Примена и апликација на хијалуронски филери

Нехируршка потполно безболна естетска корекција на усни, моделирање и пополнување на бори на целото лице

Знаете ли што се хијалуронските филери?

- Тоа е нешто совршено. Нешто со кое безболно, безопасно, брзо може да се подмладите и да го разубавите своето лице.

КАКО ДЕЛУВААТ ХИЈАЛУРОНСКИТЕ ФИЛЕРИ?

Хијалуронските филери ги пополнуваат брчките, се елиминираат темни сенки и подочници, враќајки го волуменот, едрината и контурите на лицето, служат за зголемување на усни, корекција на асиметрични усни, јаболчници, назолабијални бори итн.  

Филерите се вбризгуваат во саканата регија и тука остануваат околу 6-12 месеци со тоа што со секое следно ставање на филерот неговиот ефект трае се подолго. После 2-3 интервенции филерите остануваат во кожата и по 2-3 години, па потребата од нивно повторување се повеќе се намалува.

ЗДРАВО И БЕЗБОЛНО

Се прашувате како е возможно внесување на некое страно тело да е безопасно? Да, возможно е. Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашата кожа. Нашиот организам постојано ја создава, иако со текот на годините се помалку и помалку. Синтетичката хијалуронска киселина денес се произведува да е речиси идентична на нашата природна хијалуронска киселина, па затоа оваа интервенција во голема мера е безбедна.

ШТО МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ СО ФИЛЕРИТЕ?

  • ПОПОЛНУВАЊЕ НА УСНИ, АСИМЕТРИЈА НА УСНИ, ПОДИГНУВАЊЕ НА АГЛИ НА УСНИ
  • ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРАЗДИТЕ НАД И ПОД УСНИТЕ (пушачки бразди)
  • ПОПОЛНАЊЕ НАЗОЛАБИЈАЛНИ БРАЗДИ (тоа се браздите кои се спуштаат од коренот на носот до усните)
  • ДА СЕ ПОДОБРАТ МАРИОНЕТИ (брчки настанати како мали загради кои се спуштаат од аглите на усните)
  • МОДЕЛИРАЊЕ НА ЈАГОДИЦИ
  • ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗИ
  • ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРАЗДИ НА ЧЕЛО И ПОМЕЃУ ВЕЃИ
  • ПОПОЛНУВАЊЕ НА БОРИ ОКОЛУ ОЧИТЕ-CROW’S FEET
  • ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ВИЛИЧНАТА РЕГИЈА

КОЈ ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР Е НАЈДОБАР?

Неуромедика ги користи хијалуронските филери STYLAGE кои ги произведува Vivacy, реномиран француски бренд познат ширум светот. STYLAGE хијалуронските филерите се единствени 100% безбедни филери на пазарот и прогласени за најдобри филери за 2016г. Покрај подмладувањето тие прават и нешто корисно за нашата кожа. Содржат додатоци кои стимулираат природната колагенеза и се продолжува трајноста на филерот во ткивото.

За нашите пациенти секогаш се грижиме да им понудиме сигурен и безбеден третман во полето на естетската медицина, во полето на дермални филери – Stylage од лабараторијата Vivacy во Франција, единствениот филер во Македонија збогатен со антиоксиданс. Благодарение на патентираната и единствена IPN технологија, Stylage филерот овозможува достигнување на природни и сигурни естетски резултати кои траат 12 и повеќе месеци.

Во Неуромедика хијалуронските филери ги поставува Спец. Д-р Емил Угриновски – орален хирург и сертифициран доктор за аплицирање на хијалуронски филери. Квалитетот на хијалуронските филери и стручниот сертифициран медицински тим придонесуваат примената и апликацијата да се на највисоко и најбезбедно ниво и комплетно безболно. Закажете термин и консултации на 023133313.

ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа Саша Матиќ без своите црни наочари!

Во текот на едно гостување во емисијата „Ѕвезде Гранда“, Саша Матиќ е фотографиран без своите црно наочари, по кои стана препознатлив. На општо изненадување на сите, пејачот на момент се ’ослободи’ од своите наочари, со цел да му ја поправат шминката.

Очигледно е дека Саша изгледа многу помладо без своите очила, и нема да биде невообичаено ако тој почне да се појавува без нив, какот што направи оперскиот пејач, Андреа Бочели. Со, или без очила, неопсорен е фактот дека Матиќ е еден од најдобрите пејачи на Балканот...

Погледнете кои се најубавите Македонки (ФОТО)

Македонија како држава, е позната по тоа што има многу убави девојки и сигурно се едни од најубавите на Балканот. Жените од нашата држава секогаш се во тек со најновите модни стилови.Ова се некои од најубавите девојки во нашата држава...

Катарина Ивановска

 Ивановска е нашиот најпознат фото-модел кој изгледа неверојатно. Таа се занимава и со глума а своето деби го имала во филмот „Трето полувреме“. 

Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London.

Иванна Хаџиевска

Ивана е некогашен тв-водител на многу емисии, меѓу кои и популарниот А1 Екслузив. Шармантната водителка знае да застане зад апартот на познатите фотографи и да направи прекрасна фото-сесија. Таа од 2012 година е во брак со нејзиното долгогодишно момче Влатко.

Сузана ал Салкини

Многумина ја паметат Сузана како една од најубавите Македонки, кои чекореа по модните писти низ целиот свет. Таа долго време беше изолирана од јавноста и најголем дел од времето беше во Дубаи.

Марјана Станојковска

Позната како лото-девојка, Марјана плени со својата убавина, каде и да се појави. Долги години е во оваа наградна игра а честопати прави фантастични фото-сесии и ангажирана во различни реклами.

Драгана Чуприна

Драгана минатиот октомври го кажа судбоносното “ДА“ но и покрај се, го привлекува вниманието каде и да се движи низ светот. Таа имаше успешна епизода во естрадниот магазин „Бекстејџ“, а на 20-ти декември, 2016 година, на свет го донесе синот Даријан.

Елена Ристеска

Нашиот евровизиски претставник во 2006 година, со песната „Нинанајна“, Елена Ристеска долги години е на музичката сцена и не престанува да ги воодушевува нејзините фанови. Прекрасната насмевка и е заштитен знак на оваа девојка.

Дали некогаш сте се запрашале: Зошто сме левичари и десничари?

Повеќето од нас пишуваат со десна рака, но некој помал процент од луѓето се левучари. Зошто е тоа така? Дали со текот на времето човекот и дава предност со вежбање на едната рака, или тоа е нешто што го прават невролошките врски уште од самото наше раѓање? Дали левучарите се навистина позлобни или можеби поинтелегентни од десничарите, или можеби тоа е само шпекулација?

Според една нова студија, ова дефинитивно нема никаква врска со нашиот мозок, а ниту со нашиот невролошки развој. Во еден прилично задоволувачки пресврт на заговор, се чини дека нашата лева или десна страна е всушност поразвиена и вкоренета во нашата биологија уште пред да се родиме, но во форма на одреден метеж на ‘рбетни гени, а не мозочни.

“Нашите податоци укажуваат на ‘рбетни, а не на кортикални, почнувајќи од хемисферните асиметрии,” велат научниците во нивниот труд.
 

Тимот на научници од Германија, Холандија и Јужна Америка, предводен од психолози од Рур Универзитетот во Бохум, внимателно ја следеле генетската експресија која се одвива во рамките на ‘рбетните нерви на бебиња кои сеуште се наоѓаат во матката, помеѓу осмата и дванаесеттата недела од бременоста.

Долго време се претпостравува дека генот за активност во мозокот зависи од тоа која хемисфера покажува повеќе активност, што дефинира дали некој ќе биде левучар или десничар. Сепак, врз основа на активноста на овие прото-‘рбетниот врски, се чини дека некои асиметрии се случуваат онаму каде што никогаш досега не е откриено.

Оваа новооткриена активност се одвива долго пред да се развие делот од мозокот кој е одговорен за движење – моторниот кортекс. Се чини дека е центрирана на делови од ‘рбетот , одговорни за пренос на електрични импулси на дланките, рацете, нозете и стапалата, и оваа асиметрија дефинира дали едно лице ќе пишува со лева или со десна рака.

Најчитани

Твитови