!!!“

ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа Саша Матиќ без своите црни наочари!

Во текот на едно гостување во емисијата „Ѕвезде Гранда“, Саша Матиќ е фотографиран без своите црно наочари, по кои стана препознатлив. На општо изненадување на сите, пејачот на момент се ’ослободи’ од своите наочари, со цел да му ја поправат шминката.

Очигледно е дека Саша изгледа многу помладо без своите очила, и нема да биде невообичаено ако тој почне да се појавува без нив, какот што направи оперскиот пејач, Андреа Бочели. Со, или без очила, неопсорен е фактот дека Матиќ е еден од најдобрите пејачи на Балканот...

Погледнете кои се најубавите Македонки (ФОТО)

Македонија како држава, е позната по тоа што има многу убави девојки и сигурно се едни од најубавите на Балканот. Жените од нашата држава секогаш се во тек со најновите модни стилови.Ова се некои од најубавите девојки во нашата држава...

Катарина Ивановска

 Ивановска е нашиот најпознат фото-модел кој изгледа неверојатно. Таа се занимава и со глума а своето деби го имала во филмот „Трето полувреме“. 

Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London.

Иванна Хаџиевска

Ивана е некогашен тв-водител на многу емисии, меѓу кои и популарниот А1 Екслузив. Шармантната водителка знае да застане зад апартот на познатите фотографи и да направи прекрасна фото-сесија. Таа од 2012 година е во брак со нејзиното долгогодишно момче Влатко.

Сузана ал Салкини

Многумина ја паметат Сузана како една од најубавите Македонки, кои чекореа по модните писти низ целиот свет. Таа долго време беше изолирана од јавноста и најголем дел од времето беше во Дубаи.

Марјана Станојковска

Позната како лото-девојка, Марјана плени со својата убавина, каде и да се појави. Долги години е во оваа наградна игра а честопати прави фантастични фото-сесии и ангажирана во различни реклами.

Драгана Чуприна

Драгана минатиот октомври го кажа судбоносното “ДА“ но и покрај се, го привлекува вниманието каде и да се движи низ светот. Таа имаше успешна епизода во естрадниот магазин „Бекстејџ“, а на 20-ти декември, 2016 година, на свет го донесе синот Даријан.

Елена Ристеска

Нашиот евровизиски претставник во 2006 година, со песната „Нинанајна“, Елена Ристеска долги години е на музичката сцена и не престанува да ги воодушевува нејзините фанови. Прекрасната насмевка и е заштитен знак на оваа девојка.

Дали некогаш сте се запрашале: Зошто сме левичари и десничари?

Повеќето од нас пишуваат со десна рака, но некој помал процент од луѓето се левучари. Зошто е тоа така? Дали со текот на времето човекот и дава предност со вежбање на едната рака, или тоа е нешто што го прават невролошките врски уште од самото наше раѓање? Дали левучарите се навистина позлобни или можеби поинтелегентни од десничарите, или можеби тоа е само шпекулација?

Според една нова студија, ова дефинитивно нема никаква врска со нашиот мозок, а ниту со нашиот невролошки развој. Во еден прилично задоволувачки пресврт на заговор, се чини дека нашата лева или десна страна е всушност поразвиена и вкоренета во нашата биологија уште пред да се родиме, но во форма на одреден метеж на ‘рбетни гени, а не мозочни.

“Нашите податоци укажуваат на ‘рбетни, а не на кортикални, почнувајќи од хемисферните асиметрии,” велат научниците во нивниот труд.
 

Тимот на научници од Германија, Холандија и Јужна Америка, предводен од психолози од Рур Универзитетот во Бохум, внимателно ја следеле генетската експресија која се одвива во рамките на ‘рбетните нерви на бебиња кои сеуште се наоѓаат во матката, помеѓу осмата и дванаесеттата недела од бременоста.

Долго време се претпостравува дека генот за активност во мозокот зависи од тоа која хемисфера покажува повеќе активност, што дефинира дали некој ќе биде левучар или десничар. Сепак, врз основа на активноста на овие прото-‘рбетниот врски, се чини дека некои асиметрии се случуваат онаму каде што никогаш досега не е откриено.

Оваа новооткриена активност се одвива долго пред да се развие делот од мозокот кој е одговорен за движење – моторниот кортекс. Се чини дека е центрирана на делови од ‘рбетот , одговорни за пренос на електрични импулси на дланките, рацете, нозете и стапалата, и оваа асиметрија дефинира дали едно лице ќе пишува со лева или со десна рака.

Најчитани

Твитови