Докторите од Битола собрани на едно место - Неуромедика направи светски Симпозиум (ВИДЕО+Галерија)

На 29.03.2017 во Битола во Хотел Епинал Неуромедика го организираше својот трет Симпозиум во овој град, или вкупно 9-ми на цела територија на Македонија. До овој Симпозиум на вкупно 8-те едукативини настани организирани од Неуромедика учествувале над 1400 доктори. Неуромедика едукативните симпозиуми се одржуваат секоја година во 3 различни градови Скопје, Битола и Штип. Тие се отворени и бесплатни за сите доктори кои се заинтересирани да научат нови вештини и методи од областа на медицината.

"Симпозиумите имаат за цел споделување на научните достигнувања на нашата здравствена институција која веќе 25 години е во служба на здравјето во нашата држава. Овој акредитираaн Симпозиум во Битола со 8 бодови од Лекарска комора на РМ може да се каже дека беше еден од најдобрите и со голема посетеност од над 200 доктори-слушатели. Секој нов Симпозиум има се повеќе посетеност и секоја година го зголемуваме бројот на слушателите, квалитетот на организација и квалитетот на предавањата. Позитивно од овој Симпозиум е тоа што публиката-докторите и предавачите имаа дискусии на различни прашања од темите, со што публиката беше анимирана и се одвиваше интеракција помеѓу нив." - истакнаа организаторите. 

Симпозиумот беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за слушателите. Предавачи на Симпозиумот беа еминентни професори-доктори од Неуромедика:

1. Проф. Д-р Методи Чепреганов - специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Кортикални малформации” 

2. Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог на тема "Мозочно хернирнирање во трансверзален венски синус – Case study"

3. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема “Остеосаркома како втор тумор кај хередитарен ретинобластом – Case study”

Ги закопаа „ратните секири„ Дара призна: Карлеуша е голема и слатка

Некогаш добри другарки, а потоа жестоки непријатели - Јелена Карлеуша и Дара Бубамара изгледа одлучија да ги закопаат воените секири.

Најпрпвп Јелена изјави дека Дара и недостасува, и дека била “малечка и слатка“, а потоа Бубамара одлучи да и одговори.

„Мене кој еднаш ќе ме засака, ме сака цел живот. И мажи и жени. Неа никогаш не сум ја мразела и воопшто луѓето со кои некогаш сум се дружела не можам да ги мразам. Се е тоа шоу бизнис. Таа и јас сме на иста бранова должина, што се однесува до фазоните. Јас престанав во последно време, а гледам дека и недостасувам, ќе се вратам можеби (се смее). Таа рече дека сум слатка, мала и слатка, а јас ќе кажа, дека таа е голема и слатка“, изјави Дара.

Момчето ја кршело од ќотек и ја терало да се прејадува: Имала 130 килограми, а сега изгледа вака

Девојката која не сакала да го каже своето име постави на Имгур фотографија од својот напредок откако побегнала од една ужасна врска.

Имено, како што напиша под фотографиите, таа трпела малтретирање во врската, а меѓудругото момчето со ќотек ја присилувало да се прејадува.

Така со висина од метар и пол имала 130 килограми. Со години го трпела насилството од негова страна, а потоа конечно побегнала од таа врска.

Таа сега се опоравува и физички и психички, а на сликите се гледа дека е многу подобро и дека напредува.

-Сега имам 88 килограми и среќна сум, иако сум свесна дека има уште прилично долг пат пред мене, напиша девојката.

Ги изненади фановите - Цеца направи селфи во тоалет

Најголемата фолк ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе две години има профил на Инстаграм, но ретко кога таму објавува фотографии.

Но, сепак кога тоа ќе се случи секогаш привлекува огромно внимание.

Сега кога Цеца се отографирала во тоалетот во елегантна црна креација во рок од 1 час успеала да заработи скоро 20.000 лајкови.

Нјезините фанови воодушевени пишувале коментари.

Најчитани

Твитови