Апликација за бесплатни пораки за кои не ви треба интернет

Не ви треба роаминг, (речиси) не ви треба интернет, нема големи сметки, а сепак, апликацијата ви овозможува да испратите бесплатна порака до било кое катче на планетата.

FireChat е совршена за луѓето што патуваат, бидејќи овозможува да праќате и примате пораки апсолутно бесплатно и без постојана интернет конекција, благодарение на уникатниот принцип на „мрежен прием“. Овој систем работи така што ја пренесува пораката од еден до друг телефон (на кој е инсталирана оваа апликација) преку Wi-Fi и Bluetooth антената. Во основа, сé што треба е вашиот телефон да налета на друг телефон со интернет, и пораката ќе биде пратена инстантно.

Кога не постои конекција во близина, пораките се чуваат до моментот кога постојат услови да бидат пратени. Тогаш, пораката се префрла од еден на друг телефон сé додека не стигне до примателот. Притоа, пораките се енкриптирани, па нема причина од загриженост дека некој од попатните приматели ќе може да ја прочита.

Со оглед на начинот на кој работи, јасно е дека процесот на испраќање на пораката може и да потрае околу 10-20 минути, ама важно е што вашата порака ќе стигне каде и да ја пратите без да платите ни денар. Уште подобро, апликацијата е достапна и за iPhone, а и за Android телефоните.

Ја држеше црната вдовица во рака како да е обичен инсект, а еве и зошто тоа го направи (видео)

Кајоти Питерсон е познат по тоа што дозволува да го каснат најопасните инсекти во светот. Овојпат сака да го негира верувањето дека црната вдовица убива луѓе.

Инаку пајакот „црна вдовица“ е најотровниот пајак познат за човештвото, но тој не напаѓа доколку не е нападнат самиот.

Го заведе Мишо во „Жикина династија“, а еве како изгледа денес Наташа (фото)

Пред 32 години Наташа го заведе Мишо во „Жикина династија“ и речиси сите се сеќаваат на оваа убавица од 80-тите.

Актерката Гала Виденовиќ во 1989 година се пресели на Мaлибу и оттогаш живее на релација САД- Србија.

Таа сега има 47 години и две деца. Погледнете како изгледа денес.

СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ: 2 ипол годишно струмичанче боледува од ЛЕУКЕМИЈА, да ДОНИРАМЕ за малиот Антонио!

Станува збор за малиот Антонио Мавров кој боледува од леукемија и бараме целосна поддршка од вас како ние, така и родителите на Антонио да можат да се соберат средствата и Антонио да отпатува за лекување.

Ги замолуваме повторно сите хумани луѓе да донираат на следната транскакциска сметка:

ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ДОНИРААТ ОД МАКЕДОНИЈА ТОА МОЖЕ ДА ГО СТОРАТ НА СЛЕДНАТА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:270700035393309 ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ Жаклина Маврова.

Најчитани

Твитови