Изложба посветена на ликовното творештво на Димитар Кондовски

На 3 април (понеделник) 2017 година, во 19 часот во Македонскиот народен театар, со нова времена изложба посветена на ликовното творештво на Димитар Кондовски, во продукција на Музејот на МНТ, ќе бидат одбележани 72 години од изведбата на првата претстава „Платон Кречет“. Добар повод за апострофирање на уште еден ден за паметење во историјата на МНТ, но истовремено и во културната историја на Македонија, е 90 годишнината од раѓањето на несомнено најголемиот и најпродуктивен портретист, сценограф, костимограф, илустратор, уметник и ликовен педагог - Димитар Кондовски.Една од темите кои го преокупираат, а која е од особено значење за театрското културно паметење е речиси хронолошкото портретирање на театарските уметници, со кои катадневно соработува: тие се неговите пријатели, вткаени уште од најраните години во неговиот творечки простор.Така е создаден еден исклучително богат опус на „разговори-шепотења“ на уметникот со уметниците - скици и портрети на актери од сите генерации, со што Кондовски си го обезбедил местото на најголем хроничар на македонската театрска заедница. Токму затоа, авторките на изложбата Јасминка Намичева и Екатерина Намичева, преку годинешнава изложба ќе се обидат да откријат дел од „затскриениот свет “на Кондовски, изложувајки за прв пат пред публиката огромен број – портрети во најразлични сликарски техники, цртежи, сценографски скици, костимски анализи и безброј навидум безначајни прибелешки, од кои се родиле големите портрети на „македонската Мона Лиза“- примадоната Ана Липша-Тофовиќ; авангардниот портрет на актерот Кирил Ќортошев; пенливиот лебед на примабалерината Натка Пенушлиска; алхемичарски магичниот портрет на учителот Никола Мартиновски; на различен ликовен јазик но еднакво вонвременски-портретите на доајенот Трајко Чоревски - цела галерија на ликови кои дишат сеуште пред нас со безвременскиот здив кој со својата сликарска магија, Димитар Кондовски им го вдахна и ги воздигна во вечноста.

Без огромната заложба на г-ѓата Хилдегард Кондовска, која сесрдно излезе во пресрет при селекцијата на делата, оваа изложба ќе беше невозможна. Автор на фотографиите е Филип Кондовски, а стручен соработник е најголемиот познавач на делото на Кондовски - г-динот Емил Алексиев. Во рамките на виртуелниот концепт кој го развива веке неколку години Музејот на МНТ, и за оваа изложба ќе биде изготвена 360о витруелна тура, која ќе биде достапна на веб страната на МНТ.

Несекојдневна случка: Мечка ја посети бензинската пумпа во Дебар (ФОТО)

Можеби ви звучи неверојатно, но фотографиите во продолжение јасно покажуваат дека мечка посетила една бензиска пумба во Дебар.

„Убавина и Здравје“ ги објави овие несекојдневни фотографии и тие пишуваат дека за среќа, во тој миг на бензиската немало луѓе, ниту автомобили.

Македонски зет од Америка: Сакам да живеам тука, слободно е, убаво е и луѓето се посебни

Вали е Американец, кој веќе 3 години живее во Македонија. Тој е сега македонски зет и има една ќеркичка. Планира понатамошниот живот да го помине тука.

“За прв пат во Македонија дојдов во 2010 година. Без изненаден колко е убава, а претходно не слушав баш добри работи за неа. Дојдов тука на покана од мојата девојка Маја, која ја запознав во Америка, која работеше 3 месеци, во еден ресторан каде и јас што работев. Маја тогаш беше студент, и во текот на летото работеше во Америка. Уште првиот ден кога ја видов, нејзината насмевка ме маѓепса. Знаев дека не е од Америка, уште пред да и се доближам. Американките не се толку убави и немаат таква насмевка. Се запознавме, се дружевме првин како другари , а потоа влеговме и во врска.  И еве денеска сме заедно, како маж и жена и веќе имаме една ќерка, а на пат уште една. Маја не беше воопшто задоволна од Македонија и од животот тука. Ми кажуваше само црни работи. Јас Македонија ја замислував како хорор, се до моментот кога дојдов тука. Кога ја видов разликата. Како живеат луѓето тука, а како ние. Како луѓето тука се полни со љубов и топлина. Како знаат од мало нешто да прават големо. Како знаат на се да се радуваат. Како можат да направат да имаат време за се. Како има прекрасна недопрена природа. Како се е природно, а не вештачко. Како гледаат добро на странците, а ние, ние се плашиме кога некој ќе дојде од страна за да не, ни земе нешто.

После години молење, бидејќи мојата сопруга Маја не сакаше да живее тука, сепак одлучивме животот да го продолжиме во Македонија. Ја убедував дека тука е сепак поубаво и покрај тоа што Македонците земаат многу мала плата, но кога ќе споредиш со нас, ништо не се врти околу парите. Сега сме тука. Јас се чувствувам многу убаво. Имам много пријатели кои добро ме прифатија. Се уште се ми е ново. Се уште се навикнувам на вашата култура и традиција. Секој ден одам во кафеана со пријателите се забавувам. Имам време за се што ќе посакам, а плус и работам од дома, преку интернет.

Сега за сега сакам да останам тука, го сакам овој живот, ја сакам Македонија, ги сакам Македонците. ”

Дозволив девојка ми да спие со други луѓе, а сега се каам

„До неодамна имав  убава и цврста врска од три години. Реков „до неодамна“ затоа што мојата девојка се заинтересира за полигамија - а мене тоа не ми се допаѓа“, - вака го започнува своето писмо еден збунет, но искрен маж.

Свесен во што се впуштил, сега сака да се извлече од се, но не знае како. Затоа решил да побара стручна помош.

„После секс со некој друг, мојата девојка станува многу љубезна со мене, но често и возбудена. Се гледа дека убаво се чувствува. Но, понекогаш ни е многу тешко да оствариме однос - поточно мене. Би сакал повторно да „договориме“ моногамија, но не знам како да почнам“, - прашува овој човек, кој сака да биде се како претходно.

„Се сомневам дека повторно договарање на моногамија е полесниот начин да се извлечепш од ова. Но, многу е важно да го кажеш своето мислење. Ако си сфатил дека полигамијата не е за тебе, тогаш и таа мора да го знае тоа.Со самото тоа што си прифатил еден таков договор значи дека си љубопитен и ги слушаш желбите на својот партнер. Затоа сега би било паметно да и кажеш за што се работи. И понатаму сум возбуден и љубопитен за таа идеја, но моментално не сум спремен да учествувам. Иако сакам и понатаму да истражувам, моментално сум за некоја едноставна варијанта, помалку ексклузивна. Дали можеш, те молам, да се обидеш да ме сфатиш“, - со овие зборови би требало да и се обратиш.

„Исто така, би било добро да ја разбереш нејзината желба за полигамија и што точно значи тоа за неа. Дознај дали тоа може да биде причина поради која би те оставила. И, никогаш не заборавај дека имаш опција да ја оставиш.“ - добил одговор.

Дали вие се согласувате? Дали некогаш би прифатиле полигамна врска?

Најчитани

Твитови