Трикови со кои секоја дама ќе го излуди и привлече секој маж

Секој маж има свој тип на идеална жена. Сепак, постојат некои мали потези кои ќе го привлечат неговото внимание без обѕир на Вашите телесни адути.

Грицкање на усните

Многу истражувања покажуваат дека усните се едни од првите делови на телото кои мажите ги забележуваат кај една жена. Грицкањето на усните е страствен потег кој несомнено ќе го усмери неговиот поглед кон Вас.

Прекрстување на нозете

Ретко кој маж може да одолее на убавите нозе, истакнати во тесно здолниште. Ефектот на прекрстување на нозете ги излудува мажите, посебно доколку тоа е направено на тотално опуштен начин. 

Поглед преку рамо

Таинствениот поглед преку рамо има силно влијание кај мажите. Затоа не нè чуди што филмските диви на минатиот век позирале токму на овој начин кога ги промовирале нивните филмски проекти.

Самоуверен од на потпетици

Некои жени не сакаат потпетици, а други не можат да си го замислат денот без нив. Мажите сакаат елегантен стил, посебно кога истиот знае да се “носи” на самоуверен начин.

Висока пунџа

Мажите обожаваат долги коси, но љубители се и на високо кренати пунџи кои го откриваат вратот и грбот. Тоа е поради фактот што кај нив се јавува фантазијата кога дамата ја распушта косата надолу. Тој потег го сметаат за многу интимен па токму затоа и им се допаѓа.

Голи рамена

Суптилно разголените рамена кај мажите будат заштитнички порив, без разлика дали се работи за секојдневна маичка или формален коктел фустан. Голите рамена, за мажите се симбол на прегратки и интимен контакт.

Смеење од срце

Мажите мразат присилно смеење на нивните шеги. Нивното срце ги освојуваат девојките кои знаат вистински да ги изразуваат своите емоции, без никакво oграничување.

8 години по ред беше вистинска ѕвезда на секое Светско првенство. Погледнете како изгледа денес Лариса Рикелме!

Пред 8 години на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка сите очи покрај во фудбалерите, беа вперени во навивачката на Парагвај која се прослави со своите бујните облини и провокативни изданија на трибините. И овој Мундијал не може да помине а да не се присетиме на Лариса Рикелме.

И ако мислевте дека ќе ве изненадиме со некоја нова фотографија на која таа изгледа проклето секси, овој пат не. За жал на многумина, „навивачката“ кариера на оваа згодна бринета е завршена, а таа денес е целосно посветена мајка и сопруга. Во моментов се бави со мода и глума па себеси се претставува како блогерка и актерка. А како изгледа денес? Погледнете...

Жари и пали: Кејт Аптон најсекси жена за 2018 година! (ФОТО)

Американскиот топ модел Кејт Аптон повторно ја краси насловната страна на списанието „Максим“, и овој пат со минимално облека на себе успеа да го привлече вниманието на сите. Без конкуренција и оваа година Кејт ја понесе титулата најсексапилна жена!

Фотосесијата за списанието е снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон! 

Палецот на раката го открива карактерот: Кликнете и откријте повеќе! (ФОТО)

Дали сте знаеле дека должината на вашиот палец открива многу за вашата личност?

Првата половина подолга од втората

Вие сте од оние луѓе кои се верни и страствени. Кога ќе се заљубите во некоја личност, имате тенденција да бидете опсесивни, а тоа не е необично за вас. Лесно ќе полудите ако вашиот партнер не одговори на пораките во даден период. Но, треба да бидете внимателни, бидејќи може да го исплашите партнерот кој на крајот само ќе си оди од вас.

Првата половина е пократка од втората

Вие сте искрена личност. Вашите вештини се многу добри. Темелно размислувате за сите работи, пред да направите нешто. Тоа секако се одразува и на вашиот љубовен живот. Кога имате судир со некого, обично ги ставате настрана своите чувства.

Должината на првата половина е еднаква на втората

Вие сте добри во планирање на работите и активностите, секогаш имате посебен пристап на работите кој ви го олеснува патот кон целите. Без оглед на ситуацијата, вие секогаш сте иста личност во поглед на љубовта. Ваквите личности често имаат судири со партнерот, кои доведуваат до комплициран однос.

Најчитани

Твитови