ЖИВ ЗАКОПАН: Беше во гроб три дена и три ноќи и пренесуваше се ВО ЖИВО

За повеќето луѓе, идејата дека би можеле да бидат живи закопани, е вистински кошмар.

Џон Едвардс го нема тој проблем. Тој одлучи да помине три дена и три ноќи под земја, закопан во кончег кој личи како мртовечки.

Сепак, не е во прашање класичен мртовечки ковчег, зошто во него не би можел да преживее долго. Неговиот сандак бил осветлен и опремен така што можел во живот да се вклучи на социјалните мрежи. Звучи како авантура, но Едвардс не го работи ова поради забава или авантура.

Едвардс (61) е поранешен наркоман и алкохоличар. „Чист“ е повеќе од две децении, од како, што вели се сретнал со Бога пред 27 години.

Поради зависноста од различни супстанции, алкохол и самоубиствени нагони, изгубил повеќе од 20 пријатели во претходните години, па денеска сака да им помогне на оние кои имаат ист или сличен проблем со кој тој се борел поголем дел од својот живот. Откако се свртел кон верата, им помага на зависниците со молитва, а тие често му се обраќаат. Токму поради писмата, мејловите и пораките кои секојдневно му ги испраќаат, Едвардс одлучил да оди под земја три дена.

"Mојот план беше на сите нивни прашања да им одговорам од гробот пред и самите за завршат во него. Сакав да упатам порака за надеж“, вели Едвардс.

Тој вели дека не е клаустрофобичен, но сепак бил малкуисплашен.

-Когаш ќе легнете внатре и капакот ќе се затвори, слушате фрлање на земја врз сандакот, тоа е малку застрашувако, рече Едвардс.

Ковчего во кој лежел тој бил направен специјално за него. Поголем е и поширок од класичните ковчези. Димензиите му се 2,4 метри со 1,3 метри. Низ две цевки кои од сандакот водат кон земјата добивал воздух, а низ нив соработниците му доставувале и храна и вода. Исто така во сандакот имал и ВЦ.

Бурниот живот што го живеел направил од него мајстор за преживување. По сексуалното злоставување и менталните проблеми, Едвардс живеел на улица како бездомник. Повеќе пати се предозирал, но секогаш успевал да се спаси, но поради алкохолот морал на трансплантација ан црн дроб и преживеал рак два пати.

Сега сака само едно - да допре до што повеќе луѓе и да им помогне и нив да се спасат.

Шок приватни сними! Полумента до љубовницата: Дојди да се љубиме, недостигаш (видео + фото)

Полумента поново во неверство! Покрај тоа што пред месец дена е фатен со љубовницата, на интернет се појави видео кое е доказдека тој комуницира со нејзе.

„Недостасуваш, знаеш? Дојди да се љубиме...“, вели Полумента.

Погледнете го видеото:

 

ДАЧИЌ ЗА ПРОЕКТОТ „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ : Албанците не се сила од која некој треба да се плаши (ВИДЕО)

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека најавите за формирање на „Голема Албанија“ треба да се разберат сериозно и дека Еди Рама и Хашим Тачи не се шегуваат.Според него, сите изјави се во контекст на дестабилизација на регионот.

-Албанците играат на се или ништо, блефираат.Нивните изјави се наменети кон Брисел а не кон Белград.Тоа се изјави во стилот ако не не примите во ЕУ ќе има немири-рече Дачиќ за Пинк.

Според него,Албанците не се сила од која некој треба да се плаши,додавајќи дека Србија сигурно не се плаши и  реагира мудро.

Тој уште додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и тоа кој таму ќе биде на власт но оти Србија е заинтересирана за стабилност во регионот.

Не е како што мислите: Еве ја причината, зошто се фрла бидермаер на свадбите

Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла бидермаерот на свадба? Со години се верува дека онаа девојка која ќе го фати цвеќето ќе има среќа и следна ќе стапне на лудиот камен. 

Она што е помалку познато е дека во минатото луѓето верувале дека треба да ја допрат невестата за да имаат среќа, да и скинат дел од венчаницата или велот. Сепак, за ова да не се случува се појавила традицијата невестата да го фрла бидермаерот.

За среќа, сите се воодушевени од ова, па и денес е останато на секаде низ светот како традиција.

Најчитани

Твитови