Дневен хороскоп (21.04.2017) Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Вложете во нешто што во овој момент ќе ви се исплати. За своите идеи ќе добиете поддршка од членовите на семејството, што пријатно ќе ве изненади, бидејќи на таква реакција не сметавте. Ќе добиете убава вест од партнерот. Променете го начинот на исхрана

Бик (21.04 – 21.05)

Некој ќе ве провоцира се додека не дознае се што го интересира. Би било добро да бидете колку што можете подискретни, бидејќи ќе паднете во немислост кај оние од кои на некој начин зависите. Задоволни сте со здравствената ситуација

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате поддршка за своите идеи, иако знаете дека тоа што другите ќе го кажат ќе ве налути, а главно се однесува на вашата нереалност за многу прашања. Љубовниот живот и понатака ви е во некаква тајност. Потребен ви е разговор со партнерот. Можна е главоболка

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе кажете се што мислите, без оглед на можните последици. Тркалото на среќата се движи и вие сфаќате колку сте моќни и доминантни. Ако се работи за љубовниот однос, исходот е неизвесен, а тоа ќе ви донесе внатрешен немир.

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствителни сте на критики. Вашата работа и она што досега сте можеле да го направите а не сте го направиле ќе биде тема во домот, но и причина за завист меѓу колегите. Ви претсотои интересно познанство со некој кој е доста повозрасен од вас. Проблеми со осцилирачки крвен притисок.

Девица (23.08 – 22.09)

Некои се обидува упорно да го заземе вашето работно место. Вие сакате некој да ве води и да имате на кого да се потпрете. Не земајте здраво за готово се што ви кажува партнерот, бидете малку флексибилни. Склони сте на меланхолија

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе добиете помош од лицата од кои тоа најмалку го очекувате. На љубовен план главно владее затишје, но вие никогаш не сте сигурни како партнерот ќе реагира на вашите примедби. Затоа обидете се да не ставате препреки без потреба.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој упорно ги коментира вашите постапки, што може да доведе до кавга. Не ви одговара тоа што сте центар на вниманието. Кај вас љубовниот и деловниот живот се мешаат, особено ако се занимавате со слична работа како и вашиот партнер. Можни се проблеми со синусите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

На невообичаен начин ќе успеете да решите некои свои проблеми. Ве очекува поддршка од една Вага. Магично сте привлечни за спротивниот пол и ќе се сетите како тоа изгледало кога не можеле да одолеат на вашиот шарм. Можни се проблеми со вените.

Јарец (22.12 – 20.01)

Потребна ви е поголема самодоверба. Можеби ќе успеете и без ничија поддршка, а може да се случи лесно да станете товар на некого. Постои голема веројатност да ги влошите односите со вашиот партнер. Здравјето е подобрено.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку доживеете нова љубов преку деловни контакти или пак станува збор за познанство од некој подолг пат, многу сте блиску до раскинување на постојаната врска, особено ако вашиот партнер има сосема различни ставови од вашите.

Риби (20.02 – 20.03)

Свесни сте дека некои лица сакаат да ви наштетат поради љубомората. Многу лесно можете да дојдете во кавга со многу лица. Ако бидете прибрани ќе ја зачувате работата и угледот. Моментално не би требало премногу да се занимавате со љубовниот живот. Многу сте напнати.

Шерифовиќ и го фотографирала газето на Карлеуша (ВИДЕО)

Снимњето на „Ѕвездите на Гранд“  трае по 12 часа, па челновите на жириото постојано наоѓаат начин како да се забавуваат. Пејачката Марија Шерифовиќ  е снимана како и го фотографира газето на Јелена Карлеуша.

Гледајте го видеото:

Тијана воодушеви како Џеси Џеј во ТЛЗП (ФОТО)

Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ, во епизодата што се прикажуваше вчеравечер го имитираше настапот на Џеси Џеј. Тијана повторно беше одлична, ги пееше Bang Bang и Burning Up, а добриот настап резултираше со високи оценки од жирито, но и пофалби на социјалните мрежи.

„Ќе видите вечер како помина снимањето. Јас си поминав одлично. Ќе се гордеете со мене“, ни рече Тијана неколку часа пре епизодата да се прикаже на телевизија.

Таа следната недела ќе има малку поинаков лик за имитација, фолк пејачката Дара Бубамара.

Борко Ристовски стана татко! (ФОТО)

Чуварот на македонската репрезентативна ракометна мрежа за прв пат ќе се најде во улогата на татко, откако на социјалните мрежи се редеа честитки за неговата нова родителска улога заедно со неговата сакана Нина.

Прекрасната Николина, Борко знаеше како да ја сочува далеку од очите на јавноста, иако атрактивната и шармантна девојка можеше понекогаш да се забележи како го бодри од трибините на неговите натпревари.

На нејзиниот профил, која неодамна го прослави својот 25 роденде, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Најчитани

Твитови