Зоран Ванев – од фолк пејач до надрилекар во Швајцарија: Со надрилекарство заработувам повеќе од хирург

Своевремено еден од доста популарните фолк пејачи кај нас, но и во соседството, штипјанецот Зоран Ванев, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

Бил шокиран кога изгледал емисија на една македонска ТВ станица, во која што познавачка на чаеви на своја рака препорачува лекување на сериозна дијагноза, и тврди дека кога во Швајцарија би се случило такво нешто, станицата би била затворена во рок од 24 часа. Иако работата му одела доста добро, сепак открива дека не би се вратил во Македонија, и не би отворил своја клиника кај нас, бидејќи нашиот здравствен систем не одел во правец на задоволување на пациентот, туку во правец на економијата, и ги погазувал сите човечки вредности на квалитетен живот.

,,Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих,    Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во     Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за     природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на    државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување. Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени  осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажува Ванев.

Тој додава дека се занимава со лекување на сие врсти на болести, без ограничувања, и има голем број на задоволни пациенти.

,,Јас како и секоја професија, потполно професионално и одговорно ја доживувам природната медицина, така да доколку сакате да бидете успешен и компетентен морате да посветите  исклучително внимание на сето она што го работите, и меѓу другото, со голема  љубов да го правите сето она што сакате да го правите. Студирав на  академијата полни 4 години, и тоа од понеделник до недела.

Неслучајно ме  снема од сцената, затоа што отсекогаш ме привлекувала медицината која е поврзана со природата, и последиците по здравјето на луѓето се безопасни и  многу суштински, кои се во состојба на потполно лекување на било која болест, без разлика на комплексната ситуација, за разлика од други медицини кои само го залекуваат симптомот, меѓутоа главниот проблем си останува, или се повеќе се  наштетува на другите органски функции со прејаките и пренападни медикаменти кои се од исклучиво хемиски состав, за разлика од природната медицина која продуктите ги црпи исклучиво од природата.

Конкретно се занимавам со лекување на сите врсти на болести без ограничување. Има болести за кои според швајцарскиот закон мора да сум во комуникација со доктори и специјалисти од школската медицина (како на пример оперативни интервенции или инфекциски заболувања), има болести за кој имам потполна ингеренција. Што значи дека мора да се запазат сите принципи на законска регулатива за да крајниот ефект биде неприкосновен’’ – тврди Ванев, додавајќи дека го посетуваат луѓе од многу земји.

,,Имам пациенти од секаде, да, може да се каже и од целиот свет. Природната     медицина е во голем подем затоа што луѓето полека го спознаваат ефектот на    природата и природниот лек. Често пати многу негативно се изненадувам кога ќе прочитам по некои социјални мрежи напишани рецепти или насоки за природни   состојки, за кои луѓето повеќе од мака ги употребуваат, а притоа да не бидат   запознаени со суштината на еден здравствен проблем. По мое мислење тоа е само едно негативно и нестручно помагање на пациентите, кои за многу кратко време се разочаруваат затоа што очекувањата нема да имаат таков  ефект, за кој имаат прочитано.

Каде лежи проблемот? Едноставно за да имате ефикасно лекување потребно е   целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи. Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се болести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали  има фамилијарни здравствени или психички или било какви проблеми, па и финансиски.    Потоа одиме на испитување на крвта’’ – вели Ванев, давајќи осврт на процедурите на лекување кои што ги користи.

,,За да го прегледаме внатрешниот свет на човекот мораме да влеземе и во внатрешниот свет со неколку помагала, а тоа се: Темнополната Микроскопија преку која ги разгледуваме во крвта сите показатели кои се многу важни во еден процес на лекување, а тоа се распознавање на крвните зрнца, дали се нападнати и евентуално од што се нападнати. Дали имаме доволно крвни зрнца, дали имаме доволно одбрамбен систем, дали имаме агресивни бактерии, дали има енергија во самите крвни зрнца, и.т.н.

Да не набројувам уште многу стручни показатели, па потоа се оди на  следен чекор, а тоа е лабараториско испитување на други позиции како на пример хорестерол, лактоза, шеќер, триглицериди и евентуална седиментација на еритроцитите за евентуални внатрешни инфекции.

Потоа за помошен апарат ја имаме и  Ирис дијагностиката  која ни помага во евентуалниот показател кој орган би бил на некој начин осомничен во целата процедура на лекување.  Откако сите показатели ќе се на маса, се прави детален план и програма и се  пристапува на проблемот. Дали преку продукти или ќе се употребат и други апарати во правецот на електотерапија, ултрашалтерапија, биорезонантна терапија и.т.н. Само така сериозно и темелно пристапуваме на озбилните проблеми со кои треба  да се занимаваат исклучително стручните лица во една таква комплексна медицина како што е природната медицина’’ -појаснува тој.

Раскажува и за неговите впечатоци од емисии за лекување со билки, но и совети за природни лекови на разни интернет страници, на кои што голем дел од јавноста им верувала и ги применувала.

,,Многу ме погодуваат емисиите од типот на  лекување со природни чаеви или некакви продукти на некоја од ТВ програмите во Македонија, без притоа да го запазаат ефектот на контраиндикациите или стручност за самите материјали кои се наоѓаат во една билка, корен или било што. Повторувам дека без подетални резултати ние овде во Швајцарија не смееме ниту да препорачаме, а камо ли да ,,лупетаме,, на ТВ екраните како да се реши некој озбилен проблем.

Пред едно 6 месеци дури слушнав на една ТВ станица  во Македонија, еден човек боледува од гастритис, со препорака од дотична познавачка на чаевите, му препорачува да не ги пие препишаните лекарства од  доктор, туку да си земе некои си чаеви и нема да има проблем??? Во Швајцарија таква ТВ станица би била затворена за 24 часа! Дури до таква сериозност ризикуваат многу ТВ станици, што одговорноста за несакани последици сепак на крајот мора некој да ја преземе. Мислам дека ме разбравте што сакам да кажам’’ – вели Ванев.

Околу отворање на негова клиника во Македонија, појаснува зошто тоа нема да се случи во блиска иднина.

,,Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно. Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот. Не случајно го зборам ова, затоа што на оваа тема аргументирано и стручно можеме да дебатираме, но за тоа ќе треба друго интервју и многу поголем простор.

Со самото тоа дека луѓето преку своите примања плаќаат енормно висок процент за здравство, да на крајот бидат оставени на милост и немилост приватно да си го плаќаат секој преглед или интервенции, а кутрите луѓе, посебно пензионерите цел живот плаќале за удобна старост со надеж дека здравството ќе им биде еден ден од голема заштита. Само тоа е единствената пречка засега, затоа што ни на крај памет не ми доаѓа да бидеме платени од народ кој кутриот едвај сврзува крај со крај.

А таканаречените богаташи во Македонија со многу висок процент се стекнати на било каков начин, само не на чесен, за таквите колку и да сакаат да платат за нив нема место во мојата установа! Јас сум народен човек и останувам таков’’ – потенцира Ванев.

Околу настапите и концертите, вели дека љуовта кон музиката никогаш нема да исчезне од неговиот живот, но со текот на годините научил да се цени себеси повеќе, и да избира со кого ќе соработува.

,,Мојата прва професија никогаш не би ја изоставил , затоа што таа е мојата прва професионална радост. Нејзе ја работам со љубов и не би се откажал никогаш. Меѓутоа ја работам многу одмерено и многу сентиментално, а тоа значи со луѓе и организатори кои се големи професионалци и бараат квалитет. Така да моите гостувања, како на пример во Австралија, се стандардни и таму сум задолжително еднаш годишно. Низ Европа исто така настапувам по мој избор, и не би сакал да се најдам во ситуации како порано, пееш, а не знаеш ни каде, ни со кого мораш да си имаш работа.

За жал музиката оди во многу лоша насока, и што е најтрагично, ја предводат луѓе кои воопшто немаат компетентност, а и стручност во тоа, туку направија обичен валкан бизнис со кој повеќето на таканаречената естрада се исмејуваат, а не уживаат во музика. Затоа и светот на музиката стана повеќе изживување, а не уживање’’ – раскажува пејачот, а сега и доктор, кој што зад себе остави голем број на фолк хитови, и често настапуваше низ Австралија со големи балкански музички имиња.

,,Ако погледнеме во денешно време кои се звезди во музиката, ќе наидеме на многу мал процент на стручност и квалитет. Се повеќе старлетите и децата се користат во таков бизнис, затоа што доаѓаат многу побргу до реални скандали, а скандалите секаде во светот се најмногу продавани. Никој на земјината топка не го интересира доброто на луѓето, секого го привлекува скандалот, валканите работи и катастофите кои од ден на ден се се поголеми во човечки смисол. Не знам како ги сфаќаме причините, јас ништо не сум сменил, туку само се надоградив себеси во области кои очигледно кај многумина побудуваат забуна.

Секој човек е должен себеси во животот да се надградува и да го достигнува своето достоинство и ниво во животот, за кои можеби и самиот не е свесен за што се може да биде надарен. Така да, во тој смисол јас сум побогат за уште една професија која во животот ме прави многу посигурен, самоуверен и ми дава енергија и моќ да придонесам многу повеќе на овој свет отколку само со едно’’ – вели Ванев, додавајќи дека многумина биле изненадени кога го забележале во бел мантил, бидејќи народот свикнал да го гледа во сосема друго издание на сцената.

,,Потполно ги разбирам моите пријатели и познаници кога ќе се зачудат и одеднаш сами се прашуваат како сега од пејач отиде да работи и со осигурителни компании како што се здравствените осигурувања, или ете сега е доктор на природна медицина!!! Ние сме научени некако, како ќе се етикетираш уште од млади години така мораш и да останеш во животот.

Јас така го сфаќам богатството на еден човек, да не стои во место туку да напредува во секој поглед, затоа што еднаш живееме и мораме тоа максимално да го искористиме. Секоја лоша мисла се враќа како бумеранг, и те уништува! Затоа бидете краетивни, позитивни, дознајте што сакате и имајте цел во животот’’ – порача Ванев.

www.heilpraktikerzentrum.ch е интернет страницата со повеќе податоци за неговата работа како доктор во Швајцарија.

извор: интерјву на Вики Клинчарова - fokus.mk - 

Утре е Прочка, еве што треба да направите

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот.

Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Сара Џесика Паркер проговори за препукувањата со Ким

Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Катрал веќе со недели водат жолчна расправа преку медиуми.

Некогашните колешки кои заедно глумеа во култната серија „Сексот и градот“ изнесоа детали за својот однос, но и за деновите кога соработувале заедно.

Американската актерка Сара Џесика Паркер реши за прв пат да го прокоментира одбивањето на Ким Катрал да се појави во третото продолжение на „Сексот и градот“.

Ѕвездата на серијата објаснила дека немало расправии, но истакна дека деновите кога снимале биле прекрасно искуство за неа.

-Никогаш претходно не сум зборувала за тоа, освен што реков дека некои од нас се разочарани со тоа што Саманта нема да го снима третиот дел. Никогаш не одговорив на разговорот кој го имале Ким и Пирс Морган, каде таа изјави работи кои навистина се болни за мене.  Имавме прекрасно искуство и никогаш нема да биде како тоа. Имавме конекција со публиката, имавме конекција со градот и со екипата, и моравме да си ги раскажеме тие луди приказни една на друга. Поради тоа, не сакам да навлегувам подлабоко. Не би можела да замислам некој друг да го игра тој дел (улогата на Саманта Џоунс). Едноставно немаше кавга. Беше целосно измислена, бидејќи никогаш не и одговорив, изјави Сара за „Пипл“.

Што се однесува до интервјуто во кое Ким изјавила дека одбива да го сними третиот дел од филмот „Сексот и градот“, затоа што не сака да биде онака како што “дивата командува“, Сара кратко прокоментира:

„Тоа е многу болно за мене. Немам намера да одговорам на изјави на Ким кои ги даде во медиумите“.

Жени кои лесно прифаќаат да бидат љубовници според хороскопот

Заради своите ставови и карактери, жените во овие 6 хороскопски знаци без проблем ќе се согласат да бидат љубовници:

Водолија

Тие се прекрасни, отворени и слободни идеалисти во љубовта, па додека другите жени гледаат неонски натпис „зафатено, не допирај“ на мажот со бурма, Водолиите гледаат ист неонски знак, но со текст „во љубовта и војната сè е дозволено.“

Скорпија

Веќе одамна е утврдено дека Скорпиите си се важни сами на себе, па ако имаат шанса која им одговара, нема да ја пропуштат. Нивната желба за страст многу лесно може да се претвори во желба за зафатен маж.

Овен

Жените Овни имаат најголем потенцијал да станат љубовници. За тоа придонесува нивната себичност која не познава граници. Па, токму таа може да ги доведе до паралелни врски со оженети мажи.

Стрелец

Позитивна енергија и оптимизам се нивните карактеристики, заради кои не можете да останете само пријатели. Жените Стрелци имаат една мана – безобѕирност. Па така, никогаш нема да му каже не на оженетиот маж, доколку смета дека таа добива.

Близнаци

Близнаците се манипулатори кои сакаат да искористуваат, колку грубо и да звучи тоа. Со оглед на тоа што сакаат авантури, аферата со оженет маж ќе ја оправдаат како потреба за нешто ново и искуство кое едноставно мора да го имаш во животот.

Бик

Биковите се познати како силни, независни и имаат цврсти ставови, но имаат уште две карактерни црти – романтични се и посесивни. Поконкретно, ако видат потенцијал за љубов, ќе направат било што за да ја добијат. Лошото е што често во аферите со оженети мажи почнуваат да мешаат емоции.

Најчитани

Твитови