Отсега можете да го користите Инстаграм и без Интернет! Еве и како

Доколку сте зависни од оваа социјална мрежа, тогаш имаме одлични вести за Вас! Имено, немањето Интернет повеќе нема да претставува проблем во користењето на Инстаграм, доколку сте корисник на платформата за Андроид.

Корисниците кои се offline, сега ќе можат да ја гледаат претходно вчитаната содржина на нивниот News Feed, профилите кои ги посетиле како и објавите во Explore табот, а исто така можат да оставаат и коментари на објавите и да ги лајкнуваат истите. Секако, коментарите и лајковите ќе бидат видливи по повторното поврзување на Интернет. 

На ваков начин од неодамна функционира и сервисот WhatsApp, на кој можат да се испраќаат пораки и надвор од мрежата, а истите ќе бидат испратени кога корисникот повторно ќе биде приклучен на мрежата. 

 

Инстаграм одлучи да ја воведе оваа опција од причина што поголемиот дел од неговите корисници доаѓаат од земји во развој со лоша Интернет врска, како и ограничен проток на мобилниот Интернет.

Оваа offlinе поддршка за Андроид, Инстаграм ја најави на Facebook F8 конференцијата, а според податоците од декември 2016. година, оваа социјална мрежа ја користат околу 600 милиони луѓе.

И Сека го претера (Фото)

Сека Алексиќ не може да престане да објавува фотографии од снимањето на спотот на нејзината нова песна наречена „Фолирант“.

Таа дури и во еден пост на социјалната мрежа Инстаграм признава дека не може да се воздржи, а да не ги објави сите фотографии кои ги има.

Дека изгледа одлично е неспорен факт, но што е многу многу е....

На мажите не им се допаѓа што жените не иницираат секс, но ништо не преземаат по тоа прашање

Статистика е на страната на мажите кога станува збор за тоа кој иницира секс. На многу мажи секако тоа не им се допаѓа, но проблемот е што не превземаат ништо околу тој проблем. Понекогаш ќе го споменат тоа, нивните девојки нема да го сфатат сериозно и сé си останува исто.

Експерти ги советуваат мажите, доколку сакаат нивната партнерка да иницира секс, тогаш мораат сериозно да разговараат со неа. Најдобро би било да им стават до знаење дека тоа им е навистина важно и дека би биле најсреќни на светот доколку таа покаже кога сака да има секс.

Основниот проблем поради кој жените не иницираат секс е тоа што мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат мала самодоверба веруваат дека постои опција нивниот партнер да речи дека е преуморен или едноставно нема позитивно да реагира тоа што таа ја презела иницијативата.

Многу девојки срамежливо иницираат секс така што нежно го бакнуваат партнерот, го галат и му шепотат на уво. Доколку мажот не ги прочита овие срамежливви знаци, тогаш жените се плашат како ќе реагира на малку поагресивен настап кој не може никако поинаку да се “прочита”.

Меѓутоа, советите од експерите се базираат на тоа дека нема место за егото кога сме во љубовна врска и дека егото треба да се остави пред вратата на спалната соба.

И мажите се плашат од одбивање но сепак се обидуваат да се наметнат. Затоа и жените треба да се обидат. Обострано треба да работат на врската, бидејќи, доколку некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, започнува зајадливост и проблеми.

Најчитани

Твитови