На 26 април трет по ред Tech.O настан, за едукација од ИТ и бизнис! Пријави се и научи

Знаењето е можност за подобра работа, просперитет и поубав живот. Пријависе и биди дел од третиот по ред Tech.O настан. Истиот претставува Mесечен настан кој ја обединува македонската ИТ и бизнис сфера, односно претприемачи, сопственици на стартап компании, ИТ експерти, инвеститори и талентирани млади луѓе. Целта на овој настан е споделување на идеи, запознавање со најновите трендови во индустријата, како и воспоставување на деловни контакти.  Исто така овој настан отвора нови инвестициски можности за компании и поединци.

Кога: 26 април, 2017

Каде: Валосо Хуб, Партизански Одреди 42/1-3

Без дилема, бидете дел од овој навистина корисен настан. Причини безброј, а најважно е дека:

Бизнис можностите кои се нудат и произлегуваат од Вашето присуство на овој настан се големи. Добивате бесценети можности за учење, генерирање нови идеи за вашите бизниси и поврзување со потенцијални клиенти  и соработници, од Македонија но и надвор од неа.

Говорници: Тројца интернационални говорници кои ќе зборуваат на разни теми поврзани со ИТ и бизнис.

Видео од претходниот настан: https://www.youtube.com/watch?v=YATnAnUlWEA

За да бидете дел од сето тоа, едноставно пријавете се на: http://techo.mk/

За повеќе информација и целосната програма на настанот заинтересираните можат да ја посетат веб страната.

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови