Психолог Начевска од Neuromedica октрива: Што влијае на изборот на партнер?

Што влијае на изборот на партнер?

На изглед едноставно прашање на кое одговорот е комплексен. Станува збор за многу фактори; најпрво е потеклото на семејството и моделите и обрасците на однесување од семејството. Овој феномен го наоѓаме во оние случаи кои се општо познати: девојка која имала проблематичен татко насилник или алкохоличар секогаш ќе бара момче кој има слични такви проблеми.

Терапевтите во пракса често сретнуваат жени чии татковци биле алкохоличари и биле во брак со личности кои ја имаат истата патологија. Потоа индивидуална е свесноста да правиме рационален избор на партнер, а не несвесен механизам на избор кој се прави по принципот на хемија (луѓето несвесно се бираат едни со други што може да биде нарцистички избор- бирам партнер кој е сличен на мене; бирам партнер кој е сличен на мојот татко, мајка и сл). Луѓето понекогаш својот избор го прават според тоа што им недостасува и по тоа што копнеат.

Несигурната личност бара некој кој има самодоверба, зборливи бараат ќутливи партнери, крутите бараат спонтани партнери од причина што покрај него се чувствуваат исполнето и задоволно.

Многу жени мислат дека на својот пат секогаш сретнуваат погрешни мажи, за кои патат, кој не ги сакаат и разбираат, иако во љубовта не постои несреќа како судбинска категорија. Затоа психолозите сметаат дека погрешниот избор ја отсликува нашата слабост за што не сме свесни.

Жени кои се плашат од врзување , одговорност многу често привлекуваат незрели или зафатени мажи.

Страв од врска која бара вложување и одговорност е типично за личности кои се емоционално незрели, и постојано го бараат принцот на белиот коњ. Таквите личности не знаат што сакаат, па се она што им е достапно го сметаат за безвредно.

Меѓутоа никогаш не треба да отстапиме од потрагата за сродна душа , затоа што секој од нас заслужува да биде среќен и емоционално исполнет.

Што значи партнерството?

Партнерството претставува заедница помеѓу две личности. Тоа започнува кога двете страни ќе веруваат дека би било позитивно за двајцата доколку ги соединат своите енергии, таленти и средства отколку да останат сами.

Во љубовта доаѓа до создавање на партнерството кога две личности се зближуваат и ќе сакаат заедно да создадат нова реалност. Ако двајцата се свртат еден кон друг и успеат да го поврзат во физичка, емоционална и духовна сфера, тие поминуваат од реалност на одвоено јас во заедничка реалност.

При тоа индивидуалноста не е изгубена,заедно се зголемуваат и се унапредуваат. Двајцата партнери се катализатори, создавајќи реалност, тим со намера да заеднички патуваат низ животот со здружени снаги.

Вака би требало да изгледа во идеална ситуација која подразбира дека на прав и хармоничен начин сте се изградиле себе и сами сте направиле добар избор.

Со добар избор не се завршува приказната, затоа што животот е полн со предизвици па во склад со нив целиот живот се наоѓаме во ситуации кои помалку или повеќе успешно ги разрешуваме. Нашиот однос со партнерот расте и се развива во текот на целиот живот како и ние самите.

Во секојдневниот живот потребни се постојани договори и компромиси. Тие треба секако да бидат рамноправни, ниедна од страните да не се почувствува обесправено. СОЗДАВАЊЕТО НА ЉУБОВТТА Е ПРОЦЕС.

Преминот од “Јас” во “Ние” бара промена во поглед на перспективата и енергијата. Правото партнерство подразбира развоен процес. Да се влезе во брак или партнерство воопшто не е тешко, но создавање на права заедница претствавува тешка задача, која може да се оствари само низ почитување, процес на развој и создавање на здрав однос во кој континуирано се вложува време, внимание, и трпеливост кое е неопходно за ускладување.

Сигурно е дека емоцијата кон партнерот се менува.Ако со текот на времето имаме помалку разочарување од страна на партнерот и ако емоциите стануваат постојани, поголеми и засновани на почитување и доверба тоа е показател на постојаност и истрајност во врската.

Многу фактори влијаат на воспоставување на квалитетен партнерски однос. Пол Готман, семеен терапевт кој во Вашингтон го основа институтот за брак и семејство, посебно истакна дека за успешен партнерски однос потребно е да постои следново:

1.ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОС кој подразбира взаемно почитување и уважување.

2.ПАРТНЕРИТЕ ДА ПОСЕДУВААТ КАПАЦИТЕТ ЗА ОПОРАВУВАЊЕ; кога се проаѓа низ криза, недоразбирање, кога се соочува со различни проблеми, парот има капацитет за функционално решавање на проблемот.

3.НЕГУВАЊЕ И ПОСТИГНУВАЊЕ НА НЕЖНОСТ И УВАЖУВАЊЕ

4.ДА МУ ДАДЕМЕ ДОЗВОЛА НА ПАРТНЕРОТ ДА ВЛИЈАЕ НА НАС И ОБРАТНО; што подразбира добар баланс помеѓу индивидуалност и заедништво но и флексибилност во меѓусебниот однос.

5.МЕЃУСЕБНА НАКЛОНЕТОСТ ВО СЕКОЈДНЕВНИТЕ,МАЛИТЕ РАБОТИ;  подразбира добро меѓусебно следење и излагање во пресрет на взаемни потреби кога се ситни работи во прашање.

6.ДА СЕ РЕШАВАТ ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЗА РЕШАВАЊЕ; значи да се поседува капацитет за разликување на проблемите кои можат да се решаваат од оние кои не можат да се решат брзо сега и одма и бараат време , трпеливост и толеранција.

7.ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ

Анета Начевска – Психолог во Неуромедика

Денеска е „женскиот Божик“: Внимавајте кој ќе ви биде првиот гостин дома !!

Православните верници денеска го слават Варваринден или Варвинден, еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус, кој секогаш се паѓа на 4 декември, односно на 17 декември, по стариот календар.

Меѓу народот постои верување дека на овој ден не се оди никаде на гости, туку се седи дома. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник“. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесен полез“, поради што поканувале луѓе што ги сметале за среќни први да дојдат наутро и да бидат полезници, бидејќи од полезникот зависело каква ќе биде годината или кој ќе те полази, таква среќа ќе ти донесе. А најдобро е мало дете да ти стапне прво дома или тој што ќе влезе да носи леб, за бериќет.

Исто така, во одделни региони од рано наутро по куќите кружат дружини од девојки, облечени со нови алишта. Тие ги благословуваат домаќините и пеат обредни песни за здравје и плодност. Момите се нарекуваат варварки, а самиот празник – женски Божик.

Во народните сфаќања Варвара се поврзува со преминот од есен во зима.

ДНЕВЕН ХОРОСКОП : Рибите со темпераментни испади, девиците доста нервозни и преоптеретени !

Овен:

Финансиската состојба ви е доста нестабилна, а тоа вашата и онака комплицирана ситуација на работното место ја прави уште потешка. Морате некако да го издржите овој ден и да се надевате на брз расплет. Играјте игри на среќа. Сите ваши емотивни сили вложете ги во нешто што секој момент ќе се претвори во голема љубов. Поради тоа нема ни на момент да зажалите. Здраствената состојба ви е солидна. 

Бик:

Финансиската состојба ви е доста нестабилна, а тоа вашата и онака комплицирана ситуација на работното место ја прави уште потешка. Морате некако да го издржите овој ден и да се надевате на брз расплет. Играјте игри на среќа. Сите ваши емотивни сили вложете ги во нешто што секој момент ќе се претвори во голема љубов. Поради тоа нема ни на момент да зажалите. Здраствената состојба ви е солидна. 

 

Близнаци:

Поделете ги идеите и плановите со пријателите, но не ги осудувајте доколку не се спремни да ги прифатат. Ќе ви остане малку време кое ќе го поминете дома. Искористете го за размена на чуства, а не за приговараење и расправии. Финансиската состојба ви е стабилна сепак не трошете премногу на луксуз. Здраствената состојба ви е добра денеска би било добро да го избегнете алкохолот и да внимавате во сообраќајот.

Рак:

Не ќе можете сами. Плеткањето на другите во вашиот живот е големо било да е тоа низ решавање на финасиски прашања проблеми (наследство, кредит, стипендија, осигурување) било тоа де е низ поддршка во критичните деловни моменти. Затоа ќе платите и одредена цена со лична неизвесност и психички превирања. Сентименталниот живот ви е стабилен. Здравје: чуствително внимавајте на нервите.

Лав:

Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресемтки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите: семејството, партнерот или колегите. Во љубовта ве очекуваат нагли врски, а можеби и прекини. Ќе бидете склони кон озборување.

 

Девица:

Зафатени сте премногу со работа, а за љубовта ќе имате се помалку време. Па како резултат на тоа ќе бидете доста нервозни и преоптеретни. Сопствените потреби моментално ќе ги оставите на страна и пред се ќе ги работите работите кои мораат да се извршат и секојдневната грижа за другите. Колку и да се правите услужливи и зафатени во суштина сте незадоволни со ваквата ситуација. Пронајдете освежување.

Вага:

Неочекуваните промени во вашиот живот овој ден ќе ви го направат волшебен, особено за родените во Септември. Слободните неочекувано можат да се најдат во врска а предност ќе имаат личностите кои веќе добро ги познавате. Во сериозните врски обновената страст ќе ве натера на похрабри потези: ( веридба, бременост и сл. ) Ќе бидете опкружени со сакани луѓе и ќе се чуствувате многу среќно. Здравје: добро.

 

Скорпија:

Вашата ситауција не се сосема стабилна. Ќе треба повеќе да се насочите кон финансиите, бидејќи на тој план ве очекуваат загуби. Сентиненталните односи ви се средни но со добра прогноза. Драстичните решенија и промени во најблиската околина ќе остават белези. Здраствената ситуација ви е чуствителна и ќе морате особено внимание да обрнете на половнината, бубрезите и главата.

Стрелец:

Обидете се да не се мешате во разговорите со доста чуствителна тема. Мислењата ќе бидат различни така да би можело да се налутите и многу остро да делувате. Во друштво со новите пријатели ќе ви биде многу пријатно. Слободните претставници ги очекува романса со постара личност. А оние кои се во сериозни врски недоразбирања со партнерот, а можеби и до раскинување на врската. Не го дозволувајте тоа. Здравје: одлично.

 

Јарец:

Ќе се чуствувате многу подобо, па и работите изгледи ви се се подобри. Финансиската ситуација ви е перспективна и ќе почнете да се опоравувате и во овој поглед. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, но пошироката околна нама да биде многу доверлива, па ќе бидете сигурни само во оние работи кои ќе ги работите сами. Мислете на себе си. Здравје; нестаблно чуствителни ви се забите, кожата коските и главата.

Водолија:

Денот ќе го поминете доста мирно, без многу возбудувања и посебни задоволства. Добро размислете пред започнувњето на некоја работа иако долгорочно ви изгледа дека состојбата е поволна. Не смеете да ги менувате плановите, а со неодлучноста може да имате и некои последици. Пред се важно е да бидете поупорни и храбри. Во приватниот живот задоволството расте. Вашиот партнер ќе покаже големо разбирање за вашите проблеми.

 

Риби:

Можни се темпераментни испади во односите со околината, но ако бидете трпеливи и упорни можете овие испади да ги доведете под контрола. Во работната сфера можни се затегнати ситуации. За ваше добро не треба да се впуштате во непотребни расправии со претпоставените, но и со останатите соработници. На емотивен план, успешноста ќе зависи од тоа колку ќе успеете да се снајдете. Не размислувајте низ импулсивност.

Маж во улога на жена (УРНЕБЕСНИ ФОТОГРАФИИ)

Едно момче по име, Jarrod Allen, гледајќи фотографии на девојки споделени на социјалната мрежа Тиндер, се инспирирал од девојките и решил да се пошегува со нив, така што ќе ги преслика нивните фотографии.

Направил идентични фотографии како тие што биле споделени од страна на девојките и го насмеа целиот Интернет.

Погледнете ги урнебесните фотографии во галеријата!

Најчитани

Твитови