Мажите полудеа: Со природен афродизијак до подобар секс и цврста ерекција

Вашата кујна е идеално место за креирање на “љубовното мени” со кое ќе ја разгорите страста во креветот.

Фенилетиламин или PEA е хормон на љубовта, кој е заслужен за она чувство на “пеперутки во стомакот”. Но, неговото делување е ограничено – дејството трае од осум недели до две години, што е алармантно за оние во долга врска или брак. 

Но, како да го надополните недостатокот од овој хормон и понатаму да уживате во динамичниот сексуален живот? Постојат значајно докажани супер-секси намирници кои ќе Ви помогнат да ја вратите страста во врската.

Авокадо

Авокадото е богато со фенилаланин, аминокиселина која го поттикнува производството на адреналин, кој пак делува против депресијата и ја зголемува менталната концентрација. Овој плод е одличен извор на витамин B6, кој го зголемува производството на машките полови хормони и го зголемува нивото на енергија во организмот.

Чоколадо

Овој природен “љубовен” лек содржи триптофан, состојка која го поттикнува лачењето на серотонин – хормонот на среќа. Чоколадото го поттикнува лачењето на ендорфинот, кој помага во опуштање за време на сексот, а со тоа ја зголемува и привлечноста помеѓу партнерите. Според Journal of Sexual Medicine, оние кои дневно консумираат барем една коцка темно чоколадо имаат зголемено либидо и интензивен сексуален живот.

Банани

Бананите содржат буфотенин, состојка која позитивно делува на мозокот и ја подобрува менталната состојба. Тие се богати и со калиум, кој го поттикнува лачењето на хормоните за добро расположение и со тоа помагаат да се чувствувате посамоуверено.

Бадеми

Мирисот на бадеми, уште во минатото ги полудувал жените и ја будел нивната желба за секс, а покрај тоа, бадемите се богати со магнезиум и витамин Е.

Кафе

Според едно истражување на Southwestern универзитетот, пиењето кафе го поттикнува либидото, а во комбинација со чоколадо, го зголемува нивото на серотонин и го поттикнува еуфоричното расположение. Афродизијачкото делување на кафето го потврдува и студијата од универзитетот Michigan, во кое учествувале преку 2000 жени и мажи. Анализата од ова истражување покажува дека оние кои пијат барем една шолја кафе дневно се многу повеќе сексуално активни од оние кои воопшто не пијат кафе. 

Цимет

Овој зачин е познат во кинеската медицина како најголем поттикнувач за секс. Додајте прстофат цимет во Вашето кафе и Вашата партнерка ќе Ви биде благодарна.

Босилек

Оваа ароматична билка го загрева телото и го убрзува крвотокот, а со тоа ја зголемува и сексуалната желба и доброто расположение. Доколку немате свеж, овој зачин може да го консумирате и во сува форма.

Без срам, Цеца објави фотографија на која е потполно гола! (фото)

Цеца повторно провоцира. Имено на својот инстаграм профил фолк дивата објави фотографија на која сакаше да се пофали за одличната шминка која ја има на себе. Но во прв план не се истакна шминката туку нејзиното голо тело. На што следеа бурни реакции од медиумите и нејзините колеги. Но Цеца и овој пат како вистинска ѕвезда не им придаде многу значење на лошите коментари. 

Кој е Владимир Путин? Работи кои не сте ги знаеле за рускиот претседател!

Владимир Путин е роден е на 7-ми октомври 1952 година во Ленинград денешен Санкт Петербург. Од мајка која работела како обичен работник во локална фабрика и татко кој бил регрутант во советската морнарица.

Путин имал двајца постари браќа Виктор и Алберт кои починале пред тој да се роди. Во 1983 година се оженил со Људмила Путинаи со која ги има двете ќерки Мариа и Катерина Путина, кои поради безбедност оделе во училиште под лажни имиња. Во 2014 парот се разведе по 31 година брак а денес Људмила има 21 година помлад сопруг.

Освен ова постојат и работи кои светот сеуште не ги знае за фамозниот путин. Како на пример:

Путин обожава кучиња и чува неколку во својот дом.

Путин ретко говори англиски, но германскиот јазик го владее совршено.

Во 2010 бил атеист, но по две големи несреќи кои ги доживеал станал православен христијанин.

Тајна врска со добитничката на олимписко злато гимнастичарката Алина Кабаев со која кружат гласини и дека име дете.

Не се знае колку години имаат неговите ќерки. Се претпоставува дека неговите ќерки се родени во 1985 и 1986 година, а  веќе имаат и свои семејства. Некои тврдат дека сопругот на едната повторно е од блискиот круг на Путин.

Помладата најверојатно се вика Катерина, а постарата Марија, но околу тоа има дебати и не е сигурно.

Постарата ќерка најверојатно со име Марија, имала група на пријатели кои не му се допаѓале на Путин. Некои од нив биле хомосексуалци, а Путин има строг став против правата на хомосексуалците во Русија. Таа наводно се омажила за Холанѓанец и некое време живееле во Холандија. Но, откако почнале да пристигнуваат медиумите во малиот град каде била сместена, се преселила.

Помаладата Катерина е почитувана танчерка и настапува под прекарот Tikhonova бидејќи се обидува да мине тајно на танцувачките натпревари.

Путин има семејна вила во Франција во која се релаксира комплетно кога сака да побегне од работните обврски.

Семејното богатство на Путин е огромно и се брои во милијарди, но точни бројки нема.

VELUX EHF FINAL4 Cashback Програма: возбудливи моменти за љубителите на ракометот!

Спектакуларното финале на оваа ракометна сезона, VELUX EHF FINAL4 2018, се наближува: од 25-ти до 27-ми мај 2018, најдобрите тимови ќе се натпреваруваат за титулата. Членовите на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата ќе можат да добиваат атрактивни предности.

Оваа година, VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата повторно ќе им овозможи многубројни возбудливи моменти на љубителите на ракометот. Заинтересираните лица ќе имаат можност да ги добијат сите детали на информативните штандови лоцирани насекаде низ просторот на настанот.

Како дополнување на забавните активности, посетителите исто така ќе имаат можност да учествуваат во наградната игра во која можат да добијат „Backstage“ влезници на LANXESS арената, викендот за време на настанот, како и влезници за натпревар по сопствен избор за време на 2018/2019 сезоната.

Друг важен момент ќе биде „#fotocompetition“. Оние кои ќе го сликаат нивниот најдобар VELUX EHF FINAL4 момент и ќе го постираат на Facebook, Instagram или Twitter, со користење на хаштагот “#cashbackehffinal4”, ќе бидат прикажани на социјалниот ѕид и на внатрешните екрани на информативните штандови и ќе имаат можност да освојат влезници за VELUX EHF FINAL4 2019.

Регистрирајте се и добивајте предности

Фокусот на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата е VELUX EHF FINAL4 Cashback Card. Со оваа картичка, членовите на програмата нема да добијат само Cashback и Shopping Points за секое направено купување кај некој од 90,000 Трговски Партнери во светот, туку ќе добијат и многубројни предности при купувањето на влезниците за претстојната сезона. Оние кои ќе се регистрираат директно во LANXESS арената и ќе станат член на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата ќе имаат пристап до специјалната CASHBACK ЛИНИЈА и ќе добијат 4% Cashback при купувањето на влезницата за VELUX EHF FINAL4 2019. Оваа понуда е исто така валидна и за оние кои веќе имаат VELUX EHF FINAL4 Cashback Card. Повеќе информации ќе најдете на cashback.ehffinal4.com.

Најчитани

Твитови