Боки 13 ја изруга Калиопи - Му глумела ѕвезда без позадина (ВИДЕО)

Боки 13, без влакна на јазикот, и овојпат кај Жаре во "Еден на еден". Покрај искрените коментари и мислења за Кајмакоски, Елена Ристеска, Дарко Димитров и Џамбазов, за прв пат Боки проговори и за неговиот конфликт со Калиопи Букле. Интересно да се слушне, погледнете во продолжение што се случувало на последната "13ка за најуспешните" :

СРЕЌЕН ХОРОСКОП ЗА СРЕДИНАТА НА РАБОТНАТА НЕДЕЛА! (СРЕДА,18.10.2017)

СРЕЌЕН ХОРОСКОП ЗА СРЕДИНАТА НА РАБОТНАТА НЕДЕЛА! (СРЕДА,18.10.2017)

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе се раководите од изреката „молчењето е злато“. Ќе бидете мошне заштитнички настроени кон вашиот личен живот и нема да споделувате приватни информации со никого.

Единствено ќе може да допре до вас личност која ви има докажано дека ви е верна до гроб.

БИК (20. IV – 20. V)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе бидете совршени мотиватори. Ќе ги инспирирате и охрабрувате луѓето да бидат најдобрата верзија од себе. Со тоа, ем ќе се чувствувате исполнето и задоволно, ем ќе менувате туѓи живот кон подобро. Само напред.

Можно е да увидите дека некој ги копира вашите манири и постапки.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе одите во крајности кога станува збор за храната и вежбањето. Или ќе тренирате „како луди“ или нема да направите ниту една вежба, или ќе бидете посветени на здрава, балансирана исхрана или ќе се фрлите на брза храна.

Експериментирајте во кујната со пикантни јадења. Преоткријте ја моќта на зачините.

РАК (21. VI – 22. VII)

Среда, 18 Октомври 2017

Вие не застанувате често во центарот на вниманието, бидејќи сте поповлечени по природа. Но, денес ќе имате огромна самодоверба која нема да ви дозволи да останете во сенка. Блеснете како лидери на работното место и во друштвото. Многумина ќе бидат пријатно изненадени од вашата нова улога.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Среда, 18 Октомври 2017

Повеќе набљудувајте, помалку зборувајте. Денес е суштински важно да ги примате невербалните сигнали кои ви ги испраќаат луѓето и да „читате меѓу редови“. Понекогаш луѓето зборуваат напразно, но нивното тело издава важни информации.

Ќе си потврдите дека некој не е „јагне“ како што се претставува. Внимавајте од волците во јагнешка кожа.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе бидете одлични медијатори. Ќе смирите две завојувани страни и ќе се чувствувате како да стоите на врвот на светот.

Некои девици ќе финишираат важни преговори или конечно ќе стават потпис на договор со огромен потенцијал за заработка.

ВАГА (23. IX – 22. X)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес парите ќе ви ги преокупираат мислите. Умот ќе ви работи со брзина на светлината и постојано ќе анализирате разни, разни шанси за заработка.

Не трчајте по „лесни пари“, бидејќи голема е веројатноста да се изгорите.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе се соочите со многу душкала, кои ќе копаат во вашиот личен живот. Ставете силен филтер на усните и не зборувајте многу за интимниот живот, бидејќи некој нетрпеливо чека да дојде до податок со кој може да ви наштети.

Средба „еден на еден“ ќе ве израдува неизмерно.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Среда, 18 Октомври 2017

Некој ќе ви довери тајна која ќе поттикне бура во вашата глава и тешко ќе можете да се концентрирате на обврските. Дајте си време за пауза за да можете да си ги подредите мислите.

Можно е да се соочите со несоница или да имате испрекинат сон.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес активно ќе го ширите кругот на познаници. Ќе бидете најзабавен соговорник, кој со хумор и остроумни коментари ќе плени на прва средба. Кај многумина ќе оставите фантастичен прв впечаток.

Ќе одложите многу обврски за утре. Не се прекорувајте за тоа. Сите имаме непродуктивни денови.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Среда, 18 Октомври 2017

Амбициозноста ќе ги диктира вашите постапки. Ќе работите неуморно, ќе ја прескокнете паузата и ќе копате нови и нови можности за заработка. Вие последни ќе го напуштите работното место.

Некои водолии неочекувано ќе добијат шанса да отпатуваат некаде.

РИБИ (19. II – 20. III)

Среда, 18 Октомври 2017

Денес ќе комуницирате со многу лица кои физички се далеку од вас - клиенти од странство, отселени пријатели или роднини. Можно е да станете дел од љубовна врска на далечина.

Ќе бидете многу искрени, иако можно е да зажалите за тоа.

ЌЕ ЈА СЛУШАТЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ: „Ми амор“ е новата шпанско-македонска песна на Марко Логаут (ВИДЕО)

„Ми амор“ или „Љубов моја“ е најновото музичко остварување на кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како - Марко Логаут.

Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска.

Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото се потпишува Никола Китановски.

- Доколку треба да издвојам некој збор за новата песна, тие зборови би биле да уживате во наредните четири минути во еден лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина - вели Марко Логаут.

Инаку Марко Логаут важи за еден од најбараните забавни изведувачи во земјава, а доказ за тоа е атмосферата од неговите настапи, за која Марко вели дека кој не бил, не знае што пропушта ...

Слушнете и погледнете го видеото за неговата најнова песна:

Михајловски со статус за поразот на ВМРО ДПМНЕ: После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него.

Актерот Тони Михајловски кој беше дел од ГДОМ преку својот Фејсбук статус испрати јасна и моќна порака за денешната политичка состојба.  Вели дека овој пост е наменет за оние со кои три години беа по контрапротести, ГДОМ, ГИ4 и слично.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

Како оџа баклава ја лапнавте коската на Сорос, СДС и ШР за реформи во ВМРО. И не ви беше чудно што тоа го почнаа Ѓеро, Фрчко, Тричко и сличните му “душогрижници” на ВМРО? Што за тоа најмногу напињаа и се секираа оние што најмногу не мразат и најрадо би не затвориле, прогониле или убиле? Одработевте за нив. И тоа ќе стои вечно на вас. Како жиг на купен роб. Какви и да биле вашите намери, а не верувам дека биле чесни и бесплатни, вие бевте нивниот тројански дрвен, од махагони, ама коњ.

Вие, и тие, велите дека раководството било нечесно, а вие бевте едно со раководството. Дека не работело како треба, а вие бевте тие што работевте со раководството. Со најтесното. Трпевте или трпавте? Кога го дознавте тоа? Кога ви се јавија да ви кажат? Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари. Се друго е добредојдено.

И не е завршен инженерингот. Крајот допрва треба да дојде. На “нив” им треба ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ. По можност без ВМРО. На “нив” најмногу им треба ново раководство кое вие и тие заедно ќе го составите. Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски. И тој се случи. После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него. Не за пари. ЗА МНОГУ ПАРИ.

И, сега ние треба да му свртиме грб? Да се откажеме од него баш како што бараат Ѓеро, Фрчко, Тричко, Шарените? Нема да биде ништо ново нели? Ни во постарата а уште помалку во поновата историја. Во заедничкава ќе биде прв. И на еден друг лидер му се свртеа грб. И се откажаа од него. Тогаш го уништуваа “љубчовизмот” кој ја доведе земјата до пропаст. Сега “груевизмот” е на мета. Уствари го уништуваат вмроизмот ако тоа така се вика.

Ќе се надеваме дека ќе дојде некој кој ќе ја обедини партијата во следните 4 години опозиција, и ќе ја донесе победата? Како што го направи тоа, тој што сега вие и тие најмногу го обвинувате. Или ќе почекаме подолго? Или никогаш нема да дочекаме.

Најпоштено сепак би било, бидејќи тие го дадоа предлогот и ја почнаа “реформата” да ги прашаме кој да ни биде лидер. Ѓеро, Фрчко, Тричко, Бајли да кажат кој им е добар на нив тој да биде, па дури и ти.. [🙂]

Дури им е лош на олошот што го слушате и ве плаќа за ова, мене ми е добар. Зошто? Затоа што во нивните црни тефтери секогаш биле запишувани големи Македонци. Вас ќе ве запишат во белите книги. И заради тоа. За инат на вас пичињата.. [🙂]

Сигурно ќе доживееме реформи. Ќе мора. Се надевам ќе бидат без вас. И дека нема да сте во раководството. Пак. Или со него. Затоа што вие сте послушници на Ѓеро, Фрчко, Тричко и ШР. Пеете иста песна и трошите исти пари.

Реформи можат направат луѓе кои не се уценети, чесни и искрени луѓе што не ги држат за јајца, да простите. Вие тоа не сте. Да не се лажеме.- напиша Михајловски.

Најчитани

Твитови