Интервју со актерот Сашо Ристовски: Прости Господи и помогни му на сиот свет

Убавото сончево време, мирисот на расцветаните дрвја и најголемиот христијански празник Велигден се само дел од мотивите да седнеме на попладневно кафе во едно од скопските кафулиња со актерот Сашо Ристовски. Ексклузивно дознајте што се Сашо откри низ ов интервју за Exclusive.mk.

1-Да се игра во македонските народни приказни сигуро е чест за секој актер, а Вие го достигнавте тоа и повеќе од одлично се снајдовте во истите. Денес идат само репризи од приказните, зошто Сашо не е дел од новите снимања?

 

Сашо:

Драго ми е што го имате тоа мислење за мене. ПА ЗНАЕТЕ СПЛЕТ НА ОКОЛНОСТИ.Сметам дека многу личности ги нема во новите изданија, можеби и подобро. Репризите одат и со тоа се докажува дека некои приказни оставиле белег.Навистина јас играм во нив со цело срце и душа и сметам дека е многу важно да се игра така, бидејки публиката тоа го чувствува. Малку се инволвирав во некои политички збиднувања за кои не се каам и сметам дека причината се темели во тоа, но оваа подолга пауза ми дојде добредојде и се надевам дека наскоро ке згрмам со нешто ново.

2-Неколку години наназад на македонските национални телевизии имаме наплив од турски серии, синхронизирани на македонски јазик. За жал или за среќа Вашиот глас не го позајмувате во сериите, зошто?

Сашо:

Можам да кажам дека е среќа. Немам намера да го продавам мојот глас, а со тоа да величам колеги кои штанцаат серии во сосетството, а овде нивните продуценти ги продаваат и стануваат популарни. Не сакам да сихронизирам турски серии и да бидам сооучесник во перењето мозок на народот. Наместо да снимаме наши серии ние си ги даваме парите за серии кои воопшто не се во интерес на македонската култура, традиција, па и современ начин на живеење.

3-Велат дека пред камера, за на телевизија, се игра за слава, а на штиците што живот значат за да се покаже колку еден актер е добар. Во вашата приватна трупа „ Театар Крик“ со Роберт и Мирјана играте претежно детски претстави. Зошто за тој жанр и колку тешко да се работат истите?

Сашо:

Па можеби некој игра за слава пред камера не знам тоа јас. Јас играм, бидејки актерството е мојот живот, играм од душа. Што се однесува до театар Крик е тоа е посебна магија. Велите дека сме се определиле за детски претстави, па да. Верувајте, но да се работи за деца е најтешко, бидејки детето чувствува што е лага, а што вистина. Јас во работата одам секогаш по потешкиот пат хахаха, но верувајте секогаш има резултат. Посебна е магијата кога наутро ќе видите сто деца во публика кои со нетрпение ве чекаат да играте пред нив. Тие очи, таа енергија ви ја чисти душата, ве прави среќен.

4-Покрај сите ангажмани Вие сте вработени и во Охридскиот народен театар. Колку од претставите во кои играте се на редовен репертоар и дали е тешко да се живее на релација Скопје – Охрид?

Сашо:

Верувајте дека многу е тешко да се биде на релации Скопје- Охрид, но впрочен не е само таа релација. Многу често знаела да биде Скопје Охрид Струмица Скопје Охрид, но се мора. Јас во оваа сезона некако паузирам. Вообичаено ми оди една сезона турбо, една пауза, сакам така. Минатата сезона извадив две премиери во Охрид, Парламентарки и Благородник. Во двете имав прекрасни улоги кои навистина требаше многу труд и работа за да бидат тоа што треба. Оваа сезена планирам да одморам, а за наредната не знам, бидејки поради некои други обврски големи се зашинсете да заминам од Охридскиот театар.

5-Секој посакува и мечтае да направи промени кои ќе резултираат во позитивна насока. Колку и дали сметате дека дека се потребни промени во културата, особено во театарската уметност?

Сашо:

Апсолутно дека се потребни промени. Јас од дете сум во театарот, но ова што се случува во моментот па и неколку години наназад е хаос. Хиперпродукции, не се внимава на многу работи кои се од огромно значење за вистинскиот живот во театарот. Политиката си го превзема во свои раце, а некои се однесуваат дека од нив почна театарот. Се однесуваат како да се стопани, не тоа нема уште долго да трае. Верувам дека доаѓа живот и за театарот.

6-Важите за човек кој е 300 на саат, што би се рекло народски, но сепак успевате покрај со актерство да се занимавате и со нешто друго. Кога велам нешто друго мислам на новата книга „Мојпт крик“ чиј автор сте Вие. Накратко, за што е истата и кога ќе биде достапна за јавноста?

Сашо:

Хахаха  живеам многу брзо темпо и така сакам да живеам. Хм, книгата се уште се пишува, но се надевам дека ќе ја завршам за скоро. Во неа има многу мои животни ситуации, згоди и незгоди, сето тоа проткаено низ фотографии. Записи од непроспени ноки, детски мисли и ред работи. Но едно знам сите ситуации се вистинити. Некои личности ќе се пронајдат сигурно, но сега што е тука е хахахаха

7-Публиката т.е. јавноста секогаш ја интересира приватноста на една позната личност. Каков е Сашо дома? Дали си дозволува цел ден да го помине во пижами?

Сашо:

Сашо дома е во зависност од расположението. Кога имам слободен ден сакам да сум дома во пижами, сакам да пијам долго време кафе, да влезам в кујна и да се заборавам и да почнам да готвам јадење. Често се случува и во влезот да се прошетам по пижами хахаха... За мене ништо не е страшно.

8-Сооглед дека ова е празнично интервју по повод големиот христијански празник Велигден, кои се плановите, за тоа што Ристовски ќе прави за празниците и со кого ќе ги помине?

Сашо:

Од дете сум го сакал овој празник. Во четвртокот ги вапцавме дома јајцата со мојата мајка. Се радувам бидејки Христос нашиот бог смртта ја победи и воскресна. Христовото воскресение е за мене многу значајно и во тој миг кога се означува Христовото воскресение секогаш ми трепери душата и во себе си велам прости господи прости господи и помогни му на сиот свет. Сите треба во овие мигови да се посветиме на себе си, да се помолиме за прошка на господа, да помагаме, да даруваме. Овие празнични денови ќе ги поминам дел со семејството и дел со моите пријатели кои се организатори на една преубава акција која е во недела.

9-Пред да го заокружиме ова интервју, колку важите за актер во приватниот живот? Со други зборови колку Сашо е поразличен од тоа што публиката го гледа во театар и на тв екраните?

Сашо:

ххаххаха во приватниот живот не глумам. Јас  секогаш кога застанувам на сцена ја отргнувам приватноста далеку од мене и го живеам мигот на сцената. Мигот во кој се поставено зададените околности.

Новинар: Димитар Бабалков

Ексклузивно: Здравко Чолиќ роденденски ги почести фановите со нова песна! Еве и како се снимаше спотот (видео + фото)

Здравко Чолиќ денес, на својот роденден, реши да ги израдува фановите и верната публика со нова песна под име „Мала“, за која сними и спот.

За загревање, пред да ја слушнете „Мала“ ексклузивно погледнете како се снимаше спотот:

И откако имате претстава за што е спотот, време е да ја слушнете и новата песна:

Божјо чудо: Бебе проодило само неколку минути по своето раѓање! (видео)

Едно новороденче ги изненадило медицинските работници во породилиштето во Бразил. Непосредно по раѓањето, бебето кое пробувале да го избањаат покажало дека не го сака тоа.

Имено, малото девојче кое бабицата го држела во една рака, почнала да ги исправува нозете и да чекори напред.

„Господе Боже, девојчето оди“ - се слуша возбудениот глас на бабицата, а потоа слични коментари дале и нејзините колеги.

Твит на денот кој ќе ве насмее до солзи: Сузана пробај ги штиглите?! (фото)

Твитерџиите секогаш имаат интересни и провокативни твитови кои секогаш може да не насмеат до солзи.

Пред се, твитерџиите секогаш на пародичен начин можат да направат нечиј ден да биде поубав. Еве и доказ за тоа:

Најчитани

Твитови