Единицата „Лавови": Ќе спречиме поделба на државата заради политички цели и интереси (фото)

Единицата „Лавови“ се огласи во јавноста по повод политичката ситуација:

Ви го пренесуваме соопштението интегрално:

Поради сериозноста на политичката ситуација во Република Македонија чувствуваме потреба да се обратиме до македонските граѓани. Не завземајќи ниту една од страните на политичките партии, ќе бидат прозвани и искритикувани  сите без исклучок, вклучувајќи го и претседателот на државата, бидејќи завземениот став на Единицата „Лавови“ е само и исклучиво за интересите на Република Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивната верска, расна, политичка или етничка припадност.

1.Го повикуваме претседателот на Р.Македонија, иако со задоцнување,  да го повика амбасадорот на Р.  Албанија  и од него да побара јавно извинување во име на Р. Албанија  за мешањето во внатрешните работи на Р. Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа. Во спротивно амбасадорот на Р. Албанија веднаш да биде протеран од нашата држава.

2.Албанските партии да престанат со националистичка реторика и да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите во Република Македонија  и да се откажат од утопистичката идеја за Голема Албанија. Треба да знаат дека унитарноста и независноста на државата со живот ќе ја браниме.

3.Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите.

Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме братоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси.

Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија.

Преживеале хорор на летување: Собарка се пикнала во собата и сакала да им го грабне бебето

Сиобан Прескот (25) тврди дека една собарка од хотел со 5 ѕвездички на Кипар сакала да им ја грабне едногодишната ќерка Харпер.

Вели дека кога се разбудила ја затекнала жената, облечена како чистачка во хотелот како стои над колевкаа. Сиобан почнала да вреска, поради што се разбудил нејзиниот парнер Симон (250 кој втрчал од балконот во собата и се соочил со жената која побегнала од собата.

Обидот за киднапирање е пријавен во полицијата на Кипар на 28. февруари, а чистачката добила отказ.

„Спиев кога таа жена се пикнала во собата и се обиде да ми го грабне детето. Се разбудив зошто Харпер врисна, во спротивно ќе се повтореше случајот на малечката Меди Мекејн. Кога ги отворив очите, мислев дека сонувам, бев во шок.

Почнав да врескам и ја преплашив жената која се обидуваше да ја подигне Харпер.

„Симон влета во собата и праша што се случило, но не можеше да ни одговори зошто не знаеше англиски. Повика некој на мобилен и истрача од собата“.

Исплашените родители веднаш отишле на рецепција да разговараат со упаравникот на хотелот. Меѓутоа следувал нов шок. Родителите ги уверувале деак чистачката спремајќи ја собата сакала да го подигне детето за да го смири и да провери дали е во ред. Сиобан веднаш рекла дека тоа не е точно зошто жената кај себе немала средства за чистење. „Бев гола во креветот, како такво лице влегува во соба додека гостинот лежи во кревет. Влезе да ни го земе детето“, категорично тврди Сиобен.

Семејството било на одмор на Кипар. Велат дека подоцна од хотелот им рекле дека истата чистачка била отпуштена пред две години поради „инцидет“ и дека ова и бил прв работен ден во нивниот хотел.

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ што сексапилната Викторија Лоба има на ум!! (фото)

Сексапилната пејачка Викторија Лоба постојано ги чести фановите со фотографии на својот Инстаграм профил. Така беше и овој пат.

Таа им откри на фановите што моментално има на ум. Никој не би ни помислил дека на убавата Викторија и се јаде хамбургер, зарем не!?

Ова е најстрашниот филм: Луѓето паѓаат во несвест во кино, повраќаат и бегаат (видео)

Францускиот филм 'Grave' за вегетаријанката која малку по малку почнува да јаде човечко месо и станува канибалка, првично беше преикажан на фестивалот во Кан, а од неодамна ги вознемири гледачите во САД и Канада.

Во тамошните кино сали тој се прикажува под насловот ’Raw' ('Сирово'), и веќе го бие лош глас дека предизвикува вистинско гадење кај публиката.

Првите проблеми со филмот настапиле на полноќното прикажување на фестивалот во Торонто. Неколку гледачи се онесвестиле поради глетките во кои главните ликови јадат човечко месо, па морала да интервенира и итната помош.

Киното „Нуат Театар“ во Лос Анџелес на посетителите на проекциите им понудиле и посебно изработени кеси за повраќање. Како што велат, било тоа добар потег зошто им требале на многу гледачи.

„Тоа им беше одлична идеја. Се сеќавам дека во кино салите во 7-тите се делеле слични кеси кога се прикажувале тогашните хорори. Барем не морате да ги користите своите празни кеси за пуканки во случај на нужда“ -  вели еден гледач.

Филмот во САД се појави само во 9 кино сали. Но веќе полека стекна култен статус меѓу љубителите на екстремни хорори.

Филмот го режираше француската режисерка Џулија Дакурне, а во главните улоги се Гаран Маријер и Ела Рамф.

Најчитани

Твитови