Провинцијалецот: На дожд, снег и студ со куфер идевме да студираме, затоа успеавме!

Деновиве на големо се шират информации околу настанот со водителката Јелена Спенџарска. Многумина застанаа на ставот дека била во право и коректна, а уште толку многу луѓе ја нападнаа. Не сум адвокат да штитам или напаѓам, но едно е јасно дека сум човек кој се соочи и ги прочита многуте коментари поврзани со истиот настан. Лично и мене многу ме погодија коментари во стилот – провинцијалка, провинцијалец, провинцијалци...

Кога велам ме погодија не мислев на тоа ме повредија и навредија, напротив. Горд сум на тоа што сум и не се срамам, да провинцијалец сум. Јас, ти, таа или сите ние кои не се срамиме од нашето јас и нашето потекло знаеме што е провинција и колку е тежок патот до врвот, но погледот од таму е најубав.

Ние провинцијалците сме биле вакви или онакви, сме ја земале работата и успехот на метрополците. Е да, можеби. Ама секој провинцијалец кој дојде за да студира знае дека не е лесно да се патува, на недела или месец, на релација провинција – метропола. Не е лесно на дожд и студ, снег или пеколно сонце со куфери и торби да се влечкаш по автобуси и возови со часови. Не знаеш дали превозот ќе доцни или не и никој не те прашува зошто доцниш на предавања или пак не си бил на полагање. И додека метрополците се легачеа во своите домови, мајка им им готви и ги пере и пегла, а татко им ( и на 30 години) ги спонзорира за да се фраери/ки на кафе, провинцијалците студираа и паралелно работеа. Секоја чест на успешните метрополци.

Провинцијалците собрани на куп се обидуваа да преживеат во студентските домови без топла вода, парно и уште што ли не. Провинцијалците ем студираа ам исто времено работеа. На никој не му беше лесно, но знаејќи што е мака и борба никогаш не се откажаа и се изборија за својата цел. Повеќето провинцијалци барем.

Мотивот за сето ова како што споменав и во воведот, е тоа што многумина себично ја нападнавте колешката Спенџарска. Цврсто стојам на ставот и нескромно ја давам сета поддршка дека е успешна и професионална. Ако еден бран ве турнал не значи дека целото море е лошо и неубаво. Сите сме луѓе и грешиме, во зависност од тоа кој што сметa дека е грешка.

За крај, вие што работите во банка, пошта, болница или било каде дали секогаш сте толку фини и културни како што велите дека некој треба да биде на работното место. Дали секогаш сте со насмевка од 6-ка до 6-ка и сте посветени комплетно на луѓето кои идат да завршат некоја работа, кај вас?

 Пишува: Димитар Бабалков - Димса

Неверојатна приказна: Тинејџер станал милионер откако се обложил со своите родители

Пред три години Ерик Финман се обложил со своите родители дека доколку стане милионер до својата 18-та година, нема да мора да оди на факултет. Тој го напуштил училиштето, бидејќи сметал дека тоа е губење на време, и учел од дома.

Минатата недела Ерик прогласил победа. „Добив облог од милион долари со моите родители. Им благодарам на сите“, објавил тој во вторникот. За кратко време неговата приказна го обиколи целиот свет.

Имено, се` започнало во 2011 година кога Ерик имал 12 години, а неговата баба му дала 1.000 долари, кои ги вложил во биткоини, на препорака од својот брат Скот. Ерик го мразел училиштето.

„Не бев за училиште. Играв игри и во тој момент мојот живот беше просечен. Без разлика колку и да се трудев, немав успех, добивав тројки и бев уплашен, бидејќи наставниците ги гледаа моите неуспеси во училиште како нешто лошо. Еден професор ми рече дека никогаш нема да бидам успешен во ништо и дека треба да го напуштам училиштето и да се вработам во Мекдоналдс.

Сепак, родителите го послушале и го отпишале од училиште, но ја продолжиле неговата едукација од дома, во Ајдахо.

Ерик го наплатил својот прв биткоин во 2013 година, кога неговата вредност била 1.200 долари и така го исплатил влогот. Со тие пари ја основал интернет компанијата „Ботангл“ која им овозможувала на фрустрираните ученици да најдат професори преку интернет. Пред тоа, отишол во Старбакс и им понудил на сите кафе, доколку ја сослушаат неговата идеја и му дадат критики, што го сториле 20 луѓе.

Понесен од првиот успех, почнал да се вклучува во старт-апи во Силиконската долина, а на 15 години се преселил во Сан Франциско.

Ерик Финман сега има 403 биткоини, кои моментално вредат 2.700 долари секој поединечно, што е вкупно 1.090.000 долари, како и некои помали влогови во други криптовалути. Како што изјавил за NBC, моментално работи на повеќе проекти, вклучувајќи и лансирање на ракети за НАСА. И понатаму не жали затоа што не отишол на Универзитет.

„Никому не би му го советувал Универзитетот, со оглед на тоа како е моментално поставен образовниот систем, кој не работи за никого. Би го препорачал интернетот кој е бесплатен и овозможува многу повеќе“, рекол Ерик.

извор:точка.мк

Маријам е мајка рекордер: Таа има 39 години и 44 деца

Селаните веруваат дека таа е најплодна жена во Уганда.

Во централна Уганда во селото Кабимбири живее Маријам Набатанзи, 39-годишна жена која можеби го држи и светскиот рекорд за "биолошка мајка на најмногу деца" - со оглед дека до сега има родено дури 44 деца, од кои 38 се живи.

Првите четири пати кога останала бремена, носела близнаци. Следните три бремености носела петорки, а потоа три пати била бремена со тројки. Потоа уште еднаш имала близнаци, а потоа раѓала само по едно дете додека не стигнала до 44.

Сите деца се на возраст помеѓу пет месеци и 23 години - и сите ги родила по природен пат. 

Прв пат останала времена веднаш откако стапила во склучен брак на 13-години за човек кој тогаш имал 43 години и како што самата изјавила, останувала бремена во растојание од една ипол година. 

Таа вели дека се омажила многу мала бидејќи нејзината мајка починала предвреме па била оставена со својот татко кој ја омажил за првиот на кој што наишол. 

Маријам сите свои деца ги зачнала со истиот човек, својот сопруг, кој после нејзината последна бременост исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, ја тепал и ѝ земал сѐ што поседувале додека не допринесувал никако за нивното големо семејство. 

Иако неколку пати се обидела да користи контрацептивни средства сѐ било залудно - и покрај нив останувала бремена поради реткото хормонално пореметување кое го има, наречено хиперовулација, поради што кога и да остане бремена (а шансите се преголеми) генерално останувала бремена со повеќе деца одеднаш. 

Маријам сега е сама со своите деца, сама ја подигнала куќата и ја опремила за живот, сама им обезбедува дом на своите деца, а како што вели, не сака да проси или да бара милостина туку напорно работи и учи различни занаети за да би можела на своите деца да им обезбеди образование, облека и храна. 

Има совршено тело: Ќе останете со подзината уста кога ќе ја видите Лидија Вукиќевиќ во бикини

Лидија Вукиќевиќ важи за една од најзгодните Србинки.Актерката објави фото0графија во бикини и ги воодушеви своите фанови на Инстаграм.

Најчитани

Твитови