ШОКАНТНО: Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви (ВИДЕО)

Еден Италијанец реши да ги анимира туристите во Рим, па се соблече гол и скокна во популарната Фонтана ди Треви.

Но, авантурата на Италијанецот заврши по препливувањето на фонтаната, бидејќи веднаш по излегувањето бепе пречекан од полицаец и приведен.

Туристите биле шокирани од целата ситуација, а некои дури успеале да го снимат овој несекојдевен настан и записот да го објават на социјалните мрежи.

Иако на снимката се гледа како полицаецот смирено го води „пливачот“, италијанските медиуми подоцна објавија дека момчето се обидело да побега нанесувајќи му повреди на полицаецот. 

Сезоната на чешање започна: Еве како да се спасите од досадните комарци!

Спасете се од отокот и чешањето по убод од здодевните комарци. На самото место каде ве каснал комарецот, може да ставите сирење, медицински алкохол, паста за заби или кора од банана и верувајте веднаш ќе престане чешањето.

Може да употребите и сок од лимон и со него да го намачкате местото, оцет, лед или сода бикарбона.

Емина ги изненади сите со фотка на Инстаграм: „Јас во 4 месец од бременоста“!

Пејачката Емина Јаховиќ ги одушеви своите следбеници на Инстаграм кога објави фотграфија која е направена кога била во четвртиот месец од бременоста.

Многумина се изненадија додека прочитаа што напиша покрај сликата, помислувајќи дека пејачката очекува трето дете.

Сепак, тоа не е така, бидејќи оваа фотографија е направена во времето кога Емина била во четвртиот месец од бременоста со Јавуз.

 

#tb Me 4 months pregnant with Yavuz in my belly🙃 #blessed #lucky #mother

A post shared by Music & Fragrance 🐝 (@yaemina) on

„Јас во четвртиот месец од бременоста со Јавуз во стомакот“ - напиша таа.

НИКОЛА ТОДОРОВ ЌЕ ПРОДОЛЖИ АДВОКАТ: Вицепремиерот Тодоров си даде оставка од функцијата пратеник!

Министерот за здравтсво и вицепремиер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров пред малку соопшти дека се откажува од пратеничката функција.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“ - напиша Тодоров на својот Фејсбук профил.

Најчитани

Твитови