Како влијаат енергетските пијалоци на Вашето тело?

Здравствените експерти објавија предупредување за влијанието на енергетските напитоци кои се преполни со шеќер, кофеин и различни стимуланси.

Научниците тврдат дека консумирањето на само еден енергетски пијалок дневно го зголемува ризикот од срцеви болести.

Експертите од една американска група за истражување при клиниката Mayo објавиле истражување во кое учествувале 25 волонтери. Тие имале задача да испијат голема лименка енергетски пијалок, кој е достапен во нормална продажба. Резултатите покажале дека консумирањето на ваков пијалок го зголемува крвниот притисок веќе по половина час. Забележани се и зголемени вредности на хормонот норепинефрин во крвта, како и зголемено ниво на кофеин во организмот.

Сето ова, неодамна беше презентирано на состанокот кој беше организиран од страна на Американската асоцијација за здравјето на срцето. Норепинефрин е хемиска супстанца која го зголемува притисокот и способноста за срцева контракција, го модулира срцевиот ритам и дишењето во облик на стрес. Овие акутни промени можат да предизвикаат срцеви проблеми но и предизпозиција за зголемен кардиоваскуларен ризик.

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови