„Барса или Реал? Зошто да не?“ – Гризман најавува трансфер бомба!?

Антоан Гризман вели дека исто како сите други фудбалери и тој посакува да настапува за најголемите клубови, но инсистира дека во моментов е среќен во Атлетико Мадрид.

 

Ѕвездата на „Колчонероси“ силно се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед и покрај тоа што во неколку наврати истакна деа не размислува за заминување од Висенте Калдерон.

Антоан Гризман денеска за Лекип одговараше на прашања од фанови, и одново неизбежна беше темата за неговата иднина.

„Барса или Реал? Зошто да не? Сон на секој играч е да игра за најголемите клубови и овие два клуба, заедно со Баерн се токму тоа” – вели Антоан Гризман.

„Но во моментов сум среќен во Атлетико и не се гледам ниту во Баерн, ниту во Реал, ниту на некое друго место...”.

Запрашан дали следната сезона ќе го видиме во дресот на ПСЖ, Гризман одговори: „Не, не сакам да заминам од Атлетико, ниту за Париз, ниту за Кина, САД, Русија или било која друга земја”.

И Сека го претера (Фото)

Сека Алексиќ не може да престане да објавува фотографии од снимањето на спотот на нејзината нова песна наречена „Фолирант“.

Таа дури и во еден пост на социјалната мрежа Инстаграм признава дека не може да се воздржи, а да не ги објави сите фотографии кои ги има.

Дека изгледа одлично е неспорен факт, но што е многу многу е....

На мажите не им се допаѓа што жените не иницираат секс, но ништо не преземаат по тоа прашање

Статистика е на страната на мажите кога станува збор за тоа кој иницира секс. На многу мажи секако тоа не им се допаѓа, но проблемот е што не превземаат ништо околу тој проблем. Понекогаш ќе го споменат тоа, нивните девојки нема да го сфатат сериозно и сé си останува исто.

Експерти ги советуваат мажите, доколку сакаат нивната партнерка да иницира секс, тогаш мораат сериозно да разговараат со неа. Најдобро би било да им стават до знаење дека тоа им е навистина важно и дека би биле најсреќни на светот доколку таа покаже кога сака да има секс.

Основниот проблем поради кој жените не иницираат секс е тоа што мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат мала самодоверба веруваат дека постои опција нивниот партнер да речи дека е преуморен или едноставно нема позитивно да реагира тоа што таа ја презела иницијативата.

Многу девојки срамежливо иницираат секс така што нежно го бакнуваат партнерот, го галат и му шепотат на уво. Доколку мажот не ги прочита овие срамежливви знаци, тогаш жените се плашат како ќе реагира на малку поагресивен настап кој не може никако поинаку да се “прочита”.

Меѓутоа, советите од експерите се базираат на тоа дека нема место за егото кога сме во љубовна врска и дека егото треба да се остави пред вратата на спалната соба.

И мажите се плашат од одбивање но сепак се обидуваат да се наметнат. Затоа и жените треба да се обидат. Обострано треба да работат на врската, бидејќи, доколку некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, започнува зајадливост и проблеми.

Најчитани

Твитови